Како бе нема за што да се фатиме во лига? 4 утакмици немате дадено гол против Интер сезонава, на 5 утакмици сезоанва имате 4 порази од Интер. Како нема за што да се фатиме. Тоа што Интер губеше од Беневенто и Пергокрема не го менува фактот дека е појак ОД МИЛАН сезонава.
Бош муабет е абе и Специја го тепаше Интер или Милан. Да не се праиме ментални сеа, свесни сме.
Милан нема за што да се фати во првенство за да го анулира тоа што испадна од Интер во ЛШ. На пример, да освеше титула ќе се вадевме на тоа.
Епа тоа де, уште една сезона на раст ќе значеше барем борба за титула, тука негде да сте, сфаќаш.
Не знам зошто со сила се инатите дека не ве јаде малце тоа што во ниту еден момент не се ни обидовте да го одбраните освоеното. Не заебавај да го ебам Малдини у јануари му вика на Спалети абе не се курчи освоена ви е титулата. Не ви ја негирам титулата со ова, џабе сакате да го протнете истото.
Па револуција бараш да го ебам. Пред една година топ е тимот, само ситно да се надградува, имаме основа имаме све. Година дена подоцна дај мини револуција, 6 нови играчи, нов тренер.
Не дека е хаос, ама не е ни баш така светла, остај ти спонзорски договори, ситни позитиви и курци, знаеме како се праи јака екипа. Вакво работење ќе ве одржува тука негде во и околу топ 4.
Па сфаќам, затоа и не сум задоволен од сезонава. До некаде втората недала во јунари и се надевав дека ќе имаме слична сезона како ланската во однос на бодови, а ако падне Наполи и не оди блиску до стотка да му парираме и на него. Што бидна потоа се знае. А Малдини тоа го изјави во април кога игравме со Наполи. Али добро, малку да убациш на театралност, уметнички впечаток.
Па барам бе, зошто да не барам, мислев дека некои работи ќе ги поправат летово, но не се погоди, исто барам и промена на тренерско место, а доколку повторно зафркнат и на Малдини и Масара. Тоа е таа мини револуција, веројатно за тоа сум пишувал. Погледни и ти што си пишувал за овој Интер, кога ќе те изнервираат, а што сега. Така да гледај ја суштината, не се фаќај за секоја ситница...
А сигурно не се ситници тие позитивни работи што ги набројав за клубот, како што ти ги нарекуваш. Што е важно ако не се важни финансиите и добрата организација? Тоа е сигурно меѓу двете најважни работи за функционирање на клуб. Ќе сме се вртеле со години околу четврто место? Да бе затоа што другите се недостижни, а за разлика од Милан, кој немал баш светла иднина, кај другите свети, толку што заслепува и никој не може да ја види. Се виде и сезонава со Наполи, еден добар трансфер рок и цела сезона беа недостижни.
Не отксокнува никој толку за да не може да се стигне, кој е во толку финасиска подобра позиција, од таа на Милан која не е светла или па кој толку подобро работи и на спортски план од Милан? Со сите пропусти што ги направија, кога ќе се земе целиот период од тие четири години, сепак е позитивен впечатокот, имале грешки, како и други, може и да споредиме.
За другото немам што да додадам од претходно, ти мислиш дека јас повеќе се нервирам, јас мислам дека ти. И на тоа ќе си останеме.