А
Атомската мравка
Гостин

Лимонот припаѓа во групата на цитрусните овошни плодови, во која што спаѓаат и портокалот, мандарината, грејпфрутот и др. Тој е евтин, лесно достапен и повеќенаменски. Особено е корисен кога е во прашање вашето здравје. Овој жолт плод содржи не само витамин Ц, туку и други витамини (витамин Б, рибофлавин) и минерали како калиум, калциум, фосфор, магнезиум. Во составот на лимонот влегуваат и протеини и јаглехидрати. Кората на лимонот е многу корисна, затоа што е богата со витамин П и фитоцидни материи, кои ги уништуваат микробите. Кората содржи и етерични масла кои се корисни за: нормализирање на крвниот притисок, намалување на нивото на холестерол, превенција од атеросклероза, зајакнување на имуниот систем, главоболка, гадење, исцрпеност, подобрување на помнењето и концентрацијата.
Лимонот е лек за стомакот поради неговиот лаксативен ефект. Исто така го зајакнува имунолошкиот систем. Ако имате настинка, пробајте да пиете сок од лимон. Освен тоа што ќе ви помогне во борбата против настинката, ќе го сопре и развивањето на инфекции. Тоа е така поради неговите антибактериски и антивирусни својства.
Дали користите лимон во секојдневната исхрана ? Исто така бидејки користам лимон често во најразлични јадења и пијалоци како риба, чај итн ме интересира дали е тешко да се чува дрво лимон во домашни услови, покрај многуте позитивните ефекти од плодот на (лимонот) гледам дека и дрвото ги уништувало бактериите во воздухот.. патем во добра саксија изгледаат и доста добро како декор. Ако има некој искуство со чување на лимон нека напише што е потребно гледам има доста различни видови на дрва лимони, дека може да има и по две берби по колку даваат одприлика итн.