Се откажувате ли лесно?

  • Креатор на темата Креатор на темата Луси
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ретко се откажувам....Едноставно неможам да се помирам ако изгубам некоја работа што мислам дека е моја и што ми значи премногу. Правам се што мислам дека е потребно, се борам гордо до крај, упорна сум и во ниедна секунда не се сомневам во мене и во тоа дека нема да успеам. Но, тоа понекогаш и ми смета, зошто не секогаш некои работи се возможни и со мојата упорност знам уште толку да се повредам...
 
Се откажувам кога целта не е вредна за упорност. Презаситен сум од Пирови победи, кои патем духовно не се воопшто лоши, те исполнуваат и ти даваат чувство на надмоќ, но материјално се разорни. Но, кога се работи за нешто од кое зависи твојот досегашен и иден живот(сега некој ќе се јави со пост:живеј ја сегашноста:wink:) е тогаш одам до крај па макар само Пир Епирски останал жив!!!!

Читам некои постови на темата и иако знам дека не е така во реалноста како што е пишано тука, луѓе оладете, не мора за секоја педа земја да викаме геодет. Паметниот попушта(сега повторно ќе се јави некој сеирџија и ќе рече: затоа будалите го владеат светот), во границите на дозволеното!
 
Нема шанси, напротив, “неуспехот“ ме тера да го направам успех :smir:
 
Не се откажувам лесно , но ми се случува ако сватам дека удирам со глава во зид .
 
Никогаш не се откажувам.Одам до крај и додека не успеам не запирам пред никој и пред ништо.Упорноста е моја најјака страна.Да живеат шкорпиите!!!Х'реј:D
 
Не... секогаш и за се имам надеж.. Се откажувам само навистина кога нема никакви шанси да ми се оствари посакуваното.
 
Уфф..незнам.
Да, се откажувам кога е во прашање вниманието што треба некој да ти го обрне или слично.Од тоа да, зошто сметам дека ниедна личнот не е заслужна да ја молам и да се борам за неа, како што и јас не сум заслужна да ме молат за нешто или да се борат за мене.
Во однос на оцени, цели што си ги имам зацртано во кои мојот труд ќе се истакне да се борам до крај.Кој сака професор нека е, колку сака нека е скапо, ќе го остварам тоа што сум го замислила.
 
Никогаш не се откажувам од ништо,во се одам до крај.
 
брзо се откажувам кога од почеток нема да успеам се обесхрабрувам и потоа само се надевам и чекам, а ништо нема да превземам... а кога се работи за нешто кога сум во право и треба да докажам одам до крај нема откажување :helou:
 
мххм не..се борам ама гледам нема резулатат се повлекувам
 
Не никојпат. Се борам до крај секогаш. И кога не сум прв во нешто се борам зш сепак подобро нешто одколку ништо. Сепак поразот ми служи како лекција или совет за некој нареден пат.:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom