Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Jас гибаница правам малку поинаку
Сирењето не го мешам со јајцата и млекото
Ако го следевте видеото можевте да забележите дека како ги става гужваните кори мешавината се се по густа
Значи корите ги макам во мешавина од млеко и јајца, а сирењето посебно го додавам ( дробено сирење )
Инаку не ставам павлака или кајмак. Во Србија користат посно сирење . Нашето сирење е полномасно и ако ставите павлака гибаницата че биде многу тешка
 
Колачиња од банани
Најдов некој рецепт на интернет од колачиња со пасирана банана, путер од кикирики и овесни житарки, ама јас си го имам модифицирано по мое.
Потребно е една банана, овесни снегулки, црно чоколадо, кокос, било какви јатки по избор, јас најчесто ставам лешници и ореви.
Бананата се пасира, се додаваат овесни житарки (мене со една пасирана банана ми одат 5 големи лажици житарки), мелени или ситно сецкани ореви, бадеми, лешници, сецкано црно чоколадо. Добро би дошло наместо чоколадо да се додаде некакво шумско, замрзнато овошје.
Се формираат колачињата и се печат 10 минути на 240 степени.
Убавини!
oatmeal-banana-peanut-butter-cookies-062-001.jpg
 
Последно уредено:
Многу ретко готвам ама последниот пат (пред неколку месеца) зготвив омлет. Во него имаше 3 јајца, ситно издробено сиренце (може наместо сирење да се стави кашкавал), ситно исецкана шунка, ситно исецкани печурки, 2 супени лажици пресно млеко (млекото не е задолжително), путер, оригано и ситно исецкани маслинки (во помала количина). Откако сево ова ќе се испржи одозгора му ставам малце кечап. Прекрасен е вкусот, ако некој сака нека си направи ваков омпет. Нема да се покае :masa:
 
Колачиња од банани
Најдов некој рецепт на интернет од колачиња со пасирана банана, путер од кикирики и овесни житарки, ама јас си го имам модифицирано по мое.
Потребно е една банана, овесни снегулки, црно чоколадо, кокос, било какви јатки по избор, јас најчесто ставам лешници и ореви.
Бананата се пасира, се додаваат овесни житарки (мене со една пасирана банана ми одат 5 големи лажици житарки), мелени или ситно сецкани ореви, бадеми, лешници, сецкано црно чоколадо. Добро би дошло наместо чоколадо да се додаде некакво шумско, замрзнато овошје.
Се формираат колачињата и се печат 10 минути на 240 степени.
Убавини!
oatmeal-banana-peanut-butter-cookies-062-001.jpg

Имам пробано слично. Не ти гори чоколадото?
 
Кога го спомнавте сецканото чоколадо, јас ги имам правено овие, пред 2 години сигурно. Уште го чувам испринтаниот лист. Три - четирипати ги имам направено. Ептен се вкусни, арно ме потсетивте на нив. :D
Само што тестото е поприлично растресито и потешко се формираат топчиња. Инаку се многу лесни за правење. Баш ако ги направам повторно, ќе си ја освежам меморијата какви беа и ќе прикачам фотка, обавезно. :D

Американски колачиња
  • 125 грама шеќер
  • 200 грама чоколадо за готвење
  • малку прашок за пециво
  • 200 грама маргарин
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 300 грама брашно
  • 1 јајце
Се мати јајцето со шеќерот додека не се стопи и ја добие потребната густина. Се додава пола маргарин и се изедначува. Па се додава брашното, пецивото, ванилиниот шеќер и чоколадото - кое треба да биде исецкано на помали парчиња. Се замесува, па се додава уште малку брашно и се прават топчиња. Топчињата се ставаат на премачкан плех. Се печат на 200-250 степени.

chocolatechipcookies.jpg
 
А да пробате чоколадото да го растопите пред да го ставите?
Нема да биде после цело препечено на местата кај што ќе излегува на површина?
После ќе правам пак, ќе пробам овака како што велиш па ќе ви кажам како ми излегло.[DOUBLEPOST=1421518898][/DOUBLEPOST]Убаво излегуваат и со додадено стопено чоколадо во смесата.
Пола ги испеков без чоколадо, пола со чоколадо. Мислев дека нема да ми стаса од чоколадото, ама излезе дека сум направила и повеќе од колку што треба. Остатокот го употребив за да ги полијам оние колачиња што беа без чоколадо. Убави се и тие. :D
 
Последно уредено:
Три Лече

thumb.jpg

За подготовка на рецептот ви требаат:
  • 300 грама шеќер
  • 6 јајца
  • 2 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 400 грама брашно
  • 0.5 л слатка павлака
  • 2л млеко
  • 300 грама млеко во прав
  • карамел прелив или карамели бомбони


Во сад издвојте ги белките од жолчките. Белките избијте ги со миксер и постепено дојдајте го шеќерот и ванилиниот шеќер. Кога добро ќе се измати додајте 1 по 1 жолчка и матете додека не добиете густа пенеста смеса. Додајте ги брашното и прашакот за пециво и мешајте полека со лажица. Готовата смеса турете ја во подмачкан плех и печете во загреана рерна на 220 степени. Кога ќе се испече се превртува од плехот и се остава да олади. Во плехот каде што се печеше кората турете ја слатката павлака и над неа ставете ја оладената кора, оставете да впие неколку минути. Во меѓувреме млекото во прав и 0.5 л млеко помешајте ги за да нема грутки. Така добиената течност без грутки додајте ја во 1.5 л млакото млеко, па прелијте ја кората со млекото. Оставете во фрижидер да се олади и послужете со карамел прелив или ако неможете да најдете купете карамел бомбони и стопете ги.

Јас не ставам млеко во прав.
 
Три Лече
Јас не ставам млеко во прав.
Ова најнапред сум го пробал во слаткарница. Тогаш ми рекоа дека го прават од некаков увозен прашок.
Сега гледам дека не е така.
Не ме воодушевува.
Повеќе ми одговара нашата раванија
 
Ова најнапред сум го пробал во слаткарница. Тогаш ми рекоа дека го прават од некаков увозен прашок.
Сега гледам дека не е така.
Не ме воодушевува.
Повеќе ми одговара нашата раванија
Se prae od nekoj prasak isto. Porano od Grcka ili Srbija nz tocno go nabavuvale. Sea go ima i kaj nas :)
 
Американски колачиња
Баш ако ги направам повторно, ќе си ја освежам меморијата какви беа и ќе прикачам фотка, обавезно. :D
ИСПОЛНУВАМЕ! :oeoeoe:

Сериозно сега. Еве ги. :D
Само што ја малку така ги утнав... таму пишува 1 пециво, јас ставив 1 ипол.
Имаше едно отворено и ај викам да не стои така, па затоа ми се нараснаа повеќе и спласнаа. :ROFLMAO:

Инаку, ставив малку помалку брашно и малку повеќе маргарин. Многу лесно се формираа топчиња. Ќе си видите од рака, ќе си додавате маргарин или брашно. Јас на крајот додавав маргарин, ама го гмечев во смесата, бидејќи ме мрзеше да го матам повторно, па супер се изедначи. Се' на се' околу 230 гр. од прилика употребив.

Не ги пробав јас, моите ги пробаа и ми рекоа дека се вкусни, па сеа ако ме лажат... :D

IMG_0131.jpg

IMG_0163.jpg

IMG_0165.jpg
 
Ова најнапред сум го пробал во слаткарница. Тогаш ми рекоа дека го прават од некаков увозен прашок.
Сега гледам дека не е така.
Не ме воодушевува.
Повеќе ми одговара нашата раванија
Што подразбираш под раванија? Тоа што се праве со маџун или со мармалад и излегува како сув колач?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom