Есеј за Злосторство и казна
Есеј за „Злосторство и казна“
Треба да се знае дека Родион Романович Раскољников е противник против тогашното друштво и едноставно таа социјална средина оправдано го тера на злочин, но во душата е голем моралист и длабоко размислува за својата постапка.
Во самиот почеток се гледа дека Раскољников проживува тешки моменти: го добива мајчиното писмо во кое дознава за жртвата на сестра му која едноставно не може да ја прифати. Имено, Дуња треба да се омажи за богат човек за да се спаси од нејзината беда и така да и помогне на својот брат.
Едноставно животот го натера Раскољников да ja убие лихварката и нејзината сестра. Раскољников смета дека на исклучителни личности секогаш низ историјата им било дозволено да ги отрстрнуваат „натрапниците“ кои ја прават средината неправедна( го зема за пример Наполеон Бонапарта ), а како се смета себеси за исклучитечен го зафаќа таква мисла па неговото злосторство настанува злосторство со предомислување т.е. идеолошко злосторство.
После извршеното убиство Раскољников дожувува тешка грижа на совест и настанува психолошка војна: борба со совеста и двобој со истражителот. Го признава своето злосторство, оди на суд и после доживувањето тој осеќа победа на „доброто над злото“.
Соња на крајот е со Раскољников во Сибир. Неговата сестра се мажи за неговиот пријател, неговата мајка умира, а тој се разболува. Во Сибир пронаоѓа среќа во Евангелието и во љубовта на Соња.
Зошто го изврши убиството? Едноставно сакаше оправдано да си докаже дека не ги
респектира моралните закони кои ги одредиле другите луѓе, и сака самиот да направи нови закони, закони за кои тој би ја носел целата одговорност и терет. Со тоа убиство да постигне добра цел, да го заврши школувањето кое ќе му помогне да стани добродетел на човечкиот род.
Достоевски направи убиец од „добар“ младич затоа што владееле материјалистички идеи кои би ги срушиле моралните вредности и обичната и добрата личност на студент како Раскољников. Тоа тој го покажа во книгата.