Сe` се случува со причина

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
Да, верувам дека се се случува со некоја причина.
Секоја случка,секоја средба,секоја среќа,секоја тага си има свое зошто и затоа.
Се што ќе ми се случи ќе влијае на мојата иднина.
Често сум размислувала на таа тема и гледам дека се во мојов живот се случлило со причина и си имало причина зашто се случило то што ми се случило..
 
Ха, пак исплива ова на површина....мојата омилена тема.....
Има некој што мисли дека некои работи се случуваат случано!?!?!?!

И покрај тоа што постои цела наука наречена теорија на веројатност.....која се занимава со случани настани......сето тоа се дефинира преку немоќ да се одредат настаните....но не и нивната предодреденост
 
ваљда зад секоја последица стои причина, ако не и ние не би постоеле...
 
Да дефинитивно се во животот што се случува е со причина.
 
yep ништо не е случајно ... се е со некоја причина. Ова верување оди до границите каде што се верува дека и паднат лист од дрвја на есен врз глава значи нешто. Има луѓе кои ги препознаваат овие работи но несовршеноста си го прави своето, не знаат што би бил конечниот исход, па си погодуваат што би можело да се случи како онаа: “што би било ако би било...“ и конечно ќе се мрднат со паметот, во се ќе бараат оправдување изговор, на се ќе помислат и ќе мислат дека се знаат, а во меѓувреме ќе излгедаат чудно за околината и правец Демир Капија, по можност со жолтото комбе....
А колку биле во право ќе покаже времето...
 
Se soglasuvam. Ne postojat slucajnosti
 
ме мрзеше да ја преведувам ама постои една изрека која вика вака...
People are always blaming circumstances for what they are. I do not believe in circumstances. The people who get on in this world are the people who get up and look for the circumstances they want, and if they cannot find them, they make them.
 
:helou: Старите велат " секое зло за добро "многу пати во животот ми се случило тоа ,дефинитивно ,ништо не е случајно ,:smir: се се случува со причина
 
Не верувам во таа мисла, обично сите кога ќе ни се случи нешто што не сме сакале да ни се случи, си се тешиме со таа мисла. :toe:
Но мислата нема врска, многу работи што се случиле се случиле од шута беља, од нас, ние сме ги предизвикале... мислам, ако се` се случува со причина, зошто тогаш секогаш на добрите луѓе им се случува нешто лошо?
Глупости..некои работи сами ги предизвикуваме, а некои судбината (ако веруваш во судбина), ако не, тогаш оној другиот... под оној другиот подразбирам човекот кој те удрил со колата - ако на пример тоа ти се има случено... сфаќате?
И јас многу пати сакам да се тешам со таа мисла, ама, да бидеме реални... :wink:
 
Реални сме затоа тврдиме дека се случува со причина. Али ипак кој во што си верува... :toe: Проблемот не се состои во тоа дали има или нема причина. Причината е тука каква и да е. Проблемот се состои во препознавањето на причината. А тоа е она најтешкото.
 
Не верувам во таа мисла, обично сите кога ќе ни се случи нешто што не сме сакале да ни се случи, си се тешиме со таа мисла. :toe:
Но мислата нема врска, многу работи што се случиле се случиле од шута беља, од нас, ние сме ги предизвикале... мислам, ако се` се случува со причина, зошто тогаш секогаш на добрите луѓе им се случува нешто лошо?
Глупости..некои работи сами ги предизвикуваме, а некои судбината (ако веруваш во судбина), ако не, тогаш оној другиот... под оној другиот подразбирам човекот кој те удрил со колата - ако на пример тоа ти се има случено... сфаќате?
И јас многу пати сакам да се тешам со таа мисла, ама, да бидеме реални... :wink:
Мислам дека си грешка...се’,ама апсолутно се’ се случува со причина...
Ако ти се качиш на седми спрат и застанеш на оградата од балконот и паднеш,тоа е судбина?
 
Секој го носи теретот што може да го поднесе, аналогно на тоа, сите добри и лоши работи што ни се случуваат имаат смисла.
Ако немаат, онда нека ми е џабе животов и сите патеки по кои што сум одела.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom