Многу ми е јако коа фаци ја банализираат проблематикава така што си уфрлаат некои нивни сценарија во игра. Hashtag трендов си нема благе везе со cat calling и провокативно облечени асистентки кои немаат никаков директен контакт со тебе.
Ниту пак случаи ко Козби кај што некое шлакнато дртало им бута шпанска мушичка на колешките во сокчето.
1.Тука станува збор за луѓе кои ја користат својата позиција за вербално или физички да присилат нивни underlings на сексуални акти. Самите импликации на ваков harassment се истражувани и документирани во еден куп долгогодишни истражувања и метастудии.
Жртвите, (да бе жртви се) на ваквото однесување, без разлика на полот се под огромен притисок пошто не станува збор за обично одбивање на некој рандом фин лик што те частел во петок во привилиџ, Тука твојот претпоставен ти дава несоодветни комплименти, флертува со тебе и ти си оставен да му ја мислиш на сите импликации од тоа да го одбиеш. Дали ќе изгубиш работа? Дали ќе стане шупак према тебе понатаму? Дали ќе стане агресивен? Дали коа ќе напуштиш работа ќе ти даде добра препорака во друга фрима? Дали ќе јаде гомна за тебе и пошто има поголем авторитет ќе ти ја уништи репутацијата?Сите овие срања апсолутно мора да ти проаѓаат низ глава во такви моменти бидејќи се реални сценарија и реално можеш да го јадеш ако кажеш не, во зависност од карактерот на претпоставениот.
Освен тоа, жртви на вакво насилство губат од продуктивноста пошто не им се иде на работа, губат волја, земаат слободни денови и се плашат воопшто да пријават сексуално насилство пошто и тука постои ризик дека нема да бидне ништо од таа работа, па џабе ќе пријавуваш а ќе бидеш во лоши односи со шефот па и тоа ќе те доведе во ситуациите наведени погоре.
2.Студии покажале дека работници кои биле жртви на сексуално малтретирање од страна на надлежни, шефови и менаџери се поподложни на развивање длабока депресија, како и продлабочување на веќе постоечки емотивни/психолошки пореметувања. Студиите како
оваа покажуваат дека сексуално малтретирање на работа во почетоците на кариерата придонесува до долготрајни последици врз психофизичкото здравје, без разлика дали жртвите веќе имале психофизички проблеми.
Според наодите на
трауматологов, (можете да и пишете ако сакате) 90% од девојките кои искусуваат сексуално малтретирање на работно место веднаш потоа покажуваат симптоми на акутен стрес.
Ваквото курназење и негирање на проблемите кои можат да настанат се уште еден фактор кој ги спречува жртвите да истапат, па совршено се вклопува во сомнежите кои жртвите ги имаат за ситуациите кои можат да произлезат од самото истапување, (види погоре) и овој долготраен психолошки стрес кој може да се развие во PTSD остава траги и врз телото, како губење апетит, главоболки и нарушување на сонот.
Самиот cat calling знае да биде стресен бидејќи од кај знае бе девојка што се враќа сама накај дома дали сељандурите што и добацувале нема да ја следат и да ја раздрапаат во некоја темница?
3.
@jamey jasta Стварно не сфаќам као успеваш да еквивалентираш манипулативни жени и ебан газда кој наместо професионален однос флертува со тебе и те форсира на сексуални односи. Не знам и од кај ти се има увртено у глава дека некој им забранува на мажи да се изјаснат, и дека жени не можат да бидат агресори. Има миљарда фактори зошто мажи помалку се изјаснуваат за вакви случаи, првенствено поради его а дополнително пошо сакал нејќел, поголемиот дел од луѓето кои се шефови, менаџери и луѓе на позиција се мажи. За малтретирање на работа во Македонија имаш опција да пријавиш анонимно преку Левица, и таму не верувам дека ќе ти речат не може ако си машко.
Пази, тука лежи проблемот. Што сите само зборат,
а фактички и објективно никој од тие ништо не презема со тоа. Околу ова се што го изнесе, еве ќе ти покажам некои факти како стварно можат да ја зголемат свеста и фактички да допринесат кон подобрување на ситуацијата ... Има многу малку начини за заштита од било каков мобинг(како психичко и полово вознемирување) на работа. Има некоја "смешна" фејсбук страна МОБИНГ СТОП, која што има премалку импакт и премалку луѓе ја знаат, и нивната активност на социјалните мрежи се базира на постови за случаи на мобинг, а не преземање мерки и едукација на населението за реални чекори во подобрување на овој проблем . Последниот нивен пост им е од пред повеќе од 1 месец (тоа доволно кажува колку и се замараат дечкиве), наместо да заземат агресивна и СЕКОЈДНЕВНА герила social media кампања, нели со едукација, постови, колумни и тн. Таму , преку таа страна, може да се добие помош/совет/пријавување околу мобинг. Но тоа не е интересно и не ни го задржуваат вниманието таквите теми . Same old boring закони, законски можности за заштита, НВО сектор, здруженија, кризни центри и тн. А поинтересни се персоналните интриги и приказните на девојките, кои се борат појак уметнички дојам да доловат со своите постови, хмм?
Понатаму, ја спомна Левица, има СОС телефон од Сојуз на синдикати и тоа е. Тие се можностите за пријавување на мобинг. И тие се како што реков,
неефикасни. Па дај, продебатирајте, анализирајте, едуцирајте и пред се
преземете нешто. Зголемете ја свеста за зајакнување на заштитата од институциите (која е оскудна за ова прашање). Она што можат да го добијат од мене е позитивна енергија и целосна поддршка во нивните походи по правдата.
Сите тие прашања што ги наведе погоре. Па побогу, доколку сметам дека ќе имам таков проблем на работа.. СИ идам бе, очи не сакам да им видам, ако треба на леб и паштета ќе бидам цел месец. Сеа да, различно е ова да се збори од мајднсет на некој млад човек со факултет, па различно е ова да се збори од аспект на жена работничка у конфекциска фирма која има дете у школо (no disrespect спрема професијата, ја земав како репер у овој сегмент). Ама мојот живот и здравје мене ми се најбитни. За се друго има решение. Па тука спомнуваш препораки, дали ќе им се иде на работа или кој знае што... Дали мислиш дека ме боли к.р за препораката, кога моето здравје,достоинство и психичка добробит би биле доведени во прашање? И еве, многу од нас сме биле на посуптилни начини злоупотребувани на работното место, дали нема да не платат, дали ќе не тераат да да работиме + саати, нема да не пријават и тн и тн. Кај нас стана пракса кај 80% од фирмите "црно на бело" да се зема 12.000 а остатокот у кеш. Е, у толкави гомна сме навлезени. Па види колкави се проблемите околу ова прашање.
Ама nevermind, секако се научивме фаци како Ина Многу фина , Сашо Тасевски, Лешовски, Дац, Васиљ и разно разни твитерџии и тн да ни дефинираат морал и етика по социјалните мрежи. Пази. Луѓе на кои единствен скил им е статус да напишат и др социјални мрежи, а појма немаат за стварите кои што ги пишуваат (буквално појма немаат).
2. За вториот пасус, нема што многу да се додаде. На сите ни е јасно дека вознемирувањето (да не зборам насилството) у било каква форма е крајно сензитивна работа и носи позади себе многу здравствени, психички и социјални последици, и тоа прашање воопшто не е заебанција и бара сериозен пристап.
3. Овој муабет ќе го насочам кон популарниот хаштаг. Значи пази, тие што изнапишале се и сешто таму, сметале дека нивното трауматично искуство кое во многу случаи е многу лично, е доволно сериозно за да се сподели на фејсбук као пост/статус и тн... ама највеќето од нив не преземале апсолутно ништо во поглед на истото, односно нивниот случај не го процениле дека е доволно сериозен за да го пријават и да преземат нешто (од Х причини). Ретко прочитав
случајот беше пријавен.
И јас стварно сфаќам дека треба да се поработи во државава за ширење на свеста по многу прашања, не само овва... и го ценам фактот што ете се потрудиле некако, иако идејата им е крш и објективно неефикасна. Ама незнам како да ти кажам дека постовите се дебилни и воопшто не ја постигнува својата цел тој хаштаг, можеби затоа највеќе ја истролаа истата иницијатива. Бидејќи стварно од авион се гледа дека има многу финеси изнесени кои се измислени. И постовите се доведени на ниво на сценарио за шпанска серија.
Пази, многу често видов да се спомнува факултет ,академска средина, едуцирани и образовани луѓе. Па со таа молчаливост и со тоа што не сте отишле ДО КРАЈ, само сте "ги прифатиле нештата такви какви што се", и сте станале преќутни послушници на воспоставениот систем.
Со помислите од типот "ако кренам глас ќе ме отпуштат/ нема да завршам факултет" само покажувате дека ја ставате вашата работа, вашите студии
пред вашата психичка, емотивна и физичка добробит, здравје и дигнитет.