Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.751
- Поени од реакции
- 49.278
Toa баш го пишав у темата на Интер, да, одма ја изгуби ама кога ќе земеш све во предвид, тотално логичниот исход и се деси, зашто у тој мега краток момент кога Барела ја упати топката до него, тој мини простор додека топката патува, он у глава калкулира што да направи откако ќе ја добие. Во ситуацијта у која беше единствено нешто што го вадеше е инстантен пас од прва до негов согирач. Свесен е и самиот играч за тоа, а околу него достапна опција немаше, а можеше да има 3, во таква ситуација се знае што обично следи.Па мене колку што ми текнува од ситуацијава, Кореа прими топка и ја изгуби за момент.
Лани во ваква ситуација Лукаку ќе нагазеше и ќе се заградеше неколку секунди додека одбранбените се одбиваа од него и за тоа време останатите играчи се префрлаат во противничката половина. Многу често Лукаку знаеше и сам да ја носи топката до шеснаесетник. Многу е клучен играч како него во оваа формација каде градењето на контра нападите се сведуваат на долга топка кон деветката и напад преку крилните позиции со отварање на простор за истите.
Исто и малце е глупо да се споредува една со друга ситуација заради резултатот, важноста на победата, противникот и очигледноста во намерата да се издржи со овој резултат до 90та. Ова со Барела се деси после 75 минути играње и Брозо со Чала беа заменети после акцијава.
Од друга страна го зимаме во обзир и противничкиот играч, и он е свесен за тоа дека Кореа нема опција да изигра од прва, и го напаѓа, односно дефанзивецот веќе знае што да направи уште пред да стаса топката до кореа, свесен за тоа во каква ситуација е Кореа, од друга страна Кореа едноставно нема опција во глава која си ја искалкулирал а од која може да е некаков победник од оваа ситуација.
Ти текнуе на муабетите за клубови што играат добар фудбал, дека и превез на очи да му ставиш на играч, ќе погоди свој, такво нешто ни фали, без да се сврти играчот лево или десно, да знае дека во одреден момент на тој дел од терен има слободен негов соиграч.