Цела лоби машина на Ањели ќе работи против плејоф. Кај ти дозволува таа глава да го стаи Скудетото на коцка во утакмица-две каде што можат детали да одлучат. Замисли треба да игра со споулавен Лацио кои ќе гризат на терен или со Аталанта, незгодна ко што е сезонава и спремни да умрат ама да ја искористат ситуацијата. Многу незгодно може да биде во плејоф, чак и Аталанта може да освои во таков хаос. Да играат само Лацио и Јувентус не е логично, реално Интер би се бунеле, а и зошто да не, теоретски шанси постојат јебига, ќе се вадат на тоа.
Мене ми оди на тоа дека ќе се одложи европското, затоа што кај и да е и другиве држави ќе се најдат во проблем со нивните првентсва и одлагањето ќе биде од интерес на сите.
Доколку не постои начин да се доигра Серие А таму во мај јуни, фер варијанта е она што се спомнува, нема шампион, местата за европски такмичења се моменталните затекнати, нема отпаѓање и се примаат првите две од Серие Б, следната сезона се игра со 22 екипи. Знам дека тоа не им одговара на големите тимови, а и би створило проблем за таа сезона после тоа, затоа што ќе треба да испаѓаат 4, а да влагаат 2, па имаш нефер реперкусии во Серие Б и слично, ама е пофер дефинитивно од било каква друга одлука на зелена маса кој осваја а кој испаѓа.
Плејоф и плејаут е исто така фер варијанта во ваква вонредна ситуација, брзо и едноставно би се решиле многу ствари, мене ми се свиѓа ептен, ама чисто сумљам дека некој е спремен да го стави Скудетото на коцка и на таков ризик. Ќе биде возбудливо ако ме демантираат.