Се сомневате ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
ти ова сериозно ?? или сметаш дека има доволно глупави да веруваат во тоа? ако еден збор од ова кажаново е точно до сега ке крекаа сите попови на сите телевизии! иначе имам постирано за такви исцелители, има еден мој пост иди погледни го!
Bog gleda deka seto ova so go rekov e vistina...dokolku ne veruvas daj mi msn kje ti pustam i klipciija

Inaku jas ne veruvam vo pravoslvnoto ucenje...veruvam seto ona sto go nalozuva bibliata.
 
Хахахаха не мислев на секта, туку ако не си направил ниеден чекор за да Го запознаеш Бог, како знаеш каков е...поентата ми беше за да знаеш каков е Бог треба да се посветиш на читање на Библија...таму имаш се за Бог.
Не ми се вади те молам со читање и разбирање поинаку, навистина има мноооогу симболика во Светото Писмо, меѓутоа некои работи се така како што се напишани...така Бог вика немој да имаш друг Бог совен мене, зашто Господ Бог е ревнив Бог (ова е парафразирано), исто како што ти би и рекол на својата жена, немој да имаш некој друг, зашто те сакам и тоа многу ќе ме повреди, јас сум љубоморен!
И тоа не е емоција? Тоа не е нешто што не прави слични со Бог?
Убаво е да имаме различни мислења, за да се најдеме некаде...и би било убаво секој еден што го негира Бог или спори со Него прво да го запознае, за да има аргументи, иако тоа е процес што трае цел живот.

Не се вадам јас од ништо. И да расчистиме од почеток, јас дискутирам со тебе а не со Бог. За симболиката во Библијата има многу што да се каже, од повеќе гледишта. Ако моите впечатоци изведени од неа не се поклопуваат со твоите, не значи дека се погрешни.

Јас на пример, мислам дека стравот од бога треба да е страв да не се навреди или ожалости со некоја постапка, а не страв од казна. А љубомората е... една мошне негативна емоција, која се јавува кога врската е реално или привидно загрозена од трето лице. Таа е показател на несигурност и незнаење. Ако не е така, тогаш тоа не е љубомора.
На крајот на краиштата, можеби е потребен соодветен збор кој ќе го замени овој незгоден преведувачки избор.
Сличностите со Бога ги бараме во доблестите, духот, душата а не во телесниот изглед и карактерните слабости.
 
Види очигледно не сакаш да сфатиш што ти кажувам...не заборам за перверзна љубомора, туку за повреда на чувствата, за повредување на чистата љубов која Бог ја има кон нас и нормално дека ќе е повреден ако имаме друг Бог....а ако ти сакаш да го направиш Бог несигурен и слабак ОК е, ама прочитај Библија и ќе видиш дека тоа што ти го кажав во претходниот пост е вистина!
Во однос на тоа што го кажа за стравот од Бог потполно се согласувам со тебе и јас се застапувам за тоа гледиште!
А љубомората ти ја дадов како пример на една од нашите сличности со Бог, дека и ние сме емотивни суштества како и Бог и дека сме по Неговиот образ создадени, што ќе рече создадени од Него и по Него!
Значи создател на светот е Бог и нема место за дискусија, нема да верувам во теориите кои летаат во воздух и кој сакаат да го одвратат човекот од неговиот Создател!

А, Сабазиј, не мислиш дека треба да се плашиш од Бог, зашто Го растажуваш со тоа што негираш во твојот прв пост дека Тој создал СЕ, а не дека се е склоп на околности?
 
Разбирам, ама не ги прифаќам твоите аргументи. Не мислам на никаква перверзна љубомора. Љубомората сама по себе не е и не може да биде одлика на совршено битие. Затоа мислам дека овој дел од Библијата е подложен на поинакво сфаќање од буквалното, оти сепак е напишано во време во кое религиозните скрупули не еволуирале премногу.
И кој рече дека Бог е несигурен и слабак? Јас не напишав такво нешто. Само посочив зошто не му препишувам некои човечки карактеристики. Немам јас проблем со љубомората на Бога.

Сомнежот е здрава и прилично нормална работа.
Тој повеќе се однесува на тоа како религиозните заедници го толкуваат создавањето на вселената, отколку на самиот Творец.
Како верник, поаѓам од тоа дека Бог го предвидел нашето однесување. Меѓутоа тоа предвидување не ја ограничува нашата слобода. Сакам да кажам дека не можеме да го изненадиме Бога, бидејќи тој како семоќен однапред би знаел што ни се врти низ главата.

Според мене, со научни аргументи не се докажува Бог. Се верува во него, не се бара доказ. И не, не мислам дека треба да се плашам од Бога. Местата или состојбите на духот, условно наречени рај и пекол се нешто што една душа, како резултат на сопствената природа, самата ги бара. И тука сме слободни да бираме.
 
За да не се сомневам и да не живеам во таква мисла, верувам во Господ. Бидејки мора нешто сето ова да го движи, нешто натприродно, нешто што ние не можеме да го контролираме, а нешто го контролира, а јас избирам тоа да е Господ, инаку што би било?:smir:
 
se somnevam vo se i vo sekogo ne vervam na nisto dodeka ne vidam so svoi oci
 
Секој потег секоја желба секое чувство е со Божја промисла така да не верувам многу во случајност зашто се што доаѓа е од него.
 
Види очигледно не сакаш да сфатиш што ти кажувам...не заборам за перверзна љубомора, туку за повреда на чувствата, за повредување на чистата љубов која Бог ја има кон нас и нормално дека ќе е повреден ако имаме друг Бог....а ако ти сакаш да го направиш Бог несигурен и слабак ОК е, ама прочитај Библија и ќе видиш дека тоа што ти го кажав во претходниот пост е вистина!
Во однос на тоа што го кажа за стравот од Бог потполно се согласувам со тебе и јас се застапувам за тоа гледиште!
А љубомората ти ја дадов како пример на една од нашите сличности со Бог, дека и ние сме емотивни суштества како и Бог и дека сме по Неговиот образ создадени, што ќе рече создадени од Него и по Него!
Значи создател на светот е Бог и нема место за дискусија, нема да верувам во теориите кои летаат во воздух и кој сакаат да го одвратат човекот од неговиот Создател!

А, Сабазиј, не мислиш дека треба да се плашиш од Бог, зашто Го растажуваш со тоа што негираш во твојот прв пост дека Тој создал СЕ, а не дека се е склоп на околности?
Ако твојот Бог е еден и единствен тогаш како би можел јас или мојот комшија да има друг Бог?(значи тие би биле нестварни-имагинарни...или можеби тој твојот знае нешто што го крие од тебе и од таквите како тебе)...не се провлекува ли тука некаква љубомора на твојот Бог кон некого или нешто. Ако твојот Христијански Бог е совршен тогаш е непроменлив значи постојан и не зависи од времето...себедостаточен е и нема потреба од ништо па според тоа ниту од твојата љубов. Ако сме создадени по неговиот образ тоа значи сме рамни на него (совршени) а бидејќи знаеме дека не сме тогаш и тој е далеку од совршен, или ако сакаш преку неговите несовршени творби само ја докажува својата несовршеност. Каков е тој Бог чиј главен атрибут е љубов, а од кого Сабазиј би требало да се плаши...каков е тој Бог кој се растажува од неговата негација...Сабазиј бргу отрчај на исповед знаеш таму е чисто пазарење ќе му понудиш нешто на Бога и тој ќе ти прости за гревовите...којзнае можеби некој поголем поклон ќе биде доволно да те стави на белата листа во фаворит листата...

Библијата ја читаме време цело,
кај ти читаш црно ја читам бело.
Капијата на Рајот мој,
врата е на пеколот твој.

Вилијам Блејк
 
Види, прво за стравот да ти кажам што го спомнуваш за Сабазиј, он самиот го кажа тоа, дека се плаши да не го растажи Бог, така да тоа се негови зборови и сакав да му докажам нешто преку неговите зборови!
Поентата на постот не ти ја сфаќам ама ќе се потрудам да ти одговорам...ние сме создадени по Божјиот образ, разликата меѓу нас и Бог како што и реков погоре, ама изгледа те мрзело да читаш, па само улетуваш во муабети, е што ние згрешивме, меѓутоа тие што ќе влезат во Рајот и во тоа нема повеќе да се разликуваме од Бог!
А за тоа зашто Бог има потреба од нашата љубов, многу јасно е, значи ова луѓево сметаат некого за слабак и несовршен ако има потреба од љубов? Од кога потребата за љубов е лоша потреба? Дефинитивно имате смешани вредности! Бог има потреба од нашата љубов, зашто не создал, зашто сме Негови деца, ти сакаш твоите деца да те сакаат или да те мразат?
И знам дека и ова е џабе, ќе си останеш на своите ставови, ама ако барем да имаш прилика да ја слушнеш вистината!
ПОЗдрав:helou:
 
Јас не ги казнувам моите деца дури и ако не ме сакаат...јас имам љубов за моите деца, но тоа е безусловна љубов која не бара ништо за возврат (зашто се друго е пазарење или уценување)...љубовта е апсолутно чувство и има апсолутен приоритет...љубовта не е барање и очекување туку безусловно давање...се разбира дека секој има потреба од љубов па вклучително и јас но тоа не ми дава за право оној што не ме љуби да го пратам во казаните со катран...

Можеби моиве вредности за тебе се смешни но во она што си го напишала можам само да видам безвредно бла бла бла.

п.с. од денес сум среќен човек зашто благодарение на тебе ја слушнав вистината :helou:
 
Па Бог ни дава доволно шанси додека сме живи, кој вика дека казнува, само е тажен кога некој не го сака....ама извини нема како што сакаат сите луѓе цел живот да прават што сакаат и да нема казна во вечниот живот, е ќе има и фала Му на Бог што е така....
А ако Бог не не сака безусловно, што го даде својот Единороден Син да умре, да биде мачен, распнат, за нашите смрдливи гревови тогаш не знам кој не сака безусловно...
Ама џабе е ти реков ти нема да си ги смениш ставовите, се што може да се очекува од луѓе ко тебе е исмејување „п.с. од денес сум среќен човек зашто благодарение на тебе ја слушнав вистината„
 
Секако дека е Бог е најпримамливото решение за сите проблеми, посебно за најголемиот од сите.
Имам некакви сомнежи кои произлегуваат од претставите за божјата промисла кај некои религии. Дали Бог создал совршена вселена, дали ги предвидел несовршеностите на истата (а ги има), дали управува со неа. Да речеме, Бог како совршено моќен и бескрајно добар ентитет би создал луѓе кои не би ја усрале работата (како Адам и Ева), оти како семоќен одсекогаш би знаел дека овие ќа ја оплескаат.
Затоа прашав на кој и на каков Бог се мисли?
И да скратам, се сомневам по малку. Кој е денес цврст во верата?

Да речиме дека Бог во својата бескрајна мудрост знаел однапред дека Адам и Ева ќе каснат од забранетото овошје и да го уништел со цел да ги заштити. И кога ќе дојдела змијата (луцифер) наместо да и речел на Ева „касни од овошјето“ ќе и речел Бог го скри забранетото дрво од вас оти сака да ви го ускрати знаењето за доброто и злото оти му е страв да не станите и вие богови како него.
И тогаш што ќе се случело Адам и Ева ќе го намразеа господа оти им го “ускратил“ забранетото дрво и ќе паднеле право во рацете на луцифер.

Значи како и да го вртиш исто ти се фаќа.

Поздрав.
 
Па Бог ни дава доволно шанси додека сме живи, кој вика дека казнува, само е тажен кога некој не го сака....ама извини нема како што сакаат сите луѓе цел живот да прават што сакаат и да нема казна во вечниот живот, е ќе има и фала Му на Бог што е така....
А ако Бог не не сака безусловно, што го даде својот Единороден Син да умре, да биде мачен, распнат, за нашите смрдливи гревови тогаш не знам кој не сака безусловно...
Ама џабе е ти реков ти нема да си ги смениш ставовите, се што може да се очекува од луѓе ко тебе е исмејување „п.с. од денес сум среќен човек зашто благодарение на тебе ја слушнав вистината„
Ниту некого исмејувам ниту пак се обидувам некого да преобратам...кажи каква шанса им дава Бог на луѓето кои уште од раното детство се во инвалидски колички и дали и тие можат целиот живот да прават што сакаат...дали и оние кои уште на раѓањето се носители на ХИВ вирусот прават што сакаат (зашто тој со својата безусловна љубов во таквите случаи не го спречи зачнувањето?)...ти немаш поим што е тоа безусловна љубов...кај тебе станува збор за слепа љубов која за жал не ти е возвратена но ти за тоа не си свесна...
п.с. да јас имам сопствени ставови за разлика од тебе чии ставови друг ги гради.
 
Јас не ги казнувам моите деца дури и ако не ме сакаат...јас имам љубов за моите деца, но тоа е безусловна љубов која не бара ништо за возврат (зашто се друго е пазарење или уценување)...љубовта е апсолутно чувство и има апсолутен приоритет...љубовта не е барање и очекување туку безусловно давање...се разбира дека секој има потреба од љубов па вклучително и јас но тоа не ми дава за право оној што не ме љуби да го пратам во казаните со катран...

Можеби моиве вредности за тебе се смешни но во она што си го напишала можам само да видам безвредно бла бла бла.

п.с. од денес сум среќен човек зашто благодарение на тебе ја слушнав вистината :helou:

Бог не ги казнува тие кои не го сакаат и не ги почитуваат неговите правила тие сами се казнуваат бидејќи тие поради темнината која гревот ја фрла врз нив неможат да ја видат божествената светлина и да појдат кај него.
Во библијата на повеќе места се спомнува дека грешниците ја преферираат духовната темнина (лагата, лицемерието, измамата) одколку светлината (вистината) за тоа што на светлина нивните дела веднаш ќе бидат видени и познаени и тие ќе бидат отфрлени и замразени од страна на општеството.
 
Да речиме дека Бог во својата бескрајна мудрост знаел однапред дека Адам и Ева ќе каснат од забранетото овошје и да го уништел со цел да ги заштити. И кога ќе дојдела змијата (луцифер) наместо да и речел на Ева „касни од овошјето“ ќе и речел Бог го скри забранетото дрво од вас оти сака да ви го ускрати знаењето за доброто и злото оти му е страв да не станите и вие богови како него.
И тогаш што ќе се случело Адам и Ева ќе го намразеа господа оти им го “ускратил“ забранетото дрво и ќе паднеле право во рацете на луцифер.

Значи како и да го вртиш исто ти се фаќа.

Поздрав.

Бог во својата бескрајна мудрост би предвидел сечии и секакви постапки, вклучувајќи ги и оние на змијата. Зошто би ја креирал неа или забранетото дрво, кое и онака и било „ускратено“ на несреќната двојка - конзумацијата на неговите плодови носела фатална казна со себе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom