Severance

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.299
Поени од реакции
30.634
1736776977383.png
Научно фантастична трилер серија. Креирана од Дан Ериксон во режија на Бен Стилер. Во главните улоги се Адам Скот, Брит Ловер, Зак Чери, Патриша Аркет, Џон Туртуро и Трамел Тилман.
Severance е серија за вработените во компанијата Лумен. Вработените работат со доверливи информации и за да работат на овој сектор од компанијата се оперирани така што кога ќе пристигнат во нивните канцеларии тие се веќе друга личност која само го тели телото, но нема никакви сеќавања и знаење за другата личност. Исто нивната надворешна личност, не знае ништо што работи другата личност во канцеларија, и на пример кога ќе се "разбудат" со повреда од работа, компанијата им објаснува како настанала таа.

Серијата има 1 сезона, има 9 епизоди, а наскоро ќе излегува сезона 2.
Трејлер за сезона 1

Трејлер за сезона 2

Одлична серија, една од најдобрите во последниве неколку години. По гледање ја вртам одново затоа што има многу детали кои субтилно ја даваат големата слика. На интернет има безброј теории, па може и тука да се дискутираат.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.761
Поени од реакции
5.042
Привлечноста на Severance е до тоа што е погодена во атмосфера,тон,музика,темпо,одличен кастинг,одлична глума, одлична кинематографија,хумор на место,продукција и секако одлично сценарио кое може да фати многу правци во рацете на сценаристите проследено со сите субтилни детали кои се провлекуваат во секоја сцена.

Би сакал да видам во кој правец ќе оди креаторот, во ова време на A.I. хајп ... мислите ме наведуваат дека ќе вметнат некои од тие концепти како објаснување за работата на луѓето од одделот за Макродата рафинирање..

Како и да е, би сакал една wellness сесија со Ms. Casey

 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
363
Поени од реакции
600
Втора сезона излегува на 17 Јануари а последна епизода на 21 Март. Бинџери пазете се од спојлери.
Дали бројките и јарињата се поврзани? И зошто постојат јарињата во тој свет?
Ќе мора пак да се гледа прва сезона. Топла препорака за гледање во зимскиве денови.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.961
Поени од реакции
37.215
Јас неодамна ја гледав првата сезона, не знам зошто ама се нешто испаѓаше за да ја одложувам се до сега. Ми требаше време да и влезам во штос, некако многу slow burner ми беше, ама последните епизоди прејаки и многу се изнервирав што заврши со клифхенгер. Се пцуев зошто не ја одложив уште некој месец за да ја спојам со втората сезона одма. И сега едвај ја чекам втората. Многу, многу добра серија!
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.761
Поени од реакции
5.042
Дали бројките и јарињата се поврзани? И зошто постојат јарињата во тој свет?
Јарињата ми алудираат на клонирање. Компанијата е биотехнологија.. и можно е да експериментираат со чипови кои содржат некоја фабрикувана свест/интелигенција.. која се добива преку алгоритмот со бројките за рафинирање податоци според чувства.
Можно е и жена му на Марк да е клон или со мртов чипуван/оживеан мозок..
Може и ништо да ме испадне од ова..ќе видиме,читав рецензии за сезона 2 од критичари,велат помрачна и подлабока била ...
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
363
Поени од реакции
600
Јарињата ми алудираат на клонирање. Компанијата е биотехнологија.. и можно е да експериментираат со чипови кои содржат некоја фабрикувана свест/интелигенција.. која се добива преку алгоритмот со бројките за рафинирање податоци според чувства.
Можно е и жена му на Марк да е клон или со мртов чипуван/оживеан мозок..
Може и ништо да ме испадне од ова..ќе видиме,читав рецензии за сезона 2 од критичари,велат помрачна и подлабока била ...
Ептен би било клише ако е така. Верувам дека втора сезона ќе експлодира. Имам своја теорија за јарињата ама нема да споделам.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.299
Поени од реакции
30.634
Инспирации за серијата е култната игра Stanley's Parable, каде што почнуваш во празна канцеларија и треба да го слушаш нараторот и да се упатуваш по ходниците што ти ги посочува, ако не, последично на тоа се менува приказната.

Исто инспирација е и популарната интернет теорија backroom theory, каде што животот се одвива во една од собите во ходникот, а ако користиш читови можеш случајно да се најдеш во ходниците ама има опасност од непознати суштества кои ги демнат.
1736850483012.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom