Седумте ветувања на Господ

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Сите ние сме свикнати на ветувања. Исто така сме навикнати да ги гледаме тие ветувања како се исполнуваат или се прекршуваат. Секој кој проживеал малку повеќе од животот може да потврди дека не ги исполнил сите ветувања кои ги дал. Постојат повеќе причини зошто ова е точно. Понекогаш забораваме, понекогаш не ги исполнуваме ветувањата заради негрижа, а понекогаш поради околности кои се надвор од нашата контрола

Што е со ветувањата на Бог? Колку се тие сигурни?
Ветувањето нема поголема вредност од способноста на оној кој го дал да го оствари до крај. Тоа исто така ја вклучува и волјата да се стори тоа. Бог навистина го исполнил ветување кон Аврам...
А ветувањата им беа дадени на Авраама и на неговото семе. И не вели: „и на семињата”, како за мнозина; туку како за еден: „и на твоето Семе” Кој е Христос.
....исполнувајќи го истото преку Исус Христос
Обликот на Исусовиот живот на Земјата беше оформен преку неговата вера во моќта на божјите ветувања...Кога Исус рекол... Јас Сум Лебот на животот; „Јас Сум Светлината на светот; „Јас Сум Воскресението и Животот;..го рекол тоа на тој начин бидејќи сватил дека бил овластен од Таткото кој ветил дека Синот ќе биде воздигнат од гробот.

Што можеме да кажеме за ветувањата на Господ ни ги дал нам?

1.А мојот Бог ќе ја исполни славно секоја ваша потреба, според Своето богатство - во Христа Исуса. – Филипјани 4-19
Забележувате ли дека Бог се обврзал Себе си само на големината на нашите потреби. Тоа ги вклучува храната , облеката, засолништето, другарството, љубовта и спасението преку Исус Христос. Ова ветување не вклучува умножување на луксузот на кој ние гледаме како на потреба.

2.„Доста ти е Мојата благодат.- Второ Коринтјани 12-9 Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! – Ефесјани 2-8
Преку послушна вера ние имаме влезено во милоста Божја

3.А Бог е верен и не ќе дозволи да бидете искушувани над вашите сили, туку заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да го издржите. – Прво Коринтјани 10-13
Бог е оној кој може да ве запази од сопнување и да ве постави непорочни во радосно воскликнување пред Својата слава,

4.Бог Го воскресна Овој Исус, за кое ние сите сме сведоци. - Дела 2-32
Бог ни вети победа над смртта. Прво го воскресна Исуса за на тој начин да го потврди и нашето воскреснување... Но, фала Му на Бога, Кој ни даде победа преку нашиот Господ Исус Христос.

5.Но знаеме дека сите работи содејствуваат за добро на оние, кои Го љубат Бога, кои се повикани по Неговата намера; Римјани - 8-28...
Можеби е тешко за нас во одредено време да видиме и да разбереме како тоа ќе се случи, но Бог го ветил и тоа ќе го оствари.

6.Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. - Марко 16-16

7.Бог ни ветил..вечен живот.. Моите овци го слушаат Мојот глас, и Јас ги познавам, и тие идат по Мене. Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака. - Јован 10-27,28

За крај како порака нека бидат прекрасните зборови од Колосјаните 3-2,3..
Мислете за она што е горе, не за она што е на земјата,
зашто вие умревте и вашиот живот е сокриен со Христа во Бога!

Еднаш Мики мислам спомна дека Бог ќе не суди или не по тоа колку сме ги почитувале неговите заповеди а не поради тоа дали лично му се допаѓаме или не. Само мене ли тие две работи ми се многу поврзани?., има и многу симпатични изгубени овци, многу посимпатични и од цело стадо. :)
 
А во што се симпатични изгубените овци? :)
 
А во што се симпатични изгубените овци? :)
Па да речеме симпатични грешници, малку повеќе грешни од стадото, но не претерано, не некој константно да страда од нив, туку да речеме некој што ќе пивне малку повеќе, да има конфликт со некого, па и да направи сладок грев со личност која не е негова... итн, со усул. :)
 
Еднаш Мики мислам спомна дека Бог ќе не суди или не по тоа колку сме ги почитувале неговите заповеди а не поради тоа дали лично му се допаѓаме или не. Само мене ли тие две работи ми се многу поврзани?., има и многу симпатични изгубени овци, многу посимпатични и од цело стадо. :)

Да не останам нејасен:

„...Тогаш Петар ја отвори устата своја и рече: „Навистина сфаќам дека Бог не гледа на лице, туку напротив, Нему му е мил во секој народ оној кој има сравопочит кон Него и постапува правдено...„ (Дела Апостолски, 10.34,34).
 
Па да речеме симпатични грешници, малку повеќе грешни од стадото, но не претерано, не некој константно да страда од нив, туку да речеме некој што ќе пивне малку повеќе, да има конфликт со некого, па и да направи сладок грев со личност која не е негова... итн, со усул. :)
Гревовите се гревови, а Бог не учи да не гледаме по она кое не е наше. Ако светот оди во една насока, ние треба да одиме во другата, по патот кој е праведен.
 
Да не останам нејасен:

„...Тогаш Петар ја отвори устата своја и рече: „Навистина сфаќам дека Бог не гледа на лице, туку напротив, Нему му е мил во секој народ оној кој има сравопочит кон Него и постапува правдено...„ (Дела Апостолски, 10.34,34).

Секако, само не значи дека ако некој и цел живот греши не може да се преобрати пред/во судниот момент, т.е. одеднаш да му стане мил на Бога. Во ред, знам дека ваквите работи не се кажуваат многу отворено за да не ги опуштат премногу луѓето, но сепак е така. :wink:

Гревовите се гревови, а Бог не учи да не гледаме по она кое не е наше. Ако светот оди во една насока, ние треба да одиме во другата, по патот кој е праведен.

Точно, но мораме да бидеме и многу внимателни кога ги гледаме таквите грешници, начинот на кој ги гледаме и судиме многу зборува за нас самите. Ова во контекст на напишаното, не тебе, Кат. :)
 
о
Секако, само не значи дека ако некој и цел живот греши не може да се преобрати пред/во судниот момент, т.е. одеднаш да му стане мил на Бога. Во ред, знам дека ваквите работи не се кажуваат многу отворено за да не ги опуштат премногу луѓето, но сепак е така.

Не е тоа толку едноставно...

Една е ситуацијата кога разбојникот на крстот се покаја непосредно пред да „откине„ а тоа искрено покајание Христос го прифати и го одведе разбојникот, како прв човек кој стапнал во Рајот.
Секој оној кој барем слушнал за Христа, или дотолку повеќе, ако има барем азбучни сознанија на Неговото учење, не може да се прави „на тошо„ и да го чека судниот ден за да се покае, а до судот да си тера световни кеифови..Бога никој досега не Ги излажал, понајмалку смртните битија.
 
Не е тоа толку едноставно...

Една е ситуацијата кога разбојникот на крстот се покаја непосредно пред да „откине„ а тоа искрено покајание Христос го прифати и го одведе разбојникот, како прв човек кој стапнал во Рајот.
Секој оној кој барем слушнал за Христа, или дотолку повеќе, ако има барем азбучни сознанија на Неговото учење, не може да се прави „на тошо„ и да го чека судниот ден за да се покае, а до судот да си тера светосни кеифови..Бога никој досега не Ги излажал, понајмалку смртни битија.

Најс. :wink:
 
Точно, но мораме да бидеме и многу внимателни кога ги гледаме таквите грешници, начинот на кој ги гледаме и судиме многу зборува за нас самите. Ова во контекст на напишаното, не тебе, Кат. :)
Да, судот е на Бог, на нас е љубовта. :)
 
kat.<3;2373387 ние треба да одиме во другата напиша:
добра мисла ..........

права мисла ............

проблематична мисла ...............

РЕЛИГИИТЕ НИКОГАШ НЕ НАПИШАЛЕ НИТУ СПРОВЕЛЕ БИЛО КОГА БИЛО КАКОВ КОНЦЕПТ НА ПРАВЕДНОСТ

КОНЦЕПТИТЕ ЗА ПРАВЕДНОСТ СЕКОГАШ ГИ ИМААТ ИДЕОЛОГИИТЕ

како Христовата Комунистичко Анархистичка Идеологија која

забранува УГНЕТУВАЊЕ- ИСКОРИСТУВАЊЕ - ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ЛУЃЕТО

ОТИ ТОА СПОРЕД БИБЛИЈАТА Е ............САТАНИЗАМ

Е Христовата ПРАВЕДНА Самоуправна Идеологија таква каква е објаснета во нов завет

беше практикувана од 1950 - 1990 год на простори на екс СФРЈ

таква ПРАВЕДНОСТ и висока општествена свест рниту една религија непостигнала

а НИКОГАШ неможениту да постигне ......

религиите се залагаат за лоши меѓучовечки односи..НЕПРАВЕДНИ
 
Gospod ne ispolnil ni edno od svoite vetuvanja!
 
Да, судот е на Бог, :)

ПА не пишува така ...причитај нов и стар завет

Бог ќе му суди на СВОЈОТ НАРОД .....атеистите и идеалистите

Според кажувања на Исус за другите следи автоматска ликвидација

освен за приватизерите и лутите противници на Самоуправувањето

за таквите пишува ..".смрт ќе бараат и смртта ќе бега од нив .."..

смртта луксуз ќе им стане .................
.
.
.
.
.
НАРАВОУЧЕНИЕ :

бидете си атеисти ем е поевтино ем во секој случај и да се покаже библија како точна ( чисто сумњам ) пак ќе си поминете без последици

оти нели секако и нетреба да верувате во лампиони - богови што светат на небото

атеизмот е светска работа ....докажано добра .....

Gospod ne ispolnil ni edno od svoite vetuvanja!

може го изгубил тефтерот каде ги има запишано
 
само сакам да кажам да треба на библијата да и се приоѓа со:

(1%Вреба воо 49%Сомнеж) истокако (49%Вера вон 1%Скепса)

не се токму ниту (т)атеистите ниту (едно)теистите ами ТАО е НАЈ!

„Т А О“ е математичка препорака да не вадиш пресек (ако ја тргнеш хоризонталната линија во А добиваш математички симбол за пресек, не халуцинирам) меѓу вистинитото Т (во логика симболизира true) и постојаноста О (динамички О како елипса е симбол за постојан запазен имбаланс, имам и доказ само повелете побарајте) ами треба да ги обединиш така што О ќе го качиш над Т:

О
Т

со што ќе ја обремениш НАТОваренаТА вистина со трајност. а башка што О врз Т како што се поставени погоре отсликуваат симбол за женскост (венерино огледало): http://www.piney.com/figure46.jpg. marcus лие ментор тука? оваа порака сигурно веднага ќе е избришана (маркусово дифолт подесување кога сум јас во прашање)... сеедно јас си ги изартикулираф својте мисли и сум во мир со себе! за секој случај истово ќе го архивирам на groups.google.com page: http://groups.google.com/group/sci.physics/browse_thread/thread/434b9880358039d0#
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom