Семинарски, состави, есеи, задачи

  • Креатор на темата Креатор на темата ATG
  • Време на започнување Време на започнување
Одликите на романтизмот во делата на:
- Виктор Иго - Клетници
- Бајрон - Проштална песна
- Гете - Страдањата на младиот Вертер

Праам писмена утре, ако има некој некое составче или може било као да ми помогне, нека помага, пошо страшно ме мрзи а и мрзам ваков тип на теми за пишување -.-

лол...ја ги неам читано книгиве -.-
шо значи дека нема да ги има на матура...така да...не ти помогнав ич :pos:
 
Ни ја ги неам читано.
Али ќе ги има.
-1 за тебе -.-
 
и јас сега ќе прам писмена ама не барам есеи дека знам критика да пишам ако на некој му треба критика за состави од 3 година слободно нека ми се обрати мене на помош :D
 
Есеј за Злосторство и казна

Есеј за „Злосторство и казна“

Треба да се знае дека Родион Романович Раскољников е противник против тогашното друштво и едноставно таа социјална средина оправдано го тера на злочин, но во душата е голем моралист и длабоко размислува за својата постапка.
Во самиот почеток се гледа дека Раскољников проживува тешки моменти: го добива мајчиното писмо во кое дознава за жртвата на сестра му која едноставно не може да ја прифати. Имено, Дуња треба да се омажи за богат човек за да се спаси од нејзината беда и така да и помогне на својот брат.
Едноставно животот го натера Раскољников да ja убие лихварката и нејзината сестра. Раскољников смета дека на исклучителни личности секогаш низ историјата им било дозволено да ги отрстрнуваат „натрапниците“ кои ја прават средината неправедна( го зема за пример Наполеон Бонапарта ), а како се смета себеси за исклучитечен го зафаќа таква мисла па неговото злосторство настанува злосторство со предомислување т.е. идеолошко злосторство.
После извршеното убиство Раскољников дожувува тешка грижа на совест и настанува психолошка војна: борба со совеста и двобој со истражителот. Го признава своето злосторство, оди на суд и после доживувањето тој осеќа победа на „доброто над злото“.
Соња на крајот е со Раскољников во Сибир. Неговата сестра се мажи за неговиот пријател, неговата мајка умира, а тој се разболува. Во Сибир пронаоѓа среќа во Евангелието и во љубовта на Соња.
Зошто го изврши убиството? Едноставно сакаше оправдано да си докаже дека не ги
респектира моралните закони кои ги одредиле другите луѓе, и сака самиот да направи нови закони, закони за кои тој би ја носел целата одговорност и терет. Со тоа убиство да постигне добра цел, да го заврши школувањето кое ќе му помогне да стани добродетел на човечкиот род.
Достоевски направи убиец од „добар“ младич затоа што владееле материјалистички идеи кои би ги срушиле моралните вредности и обичната и добрата личност на студент како Раскољников. Тоа тој го покажа во книгата.
 
Може некој да ми даде нешто за реализмот и импресионизмот во уметноста.Ми треба за проект по ликовно.Фала однапред.
 
Може некој да ми даде нешто за реализмот и импресионизмот во уметноста.Ми треба за проект по ликовно.Фала однапред.

Реализам во ликовната уметност е стилски правец кој тежнее да ја прикаже стварноста, а трае од половината до крајот на 19-от век (иако дела кои се создаваат според правилата на реализмот имало и претходно, а ги има и денес). Реализмот се залага за објективност и уверливост во приказите и опиШување на фактите на стварноста и ја открива законитоста на општеството.
Во педесеттите години на 19-от век се појавува мислење дека романтичарското истакнување на чувствата и фантазијата е само бегање од стварноста на времето на европските граѓански револуции од (1848.). Напредокот на науката, индустријата и техниката го овозможило правењето на првите фотографии кои уметниците ги користат како помошно средство.
 
ми требаат есеји за
- хамлет
-декамерон
-канцониер
-пеколот

некој ако има нека post... благодарам однапред... !!!:wink:
 
AKo moze nekoj da mi pomogne okolu eden proekt za Mikrokontroler. Ako ima nesto neka pise
Vaka treba da bide sodrzinata

1.Arhiktektura
2.Blok sema
3.Registri
4.Nacini na adresiranje , instrukcisko mnozestvo
5.primer za povrzuvanje na mikrokontroler
 
Itno mi treba kratka sodrzina za Don Kihot ... Ja nemam citano lektirata ama mi treba .. moze da ja raskazete? TNx odnapred
 
Ако може некој добар познавач на англискиот да штракне набрзина ми требаат состави до кај 250 збора на тема: Informal Letter(неформално писмо кон некој роднина, пријател) и my dangerous experience(некое опасно искуство што сме го доживеале). Фала однапред
 
Ми треба семинарска по Меѓународно јавно право на тема „Меѓународна правна заштита на малцинствата“.
Однапред благодарам.
 
Дечки ми треба писмена за осмо одделение. Темите се: Тешкото (од Блаже Конески)
и Клети турци земја поплениле (народна). Не треба да се раскажуваат.. туку да ја кажеме поентата во песните. Многу ми е итно!! утре сум втора смена.. а имам и хемија и биологија за учење. :zid:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom