Ова се случува, кога ќе помислиш дека секој успех е затоа што ти си генијалец и треба уште повеќе да ги продлабочуваш и следиш своите генијални идеи.
Имаше изјава на Пешиќ, како на почеток мислиш дека тимовите победуваат и освојуваат трофеи, поради тебе (тренерот). Потоа согледуваш дека не е така.
Пиоли (или ПиолО, како што милуваше да напише еден друг генијалец, форумски) мораше да се соочи со таа вистина многу подоцна во кариерата. Иако не верувам дека ќе си го признае ова сам на себе, уште го држат ароганцијата, горделивоста, еготрипот,
како последица на скудетото.
А и не треба, што ќе му такви преиспитувања на овие години, многу подобро е да си живее со убеденост дека е гениј, кој неколку години претходно го играл тоа што денес му носи успех на Енрике и општо за се околу Милан.
И така на озбилна тренерска работа, треба да заборави, па нема потреба да се менува и преиспитува.