Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Но во реалноста тоа е поинаку.Не! Никако не е себично да сакаме се! Дури и можеме да имаме се, се додека се трудиме доволно, додека сме верни на нашата личност, додека сме реални во врска со тоа што го сакаме! И се разбира, се додека знаеме да го цениме тоа што го имаме, и да бидеме способни да го задржиме тоа што го имаме! :smir:
абе...јас сепак мислам дека не е себично да сакаш се`, се дур немоеш да го добиеш...ти сакај си, никој не ти брани...Се` е како небото. Не можеш да го собереш в торба и да го однесеш дома и да го ставиш како пехар во комодата. Не постои се. Постои само сосема доволно од доволното,доволно од доволното,доволно...и комшијата кој стоел пред тебе во ред и купил ливче лото и добил седмица по 5 години врткање на топчиња.
Се согласувам. Ако не сме волни да го почитуваме тоа што веќе го имаме, не можеме да го бараме и сакаме тоа што го немаме. Но понекогаш, има некои работи кои ги бараме упорно, а уствари сваќаме дека одсекогаш сме ги имале.Секој сака се ама треба да се сака и да се почитува тоа шо се има
Што мислите дали е себично, егоистично од една персона да сака се во животот?Иако напоменувам дека тоа се е релативен поим и дека се за сите е различна работа.
Се помирувате со тоа што го имате и оставате на тоа што ќе ви даде животот или се борите за тоа се што го сакате?
Мислите ли дека понекогаш фактот дека сакате се е причината поради која, тоа што го имате никогаш не ви е доволно?
:devojce 1:
не е себично, нормално е.
себичен си ако само за себе мислиш. или не...?
Нормално е една личност да сака да има се во животот, човечкото око е ненаситно, колку и да има, секогаш сака се повеќе и повеќе, но прашање е дали е толку силен и упорен да го постигне тоа што го сака. Зависи од карактер, лично јас сум особа што ако нешто сака да има ќе гази и боса на трње и ќе го добие нештото :smir: Не го сметам тоа за себичност, бидејќи личноста сама се бори за да ја достигне целта која си ја има замислено, а тоа не е воопшто лесно.
А што подразбираш под тоа ќе газиш и боса на трње?И преку човечки живот би стапнала само за да го добиеш нештото?:smir: