#СегаКажувам

  • Креатор на темата Креатор на темата Џамлија
  • Време на започнување Време на започнување
Ona koga edinstven talent vo zivotot ti e da izigravas zrtva.
So kakva omraza e pisan tekstov nebare u paralelen univerzum zivee ovaa...
Да проговорат за насилството особено од страна на моќниот пол, на мажите, на суштествата дадените од Бога, надмоќни исклучиво во физички смисол, но низ вековите, историјата на машката доминација им оди во прилог.

Стануваат семоќни надбожества, оттука ја црпат силата д се прогласат не само за обични поседувачи на женското тело, не, тие сакаат уште, многу повеќе од тоа, тие сакаат да земат се.

Стануваат робовладетели, нејзини тутори и господари, нејзини џелати. Додека жената го добива местото на зрнцето, прашинката, на тишината, таа е, како вели Симон Де Бовоар- Другата.

После сите исповеди кои ги прочитав, беше ужасно и да се прочитаат некои коментари: се се сведува на општ консензус за вистинското место кое и припаѓа со векови на жената- дека заслужува да биде силувана, угнетувана, малтретирана, сексуално вознемирувана, систематски уништувана.

http://novatv.mk/kraj-siluvajte-gi-zhenite-sami-si-go-baraat/
 
Добра кампања, мада незнам што би променила кога живее кретенски народ. Ја сум против да се гледа на жените ко секс предмет. До курца више види каква е пичка, курва дронфули и остали муабети. У животот може да ти се најде жена више да ти помогне и на нејзе да се ослониш него некој што има муда рецимо.
И не се сите жени курви, него само 90 посто ко што рече @Ilumious :D
 
Добра е кампањава во смисол дека може ќе замисли некого што го праи тоа, малку да се опамети.
Ама како и за се' во државава, некој се прикажува како револуционер, некој како патриот, а суштински сите се лешинари и само за г***а јадење ги бива. Да, има гуски што погрешно ја сфатиле и сакаат внимание, ама сите ли се такви?
Нема некој да не се сеќава на некој фрик професор (ок, освен во оние средни школи каде што девојчиња се помал процент). Јас памтам еден кој отворено си пикираше одредени личности во класот и редовно ги ангажираше само за да има поголема интеракција со нив, почест контакт и тоа стварно женски ликови што не провоцирале. Као средношколци тогаш сме реагирале со смеење, ама од денешна перспектива можам да замислам колку им било глупо на тие, веќе возрасни жени - се сеќавам дека не уживаа баш во тоа. Сеа дека ќе го пишат тоа на фејсбук - голем стап, ништо нема на нив да им промени. Поголем проблем е што кај нас нема да има вистински импакт, туку ќе стигне само до одредена група луѓе. Ете, најголем дел од коментарите се као да се случувале случките вака: таа носела допичњак со деколте (ама ружна е според коментаторот), па тој, наставникот/професорот/директорот реагирал „као право мушко“ за да и дојде памет на курвата (според коментаторот), а уствари прочитав и ситуации за девојчиња од основно и средно школо, за кој треба да си тешка ретарда да коментираш со размислувања од долната глава и да даваш такви малоумни коментари. Има жени кои сами си го бараат, никој не вика тоа дека го нема, ама тоа е друга ситуација, друг аспект. Напрајте си таква кампања у која сте изгубиле работно место, пошо некоја му ги извадила на газдата на биро и го „убедила“ дека е боља од вас, па цмиздрете...мислам и ја би имал што да пишам на темата. Добар дел ќе ја испо'ркаат кампањава (еве као ретардираниот волк, неолиберали, сорос, п материне....) и таа ќе си се уклопи у културолошкото сивило, кое е плодната почва на финансиската сиромаштија, политичкото силување што ни се приредува од надвор и сите процеси што ја распаѓаат државата.
Мене поише ми е забелешката - дај бе читајте прво против што јадете г***а.
Ку**ц, ве научија русјаков и другите бубуљичасти гебелсовци што немаат п***а со очи видено да размишљате ко некои е***и ариевци и све да мрзите околу себе. Упалете светло, замијте се малку, дезодоранс и прочитајте до крај прво што ви е сервирано, па после шлапајте по тоа тастатурите.

Еве како пример, од скоро време - една изложба во Брисел, за да ги отстрани баш тие предрасуди дека секогаш жртвата на силување носи предизвикувачка облека и „сама си го бара“.
https://www.reuters.com/article/us-...pe-victim-outfits-in-exhibition-idUSKBN1F51X3

A new exhibition in Brussels showcases the stories of student rape victims by recreating the outfits they wore during their assault, inspired by a project created by students at the University of Kansas.
 
1) Отварам линкот
2) Билјана Секуловска
3) Го гасам линкот

Била и ќе остане ѓубре од жена...
Biljana-Sekulovska.jpg
 
#СегаКажувам
давам бесплатни сексуални услуѓи само на манијачки!
 
Како бе тоа она си зима за право СИТЕ да не етикетира како такви.

Цитирам - "на мажите, на суштествата дадените од Бога, надмоќни исклучиво во физички смисол, но низ вековите, историјата на машката доминација им оди во прилог.
Стануваат семоќни надбожества, оттука ја црпат силата д се прогласат не само за обични поседувачи на женското тело, не, тие сакаат уште, многу повеќе од тоа, тие сакаат да земат се.
Стануваат робовладетели, нејзини тутори и господари, нејзини џелати. Додека жената го добива местото на зрнцето, прашинката, на тишината, таа е, како вели Симон Де Бовоар- Другата."

Не е ова навредливо односно навреда за мажите ? Не е ова до извесен степен (мек) говор на омраза?
Види, оваа статија ќе наиде на каква-таква поддршка од страна на јавноста. А она тука не нарекува "џелати" и во злобна смисла господари над судбината на жената.
Сеа замисли у целава оваа кампања, некое машко да искочи и да тресне глупост од типот "сите жени се ку*ви, и служат само за готвење и секс". Ќе го распарчат инстантно. Додека оваа си постира лабаво и не етикетира сите нас као џелати, апсолутисти и злобни извитоперени семоќници (у таков контекст беше напишана колумнава).
Баш оваа колумна дојде као кец на десетка за да ја изрази целата арогантност и неискреност, и ја симна маската во борбата за правата на жените, од страна на себе-етикетираните феминистки.

Ќе биде (сеуште е) многу тешко да се избрише историската компонента во муабетот. Никогаш жените нема да го заборават минатото во целост. И, истото треба да се користи за репер - "да не се повтори", а не да се користи како алатка за лепење етикети. Секогаш ќе го имаат тој аргумент као џокер у ракав, и без оглед колку ние фактички во иднина ќе бидеме изедначени, они ќе си го вадат тој џокер од џеб и ќе бараат уште повеќе, и ќе ни трупаат грижа на совест заради тоа.
 
Каде беа предходно да направеа кампања пример а не вчера се насадија и сега читам по фб само тоа пишуваат,како на факс професорот или во средно им барал секс услуги трагикомедија сте .
Или таксистот им барал место пари со секс да платат мизерија сте .
Мое мислење за кампањата е катастрофа поубаво нека се заборави и така со тек на време ке се заборави и ТОА ЦЕЛАТА КАМПАЊА Е СМЕШНА
 
Во време на капитализам нормална појава е ова. Услуга за услуга. Сакаш повисока плата? Лапни го. Сакаш повисока работна позиција? Па најобичен пример за тоа го имавме еден министер во ноќни часови кога изиграваше мангуп со една цуца,за која после излегоа документи за работното место кај што конкурирала е избрана “КАКО НАЈДОБАР КАНДИДАТ“. Сигурно условот не и бил усно кажан - дојди и лапни го , ама сама си ја знаела процедурата.
 
Кампањава и не мора да биде лоша работа ако се земе во смисол ставање фокус на ваквите прашања, кои очигледно насекаде во светот се ставаат под тепих и се во сенка на условно кажано машката доминација во одредени професии.
Она што е симптоматично и што во голема мера фрла сенка кон ваквите иницијативи и ги става под знак прашалник нивните намери се изворите, во случајов џет сетот, Холивуд како иницијатори на трендови низ целиот свет.
Кога ќе се земе предвид каква багра работи таму, какви трендови се фураат на голема врата и на тој начин се обликува јавното мнение по до вчера табу теми како што се: истополови бракови, абортуси, меѓурасни врски...сега и ова, не е за чудење што целата иницијатива наидува на негодување во повеќето кругови и е оквалификувана како обид за привлекување на внимание кон себе за себични цели на некои актерки и работници во шоу бизнисот. Се става под знак прашалник и веродостојноста на ваквите приказни и што е уште посимтоматично нивната цел. Без докази се уништуваат кариери преку ноќ, единствено врз основ на изјава и се лепат етикети на се живо кое оди контра ваквите трендови.

Феминизмот од наводна идеологија за борба за права на жените единствено служи за пресметки со неистомислениците и иницира меѓуполова омраза, ништо повеќе. Неговите цели се промашени од корен а неговите следбенички се се' само не борци за права на жените.
Во тој контекст целото ова движење се претвори во една голема фарса, движење кои служи единствено за остварување на туѓи агенди и во ниту еден случај не допира до најранливите. Конкретно кај нас обичните работнички во фабриките, конфекциите кои се соочуваат под константни притисоци и мобинг. Ова важи и за двата пола и е институционален проблем. Иницијативата е добра само ако се сфати како апел да се превземат мерки против ваквите девијантни појави, а тоа дека сама од себе ќе доведе до револуционерни промени чисто се сомневам.

Иако е веќе многупати кажано и звучи како клише јас ваквите иницијативи би ги сфатил за сериозно кога би се насочиле кон најранливите, сиромашните и беспомошните насекаде низ светот. Кога нивната цел би била искоренување на практиките во одредени средини кои водат кон деградирање на жената до степен на негирање на основните човекови права. Пред се зборувам за муслиманските земји од блискиот исток и земјите од третиот свет. Е тогаш ваквите инивцијативи би биле сфатени сериозно, до тогаш единствено ќе бидат само моментален тренд со ограничен простор на влијание, пред се во круговите на богатите земји. Со други зборови ќе го продлабочуваат јазот помеѓу мажите и жените уште повеќе и ќе создаваат тензии, ништо повеќе.
 
апсолутно ги поддржувам овие кампањи само поради што сметам дека голем дел од жените особено оние од постари генерации се плашат да пријават сексуално малтретирање, полов напад итн. се плашат поради општествената стигма што беше присутна до пред една декада.
али како и многу вакви кампањи и оваа ќе се "издува од пропорции" со коментари кој нема никаква врска со темата туку класично attention whoring и коментари како : "ми рече качи се на кур па видија" и слично. Лесно ќе стани кампањава да се тресат зелени за слава отколку жени кој стварно виделе мака во животот и собираат храброст да пријават.
 
И на мене ми симтпоматично тоа што све што не чини на светов се случува на една мала екипа намачени грантисти од невладиниот сектор.
Тоа што физичкиот изглед на оваа група паталци е доволен да ти каже дека све ова им е измислено е друг муабет.. ја би идел до таму да кажам дека ова може да им се и фантазии, нешто како 50 шејдс, пошто не верувам дека некој би им побарал уопште пичка, камо ли да злоупотребува позиција за нив.
Врие општествово од напатени жени што мора све и свашта да трпат, ама овие укрепи со оваа “акција’’ се последно нешто што може да им помогне.
 
Последно уредено:
Дека го претеруваат некои како што веќе кажав и што пиша курајбер, го претеруваат ама да се рече дека скрос не постои поготово во државава, тоа е апсолутна невистина. Ако не дискутираново, тогаш тежок шовинизам и доскочици од таков тип секако постојат. Ако имате другарка во IT сектор или во друга "машка" бранша ќе ви потврди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom