Сејф Сити (Safe City)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување

Eve ti kodovi za opstini najlesno e so kartica vo policiska stanica kurs 1eur = 62 den.
не можеш Safe City казна у станица со картичка да платиш
барем ја коа плаќав не можеше, треба уплатница и банка
 
Практичен и добар пример за тоа како промена на навики (во овој случај сообраќајни) може да донесе корист. Во овој случај, правиме муабет за спасени животи:

Прегледај го приврзокот 487856

Во периодот јануари–август 2025 година во сообраќајни незгоди животот го загубиле 96 лица, додека во истиот период од 2026 година загинале 62 лица. Тоа се 34 помалку загинати лица, односно намалување од 35,42%.

Истовремено, вкупниот број настрадани лица е намален од 4.731 на 3.868. Станува збор за 863 помалку загинати и повредени лица, односно намалување од 18,24%.

Линк до статија.
Ставив лајк, оти ме радува добра статистика
Е сеа, статистика ко статистика, ама јас ја гледам вака:
- 50% од разликата е од страв да не попиеш казна.
- 50% е од тоа што за последните година дена од Мк се имаат отселено околу 100к, претежно тие што имале троа муда, па сега не ја загрозуваат јавната безбедност.
Како и да е, статистички со секој ден стануваме се' подобри.
 
Ова со напредокот е како со култната сцена и реченицата од филмот ,, Сјечаш ли се Доли Бел'' - Свакога дана у сваком погледу све више напредујем.
 
Ставив лајк, оти ме радува добра статистика
Е сеа, статистика ко статистика, ама јас ја гледам вака:
- 50% од разликата е од страв да не попиеш казна.
- 50% е од тоа што за последните година дена од Мк се имаат отселено околу 100к, претежно тие што имале троа муда, па сега не ја загрозуваат јавната безбедност.
Како и да е, статистички со секој ден стануваме се' подобри.
Фер, али трендот е добар. Хелсинки дојдоа до 0 жртви со прилагодување закони (со поместување на ограничување на брзина надоле): https://www.motorbiscuit.com/capital-city-zero-traffic-deaths-year/

Не гледам зошто во Скопје мора по 30 луѓе да гинат во година, кога можеме да сме на 0, така да мене ова ми се свиѓа. Добра регулатива, адекватна казнена политика, адаптирање на културни навики. Некад делува досадно да се вози со 30 на саат, али од друга страна ако тоа значи 30+ луѓе повеќе на годишно ниво да се живи и уште илјада плус се здрави, што да не.
 
Проблем се моторите кои не ги ловат. И апликациите за ознака за камери. Пак истите моторџии летаат и се протињаат меѓу коли, пак оние со коли што знаат кај се камерите, летаат ко луди меѓу 2 камери.
Добро е што е намалено ама овие погоре се само за рации и патроли. Некои служби не може ни аи ни камери да ги замени.

И да, што ми беше зборот, никако да ги освежат барем пешачките премини.

Ама у секој случај знаеш дека е есен кога мамички возат 30-35 км/ч :)
 
Сега со сменава на времево ќе видиш кога сите што ви сметаат на мотори, тротинети и точаци ќе се убацат у сообраќај со кола и ќе возат по пропишаните 40 км на час, има бога да молиш пак да се качат и да проаѓаат меѓу коли.

Нема спас за овој народ тука џабе е, треба да ти стават и дома камера да не случајно пуштиш бојлер пред 10 навечер или да не ти горат 2 сијалици пошто поголема потрошувачка правиш од таа што ти е реално потребна, па и со такви казни може ќе се научиме и дома како да се понашаме.

Еве сега ќе стават камери и по парковите пошто се оштетува и се фрла, и у главно све да биде покриено со камери и казни да не можеш да прднеш на раат.

Од овој шлајм што е останат тука не ни може нешто подобро да се очекува, треба да те казнуваат за да се научиш на најосновните работи во животот.
 
Back
На врв Bottom