ФФП е тешка катастрофа за фудбалот. Ги принуди клубовите да животараат и да се спасуваат со плусваленци и други глупости. Нема клуб во Италија кој ги нема израмнувано сметките на овој начин, тоа е веќе општа пракса таму. Јувентус ја имал таа несреќа дека раководството им било под истрага и прислушкувано за други работи па има директни докази дека муќкале. Плусваленцата на сите останати клубови ќе им биде проблем, но за Јувентус плусваленцата е најмалиот проблем, нивната ситуација е многу покомплицирана со оглед дека се на берза и дека се теретат за лажно сметководство, плаќања под маса, лажење инвеститори...
Со
@beneamata одамна, уште кога се почна со ФФП јадеме бурек, тој се уште e оптимист дека salary cap ќе смени нешто на подобро, јас дигнав раце од се и да ме прашате, ја сум за слободен пазар без ограничувања, кој колку има и сака да потроши нека троши, кој ќе банкротира си има таму Serie D и полека полека ќе гребе за назад и тоа е тоа. Еве јас во своја компанија на пример, не знам како би преживеал да ми дојде некое управно тело и да ми кажува колку смеам да инвестирам, кога и колку продукти смеам да купувам, да ми става забрана да купувам, продавам или да вршам услуги на одреден период затоа што сум прекршил некое нивно правило итн... или ќе банкротирам, или ќе претам на дното и ќе претурам од шупливо во празно обидувајќи се да земам воздух. Клубовите се компании денес и треба да им се дозволи сами да одредуваат колку ќе инвестираат, колку ќе влезат во долгови и како ќе излезат од истите.
УЕФА, од сиромашна организација која требаше да спроведува систем на натпреварувања и да се грижи за спортскиот / етичкиот дел од фудбалот, стана моќна богата организација која сака да контролира се, „за добро на клубовите“ и тоа е изворот на сите проблеми.