Семинарски, состави, есеи, задачи

  • Креатор на темата Креатор на темата ATG
  • Време на започнување Време на започнување
луѓе ве молам за помош. хитно ми треба реферат за Иво Андриќ со обемен осврт на неговата биографија. Ве молам да шарнете нешто ^_^ може да ми пишете и на fb ( http://www.facebook.com/zstojanova6 ), фала ,многуу
 
seminarsa na tema -ANALIZA NA SMETKOVODSVEN CIKLUS NA PRETPRIJATIE da ne ima nekoj ili nekoj materijal????????????????????????????
 
Ми треба состав на тема "Физичката култура низ светот" и да ги содржи зборовите :
-Душа
-Поинаку
-Карактер
-Доверува
-Приказна
-Природен
-Тенденција
-Сон
-Транспорт
Со околу 400-500 збора ... ПЛАЌАМ
 
Доколку некој има готова семинарка за Странски инвестиции во Македонија од 1991 па навака, нека ми помогне со малце материјал. Ми треба за матурска задача за гимназија, не е за факултет. Фала однапред.
 
Да не има некој бизнис план ? Нема врска за што е ... Ми треба за во школо ... Фала :)
 
Дечки ми треба нешто за процесори итно е :) не ми стига тоа јас шо го најдов по интернет дајте нешто вие ако имате?
 
Да не му се наоѓа на некој Есеј на следниве теми:

- Човековите права - реалност или декларација.
- Презема ли некој нешто за кучињата скитници.
- Имаме ли навистина еколошка култура.
- Негативното влијание на медиумите.
- Жената некогаш и денес.

Есејот треба да содржи од 350 до 500 зборови...
 
Значи премногуу ми треба, до задутре текст на АНГЛИСКИ...На пример 2-3 приказни споени као во една или една приказна ама раскажувана од страна на некој од ликовите :D
- Снежана, пинокио, пепелашка....такви некои
 
Негативното влијание на медиумите би можел јас да ти напишам штом завршам со моите семинарски...према моите пресметки тоа би требало да е до петок.А и искрено се надевам дека ке биде до петок :pos:

За човековите права можам да ти дадам цела семинарска, презентација во Power Point и истражување со анкети ;)

За кога ти треба?
--- надополнето: 30 јануари 2012 во 20:43 ---
Есејот треба да содржи од 350 до 500 зборови...

Па тоа е кратко бе..седни напиши го за пола саат, јас мислев повеќе треба фааак
 
се известуваат другарчињата. ако имаат некој пример за есеј на тема теза-хипотеза да ми пратат пример. фала однапред.
 
Негативното влијание на медиумите би можел јас да ти напишам штом завршам со моите семинарски...према моите пресметки тоа би требало да е до петок.А и искрено се надевам дека ке биде до петок :pos:

За човековите права можам да ти дадам цела семинарска, презентација во Power Point и истражување со анкети ;)

За кога ти треба?
--- надополнето: 30 јануари 2012 во 20:43 ---


Па тоа е кратко бе..седни напиши го за пола саат, јас мислев повеќе треба фааак


За до 10ти треба да имам, значи за 2 недели негде...
Знам дека е кратко, ама прашав да не му се наоѓа не некој нешто... :)
 
Да не има некој семинарска или некој текст за значење на истражувањето на пазарот-методи и начини?
 
Да не има некој семинарска или некој текст за значење на истражувањето на пазарот-методи и начини?

Истражување на пазарот претставува една од поважните активности на претприемачот во водење на бизнисот. Но, секое истражување на пазарот користи одредени методи на истражување, што всушност претставува начин на прибирање на информации или податоци.
Се чини дека 80% од едно истражување на пазарот претставува прибирање на валидни информации за пазарот. Додека 20% се однесуваат на самата анализа и интерпретација на тие соберени информации. Ова е 80/20 правило. Бидејќи пазарот е сочинет од потрошувачите и конкуренцијата затоа и потребните информации ќе се однесуваат за нив.
Едно нешто сакам да напоменам пред да започнам со 6-те најкористени методи кои можете да ги користите за истражување на пазарот. Најважен извор на информации претставуваат потрошувачите. Зошто? Затоа што методите наведени подолу нема да ги користите со конкурентите, туку едноставно преку потрошувачите ќе се обидете да ги најдете информациите за конкурентите кои ќе ви помогнат за спроведување на истражување на пазарот.
Потребно е и да внимавате да не се преоптеретите со информации па да го усложните истражувањето.
6 Методи за истражување на пазарот

1. Анкети

Една од најкористените методи за истражување на пазарот и едно најсилните оружја што ги има еден претприемач претставуваат анкетите. Анкетите се најкористени бидејќи најлесно се спроведуваат и наједноставно се прибираат информациите кои сепак пристигаат во една форма која е лесна за анализа. Секако доколку се дизајнираат на вистинскиот начин. Анкетите можат да бидат во следен вид:
  • Анкети во хартиена форма
  • Телефонски анкети
  • Анкети по пошта
  • Онлајн анкети
Процесот на спроведување на анкетата може да се одвива на следниот начин:
  • Подготовка на прашањата во анкетата
  • Избор на начин на распространување на анкетата
  • Распространување на анкетата
  • Прибирање и анализа на податоците.
2. Интревју

Вториот метод кој на еден претприемач му стои на располагање претставува интервју. Ова едноставно значи состанување со избраните луѓе кои ќе ги интервјуирате и поставување н прашања кои ќе бидат од Ваш интерес за истражување на пазарот. Интервјуте е потешко во однос на анкетите и секако ќе бара повеќе време за спроведување. Како недостаток исто така може да се смета и ограничен број на луѓе кои може да интервјуираат. Интервјуата врз основа на тоа како ќе ги спроведувате може да бидат:
  • Лице во лице интервју
  • Телефонско интервју
  • Онлајн интервју (Skype)
Процесот на спроведување на интервјуирање може да се одвива на следниот начин:
  • Избор на група на луѓе кои ќе ги интервјуирате
  • Контактирање на тие луѓе и закажување на интервјуто
  • Подготовка на прашања
  • Спроведување на интервјуто
  • Анализа на собраните информации.
3. Набљудување

Добрата стара и сеуште применлива и ефикасна техника за спроведување на истражување на пазарот претставува набљудување. Ова значи дека претприемачот ќе набљудува одредена состојба и ќе ги бележи тековите на активности и однесувањата на актерите во таа состојба. На пример, еден начин на оваа истражување на пазарот за еден малопродажен бизнис е да го набљудува малопродажниот бизнис на конкуренцијата. Па во таков случај ќе бележи колку луѓе влегуваат, колку од нив купуваат, кој е профилот на тие луѓе итн.
Процесот на спроведување на набљудување може да се одвива на следниот начин:
  • Избор на предмет на набљудување
  • Избор на активности и однесувања кои ќе се набљудуваат
  • Спроведување на набљудувањето
  • Обработка и анализа на прибраните информации.
4. Проба и грешки

Оваа е една метода која не се применува многу, а сепак може да ни даде корисна информација. Оваа метода може да се спроведе и на случајна основа на пример ќе спроведеме нешто ново и едноставно гледаме какви резултати постигнуваме со тоа ново. Ако е ОК, тогаш го оставаме да функционира, а ако не е ОК го подобруваме тоа ново. На ваков начин можеме во голема мерка да извлечеме информации за пазарот. Ќе знаеме што сака пазарот, што не сака, како се однесува, како да влијаеме на него итн.
Сепак некои грешки кои може да бидат кобни за бизнисот треба да се избегнат особено овие 12 грешки при започнување на бизнисот.
5. Фокусни групи

Фокусна група како една од методи за истражување на пазарот претставува доста специфична метода и можеби една под поскапи методи бидејќи е потребна и техника за снимање и посебна просторија за спроведување на сесијата на фокусна група. Всушност ова метода за истражување на пазарот се базира на тоа да модерторот на групата користи специјално подготвени прашања кои имаат за цел да поттикнат дискусија во самата група. Вообичаено една сесија на фокусна група трае до два до три часа и потребно е да се спроведат неколку сесии по можност со различни членови за да се добијат поквалитетни резултати.
Процесот на спроведување на оваа метода може да се одвива на следниот начин:
  • Избор на членови на фокусна група
  • Подготовка на прашања
  • Спроведување на сесии и снимање на дискусии
  • Анализа на прибраните информации
6. Вработени

И секако иако последни во оваа листа, но не и помалку важни од останатите претставуваат вработените, особено продажниот тим на Вашиот бизнис. Тие се оние кои се во секојдневен контакт со потрошувачите и тие се оние кои секојдневно комуницираат со нив. Неколку прашања на кои тие можат да добијат одговор навистина ќе ви донесат квалитетни информации од пазарот.
se nadevam ova ke ti koristi ne e mn ama sepak nesto e
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom