Седница на влада (училишен проект)

Член од
15 јули 2012
Мислења
571
Поени од реакции
832
Имам проект на училиште по предметот јавно право во кој треба да симулираме седница на влада. Јас сум премиерот, единствена точка на дневен ред ни е - абортус. Дали некој знае како изгледа почеток на владина седница, односно отварање на седницата од страна на премиерот? Ако има некое видео, дајте ми линк или опишете почеток на седница. Благодарам однапред :)

П.С. По грешка ја ставив темава во општи муабети, модератори префрлете ја во образование.
 
Во принцип е многу лесно, се делите на две групи и секоја ја обвинува спротивната за ланскиот снег. Чат пат ќе се најде и некој планинар којшто ќе сака да стави оган на микрофоните и на седницата.

П.С Пушти на прва, моментално има седница.
 
^ Моментално има собраниска седница, мене ми треба седница на влада.
 
Епа абортирај се.
Знаев дека ќе има некој ваков коментар, како демек јас не сум се подготвувала доволно за проектот. Еве за твоја информација (иако не треба да те интересира), веќе се имам подготвено и знам што треба да кажам утре, само ми треба видео од владина седница или обичен опис, за да проверам да не имам некои грешки во мојот концепт. Воглавно тоа е тоа, но сепак подобро е кога ќе видам како изгледа седница на владата.
Отсекогаш сум се интересирала за овие политички работи, сега ми се и како предмет на училиште, но не ги знам толку детално работите, затоа и барам помош од поискусните и повозрасните на форумов.
 
http://arhiva.vlada.mk/files/delovnik_za_rabota.pdf

Изволте, мислам дека ова е тоа што ти треба. :)
Видео не знам каде би можело да има, ама мислам дека ти е доволно и ова.
Има тука работи кои би ми биле од корист, но повеќето работи веќе ми се јасни и ги имам опфатено. Всушност, јас утре како премиер ќе треба да отворам седница на влада и потоа да има дискусија (другите од класот се од министерствата) на тема абортус. Имам обмислено како сето тоа ќе изгледа, но ми е потребно да видам како изгледа седница на влада. Мислев некое видео, или некој текст такво нешто некој ако знае :)
 
Се средив (ова од true blue многу ми помогна, ти благодарам :) ) ама запнав кај одлука на влада. Ние треба да дискутираме на тема абортус и каква одлука треба да се донесе за оваа тема? Нема на интернет.
 
Нема на што. :)
Инаку, за одлуката, тоа вие би требало да си решите, за тоа е и седницата. Сега не знам како иде, дали сите министри зборуваат на темата или само тие чиј опсек го опфаќа абортусот (би требало да се здравство, труд и социјала, но не сум сигурен). Сите изложуваат факти, мислења, ставови (пример, што е со оние бебиња за кои се знае дека имаат одредени болести, затоа што тоа може да се утврди уште за време на бременоста, па тука доаѓаат некои етички/морални начела итн итн. ) и на крај би требало да се гласа. Ако гледаш, Владава наша прави кампања против абортусот, но не мора вие таква одлука да донесете. Всушност, се' е до личниот став. Најлесно е така, секој нека го изнесе личниот став, иако и претходно може да се договорите што како би течело.
Е сега, не знам дали воопшто ви е битна одлуката која ќе се донесе, сепак, тоа е само симулација, битна е процедурата да ја направите ко што треба.
 
Па да, јас како премиер давам збор на одредени министри и потоа прашувам дали некој сака да се произнесе по излагањето на министерот.
Еве каков концепт направив јас, вака планирам да ја водам седницата, гледам ти се разбираш од овие работи, па ако би сакал да ми кажеш дали ми е како што треба, ќе ти бидам многу благодарна :)

Доаѓам, седнувам и велам: Добар ден на сите.
Ја отварам 71-ва седница на влада со следниот дневен ред:
1. Абортус
2. Разно
Дали се прифаќа овој дневен ред? (Тие ќе кажат ДА).
Заклучувам дека едногласно е прифатен. Сега предлагам да го усвоиме записникот од седница број 70. Дали некој има забелешки? (Бидејќи не сме правеле симулација на претходна седница и нели ова е измислено, тие ќе кажат НЕ).
[Го потпишувам записникот]
Продолжуваме со дневниот ред. (Давам образложение по материјалот).
Моето образложение:
Ја предложив оваа тема затоа што бројот на абортуси во Република Македонија расте. Во 2009 година се извршени 30.000 абортуси регистрирани и нерегистрирани, а живородени деца се 22.000. Значи, во Македонија за една деценија абортирани се 300.000 деца.
Збор има министерката за здравство [и нејзиното име и презиме тука]. Повелете. (Таа зборува). Ви благодарам. Дали некој сака да се произнесе по излагањето на министерката? (И сега зависи од нив, доколку има ќе ги сослушам, доколку нема ќе продолжам). Доколку има: Во ред, ви благодарам. Потоа.. Збор има министерката за труд и социјална политика [нејзиното име].
И сега нели тука дискусија по овој принцип.
Потоа доаѓа одлуката. Е сега, тука незнам што треба да кажам јас како премиер.
Па заклучоци. Ќе кажам: Ве молам да ме информирате преку генералниот секретар за извршувањето на заклучоците и степенот на остварените цели.
И тука седницата завршува.

Значи, кај одлука треба да ја претставам мојата кампања против абортусот, така? Или некој предлог-закон треба?
 
Хах, па искрено не дека се разбирам многу, јес да ме интересираат овие работи, но ти си многу постручна од мене (ти си на правен смер веројатно во некое од стручните средни, јас сум гимназија). Мислам дека вака некако би течела седницата. Е сега, може пример да се послужиш со пример од вистинскиот живот и да предложиш за кампањата. А за предлог-закон што знам....ја би ти го оспорил одма на Уставен. :P Шала на страна, како сакате, верувам професоророт или професорката ви дала слобода околу тој завршниот дел. Сега баш не сум во тек, не знам дали имаше таков предлог закон кај нас, но прочепкај на Нет сигурно ќе најдеш. Или пак, како е третиран абортусот во земјите од околината, но и земјите од ЕУ (нели, РМ цело кон влез таму)
 
Благодарам на комплиментот. :P Инаку целосно завршив, ставив одлука, дека свеста кај младите ќе се подигнува преку кампања.
Сега посакај ми среќа да немам трема на часот и се ќе биде супер се надевам. :D

Ах да, уште нешто. Дали јас како премиер смеам да дадам реплика на некој министер после неговото излагање? Или јас треба само нивните мислења да ги сослушувам, без да се мешам? Бидејќи имам видено кога имало пренос на седница на влада дека премиерот ги потпрашува нешто, ама не паметам баш детали.
 
Нема на чему :P инаку, обично ги потпрашнувал нешто околу одредена активност која е во план да се направи или нешто слично. Но, обично тоа е само кога е јавна седницата, иначе којзнае што се случува зад затворени врати. Со среќа. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom