Јас имам соработник кој ми пишува одлични текстови од околу 500 збора, ме кошта околу 2$, така што 5$ за текст е премногу. Можеби кога тоа би било 100% според сите стандарди на SEO, некој би платил толку, но знаејки дека се што е поврзано со Google и SEO се менува од месец во месец, не би се замарал многу.
Отвори акаунт на
https://www.freelancer.com/, направи оглас и ќе ти се пријават луѓе за пишување текстови. Многу од нив не ги бива, но ако им побараш да ти пуштат пример, одприлика можеш да процениш кој колку може.
За софтвериве за генерирање постови, немам пофални зборови. Не може софтвер да ти генерира смислени реченици, барем сега за сега

. Не за друго, имај во предвид дека некој ќе ги чита откако ќе ги објавиш онлајн, а тоа ти е нешто слично како нашиве портали полни со грешки при преводи од српски, само едно 5 пати полошо.[DOUBLEPOST=1425975838][/DOUBLEPOST]
Темплар, големо браво за темава, извесно време се немав логирано на форумов, но ова е нешто за кое што стварно треба се повеќе да се зборува во државава наша. Би било многу добро кога би имало семинари на темава и такви слични на неа, ама за тоа треба малку по сериозна организација.
Прочитав некои од коментарите от типот на (сите ќе станете богати/ 150 $ како да не и сл.) и знам дека и не треба да се замара човек да објаснува многу, но сепак има некој што може и да научи нешто и да биде благодарен.
Ќе бидам искрен, affiliate маркетингот не ми беше многу познат до сега (знаев што е, не го користев), веќе почнувам да разработувам неколку страни. Претежно сајтовите ми се Adsense оптимизирани, но знам дека affiliate начинот може да биде доста подобар доколку човек ја погоди правата тема, и правиот link building.