Секс прашања од кои се срамите...

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian-Sun
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
M

Macedonian-Sun

Гостин
Дали е нормално да фантазирам за некој друг за време на секс?“
Да, нормално е. Голем број жени и уште поголем број мажи фантазираат за друг/а додека имаат секс. Тоа е здрав начин да ја зголемите страста и не е показател дека не го сакате вашиот партнер.
Но, не треба да дозволите фантазијата да ви попречи да се поврзете вистински со партнерот. Ако секогаш кога имате секс мора да мислите на некој друг за да се возбудите, тогаш имате проблем којшто не треба да го игнорирате. За да го пребродите тој проблем, за време на секс концентрирајте се на партнерот и имајте односи во пози кои ќе ви овозможат да одржите контакт очи в очи.
„Понекогаш мојата вагина неконтролирано испушта гасови за време на односот. Навистина се срамам. Дали е нормално и дали можам да направам нешто за да го спречам тоа?“
Најголем дел од жените имаат искусено какво е чувството кога вагиналните гасови ќе го прекинат страсниот секс. Некои се научени да го игнорираат тој звук, а други се засрамуваат секогаш кога ќе се случи вакво нешто.
Технички, ослободувањето на гасови од вагината не е по ваша вина. Звукот го предизвикува воздух кој останува во вагината поради движењето на пенисот. Освен тоа, нема никаков мирис и е апсолутно нормално, па не треба да го сметате како проблем.
Сепак, ако ве мачи и ако се чувствувате непријатно, најдобро е да ги избегнувате позите во кучешки стил.
„Во последно време чувствувам болка и чешање по сексуалниот однос. Дали сум алергична на кондоми?“
Иако е можно, најверојатно не се работи за алергија на кондоми. Доколку болката и чешањето се појавиле неодамна, а вие претходно сте користеле кондоми и никогаш не сте имале проблеми, тогаш голема е веројатноста овие симптоми да се причинети од лубрикантот со којшто е премачкан кондомот.
Купете различни кондоми и видете дали ќе се подобри ситуацијата. Доколку во наредните неколку дена чешањето не помине, посетете гинеколог затоа што може да се работи за инфекција.
„Ако имам херпес на устата, дали преку орален секс ќе му го пренесам на мојот партнер?“
Да, можно е преку орален секс да му пренесете херпес на партнерот.
Постојат два типа на Херпес Симплекс вирусот. Иако ХСВ тип 1 најчесто предизвикува орален херпес, а ХСВ тип 2 – генитален херпес, двата типа може да предизвикаат херпес на гениталиите.
Затоа, ако имате херпес на устата, почекајте барем додека исчезнат болните меурчиња и раната пред да го задоволувате партнерот орално.
„Се плашам дека него воопшто не му е пријатно да ми пружи орален секс. Што можам да направам за мојата вагина да има подобар вкус?“
Многу жени имаат чувство дека мирисаат лошо таму долу и тоа ги спречува целосно да уживаат во оралниот секс. Во текот на менструалниот циклус мирисот и вкусот на вагината се менуваат, но здравата вагина не мириса лошо. Доколку сметате дека мирисот е силен, консултирајте се со гинеколог, бидејќи лошиот мирис може да е индикатор за здравствен проблем.
Повеќето жени залудно се грижат, затоа што на мажите воопшто не им смета слабиот мирис на вагината, дури и ги возбудува.
Експертите препорачуваат да консумирате повеќе овошје и зеленчук (како ананас и целер), а да избегнувате риба, месо и млечни производи ако сакате вагиналните течности да немаат силен вкус. Исто така, потребно е да избегнуате зачинета храна,лук и кофеин.
 
Дали е нормално да фантазирам за некој друг за време на секс?“
Да, нормално е. Голем број жени и уште поголем број мажи фантазираат за друг/а додека имаат секс. Тоа е здрав начин да ја зголемите страста и не е показател дека не го сакате вашиот партнер.
Но, не треба да дозволите фантазијата да ви попречи да се поврзете вистински со партнерот. Ако секогаш кога имате секс мора да мислите на некој друг за да се возбудите, тогаш имате проблем којшто не треба да го игнорирате. За да го пребродите тој проблем, за време на секс концентрирајте се на партнерот и имајте односи во пози кои ќе ви овозможат да одржите контакт очи в очи.


Не, не е нормално, крајно лицемерно е и дрско! Доста бе со овакви ретардирани постови, има наивни деца кои го читаат форумов.
 
Дали ти тоа у првиот пост уствари напиша дека пичката може да прди ??! :vozbud:
 
leandra
Минатата тема ја заклучи и неможев да ти пишам...
Се жалеше дека не си можела глава да кренеш од пријави и бришење офтопици?
Никад да не кренеш!

Па коа дозволувате вакви слоници да го симнуваат форумот на такво ниско ниво,малку ви е работата.

Дај бе не дозволувајте секој да може да си игра курташак тука...
Како да го познаете маминото синче? или слонче беше бе?


немој молим те...
 
Те молам биди малку пофин.
Таа е белгиското сонце на Македонија, Мисис Веселинова :pos:


Е ЗНАЧИ НЕ МИ СЕ ВЕРУВА КОЛКУ СТЕ ИДИОТИ ВО ВИСТИНСКО МИСЛЕЊЕ НА ЗБОРОТ, ШТО ВИ СМЕТА ШТО СИ ПИШУВАМ ТЕМИ НА КОИ САКАМ ДА ЧУЈАМ ВАШИ МИСЛЕЊА? СИТЕ ТЕМИ СИ ПАСУВААТ ВО СЕКОЈ ФОРУМ ВО КОЈ ГИ ПИШАМ СЕКС ВО ЉУБОВ И СЕКС ИЛИ ЉУБОВ ВО ЉУБОВ И СЕКС...ЗОШТО ТОЛКУ ПРОСТАЧКИ СЕ ОДНЕСУВАТЕ?НЕ МОЖЕТЕ ДА СТЕ КУЛТУРНИ МАЛЦЕ ИЛИ ТОА ОД ДОМА НЕ ВЕ НАУЧИЛЕ

ДА СЕ СРАМАМ ШТО СУМ МАКЕДОНКА ЕТЕ ТОА ЧУВСТВО ГО ИМАМ СЕГА РАДИ ВАС
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom