Па да, јас како премиер давам збор на одредени министри и потоа прашувам дали некој сака да се произнесе по излагањето на министерот.
Еве каков концепт направив јас, вака планирам да ја водам седницата, гледам ти се разбираш од овие работи, па ако би сакал да ми кажеш дали ми е како што треба, ќе ти бидам многу благодарна
Доаѓам, седнувам и велам: Добар ден на сите.
Ја отварам 71-ва седница на влада со следниот дневен ред:
1. Абортус
2. Разно
Дали се прифаќа овој дневен ред? (Тие ќе кажат ДА).
Заклучувам дека едногласно е прифатен. Сега предлагам да го усвоиме записникот од седница број 70. Дали некој има забелешки? (Бидејќи не сме правеле симулација на претходна седница и нели ова е измислено, тие ќе кажат НЕ).
[Го потпишувам записникот]
Продолжуваме со дневниот ред. (Давам образложение по материјалот).
Моето образложение:
Ја предложив оваа тема затоа што бројот на абортуси во Република Македонија расте. Во 2009 година се извршени 30.000 абортуси регистрирани и нерегистрирани, а живородени деца се 22.000. Значи, во Македонија за една деценија абортирани се 300.000 деца.
Збор има министерката за здравство [и нејзиното име и презиме тука]. Повелете. (Таа зборува). Ви благодарам. Дали некој сака да се произнесе по излагањето на министерката? (И сега зависи од нив, доколку има ќе ги сослушам, доколку нема ќе продолжам). Доколку има: Во ред, ви благодарам. Потоа.. Збор има министерката за труд и социјална политика [нејзиното име].
И сега нели тука дискусија по овој принцип.
Потоа доаѓа одлуката. Е сега, тука незнам што треба да кажам јас како премиер.
Па заклучоци. Ќе кажам: Ве молам да ме информирате преку генералниот секретар за извршувањето на заклучоците и степенот на остварените цели.
И тука седницата завршува.
Значи, кај одлука треба да ја претставам мојата кампања против абортусот, така? Или некој предлог-закон треба?