Мислам дека посериозен проблем може да настане само доколку се работи за муслиман + некоја друга вера или евентуално закрвени меѓу себе националности . Христијаните по правило се пофлексибилни без разлика дали се православни, католици, протестанти...
Еве ви искуство од прва рака.
Мојот брак е мешан. Јас сум Македонка, православна, а тој Пољак и католик. Се венчавме во православна црква, а децата ги крстивме во католичка. И можам да ви кажам дека досега ама баш никогаш, не сме наишле на проблем заради нашата различност. Напротив. Секаде каде што ќе се појавиме сме интересни, егзотични, будиме симпатии...Ги славиме и почитуваме и католичките и православните празници, одиме и во едната и во другата црква. И нема поголема среќа кога ќе ја чујам мојата ќерка која има 3,5 години како на совршено чист полски му се обраќа на татко и, за веднаш потоа мене да ми каже нешто на македонски. :icon_roll