S
silmarillion
Гостин
Мајче не ти спремил некој добра плеска затоа си анимозитетна
)

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Види сум го јадел тој сендвич од енрико, нез од каде идејата дека е нешто посебно ако јадеш од таму. Вие упорно не сваќате дека е ствар на вкус, и дека можам да си дозволам едно нездраво задоволство со пржени компири и тн.
И за цената си у право,во центар нема хамбургер што ќе те најаде испод тоа а и тоа си го диктира пазарот.
од помислата на мелено месо и хамбургер ми се гади
Претпоставувам никој не го оспорува фактот дека поквалитетно е да јадеш бургер во lounge bar отколку во 7ца. Но има една многу голема и битна разлика помеѓу јадење во lounge bar и јадење во 7ца, тоа е времето. Голем дел од муштериите во 7ца се луѓе што јадат еднаш дневно, кратки се со време и имаат опција да завршат работа за 10-15 минути. Кој има време да искочи од работа и да седне во lounge bar на хамбургер? Без 30-40 минути не си. А вака во 7ца, можеш да јадеш во 1 саат и комотно да те држи до вечер а притоа завршуваш брзо и е вкусно (мене ми е), за квалитетот не кажувам ни јас дека е најсјаен. Не сум ни јас за редовно јадење во 7ца али ќе се деси 1-2 пати во месецот да си ептен краток со време а мора да јадеш нешто што ќе те држи подолго време и поради тоа што 7ца ми е горе-доле во маало, изборот во тие ситуации паѓа на 7ца.
Цените не се астрономски, 7-ца е бренд одамна веќе и си наплаќа за тоа. Просечна цена на сендвич низ центарот е 110-140 денари, проблемот не е цената, проблемот се луѓето кои наместо да јадат сендвич од Енрико за 220 денари - со врвен квалитет на мастраф (делен на 2 дела - огромен е) јадат хамбургер со плескавица од соја, и пржени компири, комедии.
Па далеку од тоа дека половинка ќе те најаде. За вкус тој што го пробав беше онака мех. Значи ем помалце најадува и помалце ми е вкусно, и чудно ти е зашто толку луѓе имало во седмица.Во енрико има 10 разни сендвичи, не е еден. Плус доаѓа 110 денари од човек, подобро и поефтино здравје.
До другите, пробајте го вегетеријанскиот сендвич, не заради тоа што нема месо, нема врска тоа, него тој им е еден од најдобрите. Или тој со туна.
Епа ни бактерија не иде на таа хемикалија.Не дека ги обожавам МЦ, ама не сум слушнал некој да се затрул у МЦ.![]()
Одиш во месарница, правиш комбо свински врат, говедско и може троа џигер јунешки ако ти е скапо, им кажуваш да ти го сомелат, дома стави зачини и презла и следниот ден во грил тава или на скара, ем ќе јадеш месо, ем за пари од два бургери ќе се најаде цела фамилија. Помфрит кило 100ка со непрегорено масло ќе те фати, а дури сте на работа само изговор е дека ова е спас, еве станувам секое утро по 15-30 мин порано и си правам 2 оброци, во пластика со повеќе прегради и фурајте, ако сум по терени за да не се расипе си дробам салата и на лице место туна/сардина, ете ти оброк поздрав/поефтин/поквалитетен од бургер. Ви пишав погоре поради што се навлекува човек на ваквите работи.Да не е во мене проблемот, следен пат од Аеродром фаќам такси одам во Енрико јадам бургер и се враќам!
Глуп е муабетот колку се здрави хамбургерите, газираните сокови, благото, чипсовите...
Сите сме свесни за тоа нема потреба во секоја тема истото да се збори, но барем еднаш во месецот, еднаш во неколку месеци секој добива желба за хамбургер со кока кола
И плескавица не е плескавица ако нема малку соја, и компир не е компир ако не е пржен. Во ваква тема вкусот е на прво место, пошто и тој во Енрико сигурно е толку здрав што дури лековито делува.
Ако ми е за чисто месо ќе јадам кременадла.
Па далеку од тоа дека половинка ќе те најаде. За вкус тој што го пробав беше онака мех. Значи ем помалце најадува и помалце ми е вкусно, и чудно ти е зашто толку луѓе имало во седмица.
Да не е во мене проблемот, следен пат од Аеродром фаќам такси одам во Енрико јадам бургер и се враќам!
Глуп е муабетот колку се здрави хамбургерите, газираните сокови, благото, чипсовите...
Сите сме свесни за тоа нема потреба во секоја тема истото да се збори, но барем еднаш во месецот, еднаш во неколку месеци секој добива желба за хамбургер со кока кола
И плескавица не е плескавица ако нема малку соја, и компир не е компир ако не е пржен. Во ваква тема вкусот е на прво место, пошто и тој во Енрико сигурно е толку здрав што дури лековито делува.
Ако ми е за чисто месо ќе јадам кременадла.