А против кои екипи ги има тие извонредни резултати???
Против Силкеборг, против Шамбери, против Санкт Петерсбург?
Лани со каков состав успеа да изгуби од Констанца на гости најслабиот тим во групата и нерешено на гости во Петерсбург.
Па Македонија да игра против една Полска да речеме, ти е исто како Металург да би играл против Киелце...
Потсети ме што направи и дома и гости со единствениот сеиозен противник???
Нема наивен состав Металург, со овој состав треба без проблеми да биде втор во групата, па макар и јас да им бев тренер.
Првата година каква група не успеа да помине во квалификациите за ЛШ, што не го спомнеш тој неуспех?
Нема некој резултат кој е којзнае колку спектакуларен, какви играчи му носат такви резултати вади.
Плус си ги спомнал сите играчи а си го заборавил оној кој е 70% од екипата, ДАРКО СТАНИЌ.
Без Станиќ нема теорија ни Македонско да освојат, гарантирам со ГЛАВА.
Лино може да доведе дисциплина, може да ги доведе да се фокусираат само на ракомет, а не на кафани (мада со Мојсо не успеал ни после 4 години да го направи тоа), ама немаме играчи кои ќе донесат којзнае какви резултати, па макар и 10 најдобри селектори да седнат заедно на нашата клупа.
ЧИСТА СРЕЌА ШТО СМЕ УШТЕ ВО ПОГОРНИТЕ ШЕШИРИ, ТЕШКО НАС КОГА ЌЕ БИДЕМЕ ВО ТРЕТ ШЕШИР ЗА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП.
Ние имаме едно нешто што други немаат а тоа е пеколната атмосфера која не носи на домашен терен. А ЕП во Србија и СП во Хрватска ни беа практично ДОМАШЕН ТЕРЕН.
Кажи ми една победа над посилен противник во квалификации од кога има ракомет кај нас?
Не ти барам ни две, туку ЕДНА?
Толку е квалитетот дома може секој да тепаме, на гости сме мулиња, од што јасно можеш да разбереш која е причината која ги прави навидум јаки на домашни и условно домашни терени, а тоа е ПУБЛИКАТА...
Факт е дека Лино е најдобар избор, сепак е голем тренер кој најверојатно ќе ги среди на психички план, и на дисциплински, ама сигурно нема да не направи медалисти. Успех може да направиме само ако се игра кај нас првенството во сала од 20 000 и 10 000 карти да бидат дадени на навивачките групи