Сериски убијци...

  • Креатор на темата Креатор на темата Dee_Jay
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум ја гледал серијава, но мислам да ѝ дадам шанса.

Она што ме привлече за оваа епизода е агентот Џон Даглас, автор на Mindhunter: Inside the FBI's Elite Serial Crime Unit односно лик од истоимената серија Mindhunter (Холден Форд). Книгата е интересна, но не ми е дочитана, тогаш немав време. Ја има пдф.

Се работи за сериски убиец од Алјаска кој, генерално, убива егзотични танчерки.
 
Последно уредено:
Ооо сериски убијци, пред спиење 1001 ноќ можам да ви раскажувам за нив. Секогаш ме интересирале, знам за над 100 случаеви, си правев истражувања сама, ги барав, како го поминувале детството, односот со родителите, карактер, врски, дружби, изглед, место да земам да се занимавав со нешто продуктивно, јас докторирав за овие.

А еден од моите омилени сериски убијци е Чикатило, познат како "Граѓанинот Икс".

Руски сериски убиец роден 1936, убивал некаде од 1978 до 1990, иначе одговорен граѓанин, член на комунистичката партија, учител, сопруг и татко на две деца, и исто така одговорен за свирепи и садистички убиства на 60 млади лица и деца.

Убиствата сите до едно ги извршувал додека патувал на божемни деловни патувања, бирајќи си жртви на железничките и место на деловни состаноци ги мамел накај шумите каде ги силувал, пукал во нив, им го одгризувал јазикот, гениталиите, брадавиците, им ги распарувал стомаците, им ги корнел прстите, ноктите и на сите им ги вадел очите зошто, како што подоцна кажал, верувал дека полицијата во очите на жртвите може да го види лицето на убиецот.

Додека ги вршел сите овие садистички и болни чинови, жртвата во повеќето случаеви била сеуште жива, а Чикатило, кој иначе бил импотентен, својот врв го доживувал над телото на своите жртви, кога конечно ќе испуштеле душа, па над нив мастурбирал и ејакуирал над нивните мртви и распарани тела. Гениталиите и внатрешните органи кои Чикатило ги вадел од своите жртви, никогаш не биле пронајдени покрај телата или во нивна близина, па затоа и се препишува на тоа дека ги јадел. Меѓу жртвите, кои во најголем дел биле деца, имало и млади жени кои биле или со нарушено ментално здравје или тешки алкохоличарки кои за шише алкохол ги убедувал да дојдат со него во шумата.

После долгогодишни неуспеси за негово апсење од страна на руската полиција, а една од причините кои и денес се неразјаснати, после неколку негови убиства, Чикатило бил првиот и единствен осомничен, но бил ослободен од сомнежи, којзнае зошто.

Конечно, во операцијата Шума, за случајот со неговите убиства, многу години подоцна и со 60 жртви зад себе, во 1994 Чикатило е уапсен и осуден на смртна казна. Пукано му е во главата и тука завршува приказната за главниот лик кој бил инспирација и за филм.

Еве ви го филмот.
А еве ви го Чика.
Прегледај го приврзокот 303889
@831 @andredrezden
Еве и дури сум пишувала некогаш за серискиве убијци.
 
Профил на кофарот молам. Оправдај ја дипломата.
Ја немам, диплома за дизајн и мултимедија имам, чекај за оваа има време, еве ќе си вежбаме тука. За кофарот имаш утре профилирање.
 
Ја немам, диплома за дизајн и мултимедија имам, чекај за оваа има време, еве ќе си вежбаме тука. За кофарот имаш утре профилирање.
Now or never! Ќе те пратам на изворот со адам ева и верверичките.
 
@831 @andredrezden
Еве и дури сум пишувала некогаш за серискиве убијци.

Да, си пишувала со помош на гугл, ваљда чисто колку да се учевствува, (што би рекле македонските спортисти), во спротивно ќе ти се разјаснеше - по дифолт, зошто она старото дртало од Охрид беше само една истрошена специјалка опседната со пари и материјални богаства. Побогу, повеќето луѓе овде на тужнава планета се со слична дијагноза, побргу ќе финансираат конфликти каде ќе изгинат невини цивили, меѓу кои, за жал, морничаво голема е бројката на деца, отколку да се соочат со фактот дека ,,курцу време пролази" и на крајот од сите краеви се подеднакво безначајни каква што е и надежта на истрошените ,,ванаби" анархо-панкери во т.н. левица...
 
Да, си пишувала со помош на гугл, ваљда чисто колку да се учевствува, (што би рекле македонските спортисти), во спротивно ќе ти се разјаснеше - по дифолт, зошто она старото дртало од Охрид беше само една истрошена специјалка опседната со пари и материјални богаства. Побогу, повеќето луѓе овде на тужнава планета се со слична дијагноза, побргу ќе финансираат конфликти каде ќе изгинат невини цивили, меѓу кои, за жал, морничаво голема е бројката на деца, отколку да се соочат со фактот дека ,,курцу време пролази" и на крајот од сите краеви се подеднакво безначајни каква што е и надежта на истрошените ,,ванаби" анархо-панкери во т.н. левица...
Абе мала сум била, од таму читав само, немав ни книги. Прераскажано е не е копирано :ROFLMAO:

Не можам да те следам, три теми ми менуваш во еден пост, гугл, охриѓанецот, па Левица, не разбрав кое со кое оди, како да поврзам.

Иначе не сум безначајна кај анархо-панкерите во Левица хе хе хе.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831
Танески е убиецот на бабите, милион посто сум сигурен во тоа.
И психолошкиот профил е соодветен и многу други индикации укажуваат на такво нешто.
Плус има негова ДНК во спермата во една од жените.
Тоа што се дави во кофа е сосема друга работа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831

Баба Анујка: Колку е тежок вашиот брачен проблем?

Најголемиот сериски убиец на пошироките овдешни простори, нема испукано ниту еден куршум иако едно време го носи презимето Ди Пиштоња. По некои статистики потепува и до 150 луѓе, главно млади иио здрави мажи а се работи за - баба. Баба Анујка, моминско презиме Драшкин.
 

Баба Анујка: Колку е тежок вашиот брачен проблем?

Најголемиот сериски убиец на пошироките овдешни простори, нема испукано ниту еден куршум иако едно време го носи презимето Ди Пиштоња. По некои статистики потепува и до 150 луѓе, главно млади иио здрави мажи а се работи за - баба. Баба Анујка, моминско презиме Драшкин.
Па реално ако размислиш не била и сериски убиец. Се разбирала во хемија, правела точни пресметки и луѓето мислејќи дека е некоја врачарка доаѓале со цел нејзините моќи да ги разболат за пример да не одат во војска или да избегнат нешто. А магичната водичка- арсен и други хемикалии и точно си пресметувала колку арсен е потребно за пример 3 дена жртвата да се разболи. Како што си барале и самите. Е сега не е крива таа што тргнало на лошо и испоумреле. Никого таа не убила фактички со сила. Одамна си размислував за неа дали е убиец или не е.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831
Па реално ако размислиш не била и сериски убиец. Се разбирала во хемија, правела точни пресметки и луѓето мислејќи дека е некоја врачарка доаѓале со цел нејзините моќи да ги разболат за пример да не одат во војска или да избегнат нешто. А магичната водичка- арсен и други хемикалии и точно си пресметувала колку арсен е потребно за пример 3 дена жртвата да се разболи. Како што си барале и самите. Е сега не е крива таа што тргнало на лошо и испоумреле. Никого таа не убила фактички со сила. Одамна си размислував за неа дали е убиец или не е.

Убила 150 лица со труење.

Како не е сериски убиец? Да имала тежок живот и скренала но дефинитивно била убиец.
 
Убила 150 лица со труење.

Како не е сериски убиец? Да имала тежок живот и скренала но дефинитивно била убиец.
Јас колку што знам за неа, ова погоре не го отворив, била некој вид на гаталец, помагала луѓето да избегнат војска, работа, било што и давала магична водичка за да се разболат. Самосвесно со намера иделе и уште и ја препорачувале кај дури. И таа ете се разбирала од хемија и точно знаела сооднос на арсен со вода (лупам онака) за точно толку дена колку што барале муштериите да бидат болни. Се повторувам од погоре.

Е сега ги убила, ги отрула да, кај некои 150 заминало на полошо од разболување, ама интересно е прашањето дали спаѓа во таа клапа на сериски убијци зошто со сила не отрула никој, ваљда од 150 отруени барем за 20 ќе знаеле дека умреле, ама може не мислеле дека е поради неа, може 150 умреле, а 200 избегнале војска, им било лошо неколку дена и толку, после здрави и живи, иде живот даље. Не знам...
 
Миодраг Столе Трифуновиќ

На нашиве простори верувале или не, уште во 1948-49 се појавува еден од најсвирепите сериски убијци и тоа во Белград, со прилично висок скор за тоа време, 14-60+ жртви.

Сторијава кога ја прочитав останав вчудоневиден, па морав да пребарувам и на други портали.Испадна дека е вистина.

Столе е сериски убиец во права смисла на зборот, само толку ќе напишам за случајов, а секој кој го интересира нека ја прочита приказната за него, сепак се случува во Белград во ерата на тогашна УДБА и Југословенската полиција која немала никакво искуство со вакви случаеви.
 
bump
Серијските убици се елитата на криминалот, мајстори на крвожедноста и носители на интересни прекари како Green river killer или the Mad Butcher of Kingsbury Run :angel:
Кој е ваш омилен серијски убиец? Мислам не омилен во смисол како омилен глумец или глумица него најинтересен случај што сте го сретнале преку читање, филмови, серии, документарци, поткасти...

Мене отсекогаш ми бил Џек Мевосек, според некои првиот сериски убиец (иако не е прв). Додуша таков убиец никогаш не бил истражуван од страна на лондонската полиција туку тој назив доаѓа од писма кои биле праќани на полицијата од убиецот кој ги потпишувал со "секогаш ваш, Џек". Случајот кој го водела полицијата бил убиецот од Вајтчепел и вкупно истражувале 18 настани од кои за 11 сметале дека се дел од ист извор т.е. Џек. Подоцна во новините се усталило верување дека убицата убил само пет проститутки но тоа нема никаква поткрепа туку станува збор за шпекулација.

Еден од најдобрите крими филмови во историјата е Џек Мевосек (1988) по повод стогодишнина од случајот, со сер Мајкл Кејн и куп други познати британски актери. Трае 3+ саати но такво билдање драма и климакс се нешто невидено. Препорака.
Автоматски споено мислење:

Иначе пред некој месец добивме нов македонски сериски убица во името и делото на некојси Трајче Бојковски од село Драгоманце во близина на Старо Нагоричане. Овој случај некако не доби толку медиумска пажња ако некои претходни а можеби затоа што сите 6 жртви на манијакот биле стари жени од селата во негова околија. Летописот на македонскиот криминал забележа сериски сторители тек по осамнувањето на новиот милениум. За време на двете Југославии не бил забележан таков случај на оваа териториа. Но после транзицијата и новиот век нагло започнаа да се појавуваат секакви пропалитети меѓу кои и сериски убици.
Трајче правел пешачки маратони низ областа и демнеел изолирани куќи во кои освен стариците немало никој друг, заборавени пензионерки кои живеат сами. Откако ќе се уверел дека нема никог друг, Трајче упаѓал во куќите и со својот месарски нож започнувал да касапи. Сиот облеан во туѓата крв успевал да се извлече незабележан во ретко населените села во овој пасивен регион. Неговата фаца упатувала дека се работи за дебилче, ретардос и можеби тоа го правело помалку сомнителен.
Автоматски споено мислење:

250px-202a_Mug_Shot_600x800_1999.jpg


Магшот на америчкиот сериски убица Рејмонд Хорш од Филаделфија, исто случај од пред некој месец, се товари за десетина убиства, но некако успеа да го измами правосудниот систем со тоа што се одјави од животот. И со тоа во гроб ги однесе деталите за многу исчезнати девојки кои биле видени за последен пат во негово присуство.
Туку друго ми е поентата, ако некогаш може да се применат изживеаните фрази види му ја фацата и по очите се познава овој перверзњак би бил постер бој на лаконските изјави по повод криминално дејание.
Каков израз јебо те, едно око поголемо од друго, израз како цел човечки род да му е крив, фаца која само мајка му би можела да ја сака, ако и тоа. Интересно што цајканот кој го запрел оценил дека нешто не е во ред со ваквата фаца и при претрес на колата пронашол куп оружје и справи за мачење.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom