Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Клипче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?

  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
Точно дека им поништија чист гол на Киево,никој не го негира тоа,не знам само кај го виде офсајдот линискиов судија.Али и Јуве беше оштетен во првиот дел,каде на два пати дефанзивците на Киево играа со рака во шеснаесетник.
Ова беше вториот пат,каде мораше да има пенал за Јуве.Раката не уз тело,за да биде ненамерно,туку е високо подигнато и ова истиот линиски судија мораше да го види.
Тука глеам никој не зборува за ова,а на големо се дебатира за голот на Киево.Али и ве разбирам донегде,никој не ја глеал утакмицава,а овој момент го нема на анти-јуве порталите на фб,за разлика од сликата со "офсајдот" на Киево
1280461_579182008783673_820442094_n.jpg

Ако се стават на кантар двете ситуации,јасно е дека Киево е пооштетен бидејќи им поништија чист гол.Али Јуве беше далеку подобар противник и како што кажа тренерот на Киево,заслужено си победи вчера.А вакви грешки и понатаму ќе се случуваат во лигава,зошто факт е дека судииве во Италија се катастрофа,и ваков "офсајд" утре ќе видат и за Јуве и за било која друга екипа.
 
Ептен издначена игра, можеби за нијанса Фиорентина имаше повеќе шанси да поведе
 
Зарем и Пасквал успеа да се повреди ?
Немаат среќа... Важни играчи им се повредија на Фиорентина

А јас за 2 недели останав без 6 играчи на фантази :mad:
 
Ептен издначена игра, можеби за нијанса Фиорентина имаше повеќе шанси да поведе
тоа сакав да го пишам и јас по она што погледав .. изедначени се, Интер има за нијанса поголем посед и иницијатива,а Фиорентина знае за секунда да стане многу опасна, шансата на Жоакин го покажа тоа, со еден потег цела одбрана исфрлена ..
 
Премногу се брани Интер некако, а не е толку опасна Фиорентина. Посебно без Гомез се гледа дека добро играат, ама не создаваат опасност во противничкиот шеснаесетник. Одличен е Жоакин и добар е Роси.

Интер напаѓа некако срамежливо како да се плаши да не прими гол. Посебно кога топката е во нозете на Фиорентина сите 10 играчи се зад топката и не вршат речиси никаков пресинг. Очекувам да се смени тоа во второ полувреме.
 
тоа сакав да го пишам и јас по она што погледав .. изедначени се, Интер има за нијанса поголем посед и иницијатива,а Фиорентина знае за секунда да стане многу опасна, шансата на Жоакин го покажа тоа, со еден потег цела одбрана исфрлена ..
Исфрлена бидејќи Жуан беше излетан напред.

Изедначено, но Фиорентина може да се победи со правилен пристап во второ...
 
Исфрлена бидејќи Жуан беше излетан напред.

Изедначено, но Фиорентина може да се победи со правилен пристап во второ...

Исфрлена зашто Камбијасо напраи грешка у додавање на центар и им отвори контра напад..

Паласио е некако анемичен, Рики нешто пробува сам, Нагатомо не го играат воопшто, Тајдер трча натака-навака, се бори одзима топки, Гуарин онака.. До 60та минута ако не се смени нешто очекувам Икарди да го смени Паласио и Ковачиќ-Тајдер.
 
тоа сакав да го пишам и јас по она што погледав .. изедначени се, Интер има за нијанса поголем посед и иницијатива,а Фиорентина знае за секунда да стане многу опасна, шансата на Жоакин го покажа тоа, со еден потег цела одбрана исфрлена ..

http://www.rezultati.com/utakmica/Ik0TkmZE/#statistika-utakmice;0

Исфрлена бидејќи Жуан беше излетан напред.

Изедначено, но Фиорентина може да се победи со правилен пристап во второ...

и уште нешто .. милсам дека ви фали класичен шпиц, Паласио е добар, но заедно со него треба и вистински шпиц во тимот, некој од Икарди или Милито(доколку е спремен), така нападите на Интер ќе бидат поопасни .. Мацари секогаш играл со еден класичен шпиц, незнам зошто сега покрај Икарди и Милито во тимот игра само со Паласио, човекот ми делува повеќе кукавички отоколку кога беше во Наполи, а нема толку голема причина за тоа, бидејќи се наоѓа во поголем клуб ..
 
Padroni di Roma Џонтра Волта

Абе вие од вчера гледате фудбал :D?

Доколку офсајдот се случи на страната на асистентот тој го крева знамето и потоа го спушта надолу. Доколку сигнализира офсајд кој е некаде на половина на теренот го крева знамето и го пушта под прав агол, а ако сигнализира офсајд од другата страна на теренот тогаш тој го крева знамето и го остава високо. Отприлика вака оди тоа.

images

Прети синоќа го крена знамето високо што значи дека (ПОГРЕШНО) сигнализираше офсајд кој наводно се случил во подалечниот дел од теренот споредено со него. Мојата поента беше дека тој сигурно не кренал офсајд на играчот кој беше барем 2 метри во игра, туку на играчот кој беше во офсајд, а тој веројатно помислил дека е истиот кој го постигна голот. Значи не досудил пасивен офсајд (затоа што такво нешто не се суди) туку наводно активен на играчот кој беше на подалечната страна (што го заклучив од начинот на кревање на знаменцето), очигледно правејќи огромна грешка (затоа што играчот кој беше во офсајд на никој начин не учествуваше во акцијата).

Повеќе од 15 год. пратам фудбал ама ова не го знаев. Не сум им обраќал внимание на овие линиски судии како мафтаат со знаменцето, за тоа дека голот беше чист нема сомневање ама оваа финта со знаменцава не ја знаев.
 
Како бе другар не си го знаел тоа правило(добро де може и финта да се нарече) :icon_lol:

На Sky Sports гледам а не дадоа нитуедна добра снимка од фаулот врз Жоакин...
 
пеналов на Виола :pos:
е што му фалеше на пеналот, јес да малце пред да шутне подзастана и му ја прочита страната ханданович ама сепак прецизен беше доста
 
Како бе другар не си го знаел тоа правило(добро де може и финта да се нарече) :icon_lol:

На Sky Sports гледам а не дадоа нитуедна добра снимка од фаулот врз Жоакин...

Ете така никогаш не ми биле интересни судиите, тебе те сваќам навиваш за Јуве нормално е да знаеш све за нив:P (ЗАЕБАНЦИЈА Е, ЗА ТЕБЕ ЗНАМ ДЕКА ЌЕ СВАТИШ АМА ИМА НЕКОИ ШТО ОДМА ЌЕ МИ РИПНАТ) :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom