Second hand облека

  • Креатор на темата Креатор на темата AlternativeF
  • Време на започнување Време на започнување

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Да ја отворам темава ме инспирираше сајтов на кој налетав, колку што знам, ова е прв македонски сајт за размена и продажба на користена гардероба (ако грешам, поправете ме). Мислам дека е супер идеја, може да ги продадете работите што ви висат по дома, а и да си купите нешто за малце пари.
Во Скопје порано постоеја неколку продавници за second hand (или половна) облека, претпоставувам дека има сѐ уште некоја продавница останата.
Јас не сум купила ништо second hand досега бидејќи, искрено, малку ми е "шубе" да купувам носена облека, ниту пак ми текнало да отидам да продадам нешто од старата облека наместо да ми стои така.
Но, на повеќе сајтови читам дека може по пристојна цена да се најдат добри парчиња облека во вакви продавници, кои се добро зачувани и не се износени, а гледам и во другите земји луѓето немаат многу предрасуди па често купуваат секаква облека, чанти, паричници...
Дали досега сте купиле/продале нешто во ваква продавница? Би носеле ли second hand облека?
 
Сум купила, имаше една у кисела вода ама ја затворија. Кошулче за пеефче... нормално некои од тие облеки не се ни носени, а повеќето се 2-3 пати облечени...
 
Нема шанса. Шо ако некој џупца ја носел пред да ја купам, гнас ќе ми биде да ја облечам..
 
На влезот во Тетово одма над VERO супермаркетот има едно такво, од таму имам земено 3 кошули по 30 денари (беа на 50% попуст, инаку беа 60 :pos:) и џемпер голем широк за 100че (исто на попуст :) )
 
Као мал у БИСИ продавницата у ново лисиче (со знакче налик на наик) рибок патики ми имаат купено моиве за некои 600-700 денари. Уште се здрави. Мада скоро нови беа тие, мислам дека беа поефтини пошо беше малце оксидирана белата боја од што стоеле у излог на сонце.
 
Добар бизнис ќе им овозможи страницата, на продавачите на облека :)
 
Кога веќе ја спомнавте страницава, нели мислите дека цените се малку прескапи како за second hand ?
Ја по таа цена ќе си купам нови.
 
Кога веќе ја спомнавте страницава, нели мислите дека цените се малку прескапи како за second hand ?
Ја по таа цена ќе си купам нови.
Сабајлево истото го помислив, скапички. колку што знам има многу поефтина нова роба.
 
Собирање алишта ноќе од балкуни на приземја и пониски куќи се рачуна како second hand облекување?
 
За вакви кошули не би дал повеќе од 100-тина денари.Ни толку. Има нови по 400.
 
За таа кошула да, ама на пример оваа е баш бренд и да се купи нова во продавница е многу поскапа, а оваа не изгледа воопшто износена. Има високи, ама има и ок цени со оглед на тоа дека има брендирани работи. Сепак како што сфатив концептот на сајтов е нешто како e-bay, луѓето сами си ставаат цени, така што доаѓа самиот колку ќе си процениш дека ти вреди :)
 
Да ве однесам тука во Драчево во една продавничка на ново имате топ работи двојно поевтини од ова на сајтов. Облеката кај нас е ефтина, затоа и работи од втора рака никој не купува.
На запад купуваат втора рака. Ама се се тоа парчиња од некој бренд, кои некоја примадона ги облекла два пати. Исто е и за чанти. Тие особено се купуваат од втора рака.
 
На Шутка одблеката е 100 пати поубава од оваа, кој ќе купе арно може да ја носи кога ќе знае дека веќе некој друг ја износил.
 
Баш го разгледав сајтов и сеуште нема некоја голем избор,ако налетам на добро парче би купил зошто не
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom