Ајде ок, Македонците не сакаат соживот. Имаме аверзија спрема Албанците. Ама од кога е бе лепи таа аверзија? Сега ќе ти каже батко.
Од кога почна увозот на глупи идеи за делење и прекројување граници. Па побогу, цел свет денес се стреми да се обедини, да се бришат граници, вриштите Македонците ве кочат, сакате во обединета Европа, а ваму ќе прекројувате граници. На 2 стола седите. Одлучете се што сакате, па да знаеме како да се поставиме. Може? :smir:
А како бе немавме аверзија спрема Албанците кога растев, кога за Велигден прв гостин ни беше чичко Мемет и едвај го чекавме Бајрам за да јадеме татлии, и тоа среде Карпош.
Заб. ав. чичко Мемет ми е покоен комшија и беше еден од најдобрите пријатели на татко ми.
Е сеа, целото тоа го посраа неименувани луѓе што си ги (не)воспитуваат децата како во турско.
На времето кога ми се одеше на факс (ПМФ - Газибаба), ми се деси да јадам ќотек од 15 10-годишници. Сам си бев и салам ќотек ми мавнаа.
Си играа децата фудбал на полјанката горе, јас си влечам цигара и се симнувам надоле, и слушам едното од нив викна: Македонец!!! Фрлија и топка и све, од нигде никаде измкнаа шипки и ми се пуштија.
Арно. Јас пак си ги сакам.
Симнувам капа на Македонците со албанско потекло - членови на форумов, ама колкав процент од Македонците со албанско потекло имаат елементарно познавање на македонскиот јазик?
Не ве нарекувам Македонци со албанско потекло со цел да ве навредам, туку ве подготвувам за во обединета Европа.
Минатата година повеќе бев во странство отколку во Македонија. У Немачко киснев де
Фино, не фино, тоа е. Таму си имаат куп малцинства. Е таму, многу интересно, ама нема бре брате Турци, Македонци, Курди, Албанци, Марсовци, ... сите се Германци бе. Ама имаш: Германци, Германци со турско потекло, Германци со курдско потекло, Германци со јупитерско потекло ... Пеки, си имаат настава на свој јазик ... ама во неделни училишта ... или како и да ги викаат, не ми текнуе, ј***м ли га.
Школство исклучиво на германски јазик. Пошто сите се Германци. Точка. И тоа голема точка.
Следно на менито е јазикот. Па ако не почне да ти прави муабет на друг јазик, по збор не можеш да забележиш дека не е Германец. Освен ако не е црнец или азијат:wink:
Џамии не видов. Поправка, минариња не видов. Го прашуем Зафер - Германец со турско потекло, а бе друже кај ви се џамиите? Не гледам минариња. И он ми вика: а бе си имаме џамии, ама минарињата ни се вишок. Си имало тоа примена порано, кога така се собирале верниците. Денес џамиите немаат потреба од минариња. Го спомна некој град, направиле џамија со минаре, вика, а бе поголема глупост од тоа нема. Вика, во тој град муслиманите се вратени 300 години назад. Вика, место да ги учат децата на вистинските вредности на исламот, дека треба да се учи, да се работи и да се држи чекор со светот, они ги пикаат пак во мрачно доба. Без веза. Од збор до збор, на Зафер зборовите.
Значи, слика за малцинство во обединета Европа: сите го знаат перфектно јазикот на државата во која живеат, се декларираат како ДржаваВоКојаЖивеам од малцинско потекло, учат на јазикот на државата во која живеат, ...
Јас лично си немам проблем со Албанците. И покрај ќотекот што го изедов. Да не кенкам тука, не е битно.
Ама можам да ви кажам како може да почнат да се поправаат работите. Еве ти план од неколку точки на Леонче :smir:
Мнозинството од вас да научи македонски.
Мнозинството од вас да не ги учи децата да убиваат Неалбанци.
Мнозинството од вас да престане да пее “Скрши му ја главата на каурот, тресни го од земја и речи му нека ти е со среќа земјата“.
Мнозинството од вас да научи дека децата не се сопственост.
Мнозинството од вас да сфати дека машките деца не се стока што по потреба се дава за курбан (крвна освета) и лична војска.
Мнозинството од вас да сфати дека женските деца не се за продавање, предмет за по дома и фабрика за деца.
Мнозинството од вас да сфати дека во обединета Европа се плаќаат даноци и сметки и дека треба да се навикнат на тоа ако сакаат таму.
Мнозинството од вас да не го гњави Алах со благодарници кога некои мајмуни со пушки ќе убијат полицајци. Си има он попаметна работа и преку Мухамед ви кажал многу убави работи, ама погрешно сте го сфатиле.

Мнозинството од вас да сфати дека живее во Македонија и дека треба да ја брани оваа држава.
Мнозинството од вас да престане да брани криминалци само затоа што се Македонци со албанско потекло.
Мнозинството од вас да престане да прави етничка фама после апсења, како што не се прави фама кога ќе се уапси Македонец.
Е сега, да не ме сфатите погрешно, не сме и Македонците ангели небесни, си имаме и ние точки во главата, ама за тоа имам башка листа што ќе оди во една друга тема.
За некои работи што ги набројав горе треба и ние да се позамислиме и апсолутно важи и за нас, ама реков, тоа ќе оди во друга тема.
И да ... мнозинството од сите да сфати дека нема поделба на “нас“ и “вас“. Точка.
Сега ќе почнете сите да ме пцуете, не ми смета ама би сакал да дискутираме цивилизирано, како што доликува на луѓе што се стремат кон обединета Европа.
Ако е офтопик, однапред се извинувам.