Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ај погоди што правев
Јап МАФИНИИИИИИИИИИ
2 јајца
1 чаша шеќер (филџан за чај)
1 чаша млеко
1 лажичка ванила екстракт
1 лажичка пециво
1/2 лажичка сол
1 чаша какао
1 чаша брашно
2/3 чаша зејтин
малце инстант кафе за појак вкус
додаток (не мора): имав неколку видови до пола изедени чоколадоги искршив и ги додадов во смесата
Секоја состојка како ќе ја додадеш ја мешаш со жича за матење
Печење 15-20 мин на 180 (се проверува со чачкалица после 15 мин дали се готови)
Прегледај го приврзокот 109208
Немам Стојне, ама и вака се преверзијаДекорирај со шлаг одозгора и чоколадни мрвици.![]()
Немам Стојне, ама и вака се преверзија
Зборовите food porn буквално ги имаш сватено?Солени стапчиња.
Прегледај го приврзокот 109926
- Еден квасец, пола лажичка шеќер, една лажичка брашно и малку млако млеко, се остава на страна да стасува, едно 10тина минути.
- На страна се замесува тесто од 2 јајца, 1 белка, 3 лажички шеќер, 2 лажички сол, пола лажица оцет, 5 лажици зејтин, 250мл. млако млеко и брашно (од прилика). Потоа се додава квасецот и се замесува меко тесто. Се остава да стасува половина час.
- Се формираат мали топчиња (големината исто така од прилика, мене ми излегоа 25). Од топчето се сука долгнавесто кругче, коешто се премачкува со маргарин и се витка.
- Најодозгора се премачкуваат со смеса од 1 жолчка и 2 лажици топла вода. Се остава да одмори тестото уште половина час, додека да се загрее рерната.
- 5 минути пред да се извадат од рерна, се попрскуваат со смеса од 3 лажици брашно, 1 лажица сол и вода од прилика (густината нешто како кај јогуртот, да нема грутчиња).
Прегледај го приврзокот 109927 Прегледај го приврзокот 109928
Јас со истово ова тесто, правам и погача. Ептен е погодено.Само што овој пат ептен на брзинка ги направив, не ги оставив ни да стасуваат како што треба, дури и со смрзнат маргарин ги премачкував, па затоа не личат ич на лиснати, ама по вкус беа погодени.
6 саати се прикачуваат сликиве, морав да ги resize-нам.![]()
Тестово неколку пати го имам пишувано и користено, за сите прилики ми е.)
Еве го и во елка издание. Едниот дел е блитва со белка, другиот е ајвар.
Прегледај го приврзокот 109962 Прегледај го приврзокот 109963
Прегледај го приврзокот 109965
Не, правев и кифлички. А за елката само пола доза ама со цел квасец, таман ќе е.Го имаш преполовено рецептов?