Седумгодишниот Марко е добитник на сертификат од „Мајкрософт“

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
браво за детево, стварно не е за верување

...само се надевам дека нема да го прелажат Microsoft (иако натам тргнала работата) и дека ке отиде да работи за слободен софтвер, у ред хат, на пример

пс Free as in freedom :music3:

Напред Марко
 
Јас на негови години не знаев компјутер што е бе!:nesvest:
Секоја чест за детево...:bravo1:
 
Ја на 7 години играв Марио на нинтендо и дискетите ги ставав наопаку, а он може да биде мрежен администратор?! Секоја чест
 
Треба да се предупредат родителите малку да го пуштат повеќе да си игра со другите деца од неговата генерација,зошто такви грешки подоцна многу тешко се поправаат,едноставно поминало времето.Јас кога видов што прават моите деца на 2 и 4 годишна возраст со комјутерот заклучив дека е подобро да ги отргнам малку од виртуелниот свет и ги потикнав да посветуваат време повеќе на играта со своите другарчиња кој дотогаш како да избегнуваа и да разговараат со нив.Денес на 7 и 5 годишна возраст фала богу се омилени во средината во која живееме и се гордеам на тоа иако немаат виндовс сертификати кој можеби ќе ги заслужеа и на 5 години доколку ги оставев да продолжат со активностите на комјутер.
 
Оф оф ја на 7 години под маса станвев не пак пред компјутер ќе сум седнел .... добро то време немаше компјутери ама тешко дека ќе ме заинтересираше и да имаше :)
 
ај нека е живо и здраво македонското генијалче
п.с. па стварно на 7 години и не треба многу да седе пред компјутер
 
Јас имав компјутер на 4 години (Amiga Commodore 500) и знаев да копирам од floppy на друго floppy. Немаше во тоа време ни Windows 95. Во поново време се почесто ќе се раѓаат вакви генијалци.
 
Стварно браво за малиов. На тие години ако најдеш некое дете што има концентрација да учи и да следи од неговите е стварно реткост. Бај де веј како што све се држи на умерено ниво така и ова треба да го пуштат малце надвор со другари да поигра да го научи надворешниот свет
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom