Се` мое е добро?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.857
Дали вашите ставови во врска со се` се должат исклучиво на тоа како вие живеете и колку знаете да ги менувате?
Дали ако денес за некоја работа или постапка мислите дека е лоша, утре ако ја направите го менувате ставот и тврдите дека е добра или во најмала рака ја прифаќате како нормална?
Што значи таквата постапка за вас или за луѓето кои ја направиле?
Дали потврдува дека не треба да се има конкретен став за нешто што не сме го пробале или што не ни се случило?
Од друга страна па, дали ако ви се случило такво нешто чувствувате потреба да се оправдувате или извинувате за вашиот променет став, со кого можеби претходно некого сте навредиле?

Итн итн итн ...:pipi:
 
Се’ мое е лошо. Не го бива, тиња е. Ама затоа може да биде подобро, па ќе пробаме пак.
Инаку за ставот. Конкретен став, поткрепен со докази треба да се има. Нормално, секој став има и контра став од некоја си икста личност, која доколку ги нема доказите може да добие само среден прст. И да во тој случај моето не е добро, туку најдобро.
Ако во одредена ситуација ми ги побијат ставовите, и добијам самиот друга слика за работите, спуштам капа и кажувам јавно пред сите дека е така. Човекот си учи од грешките, you win sometimes & you lose sometimes.
А ако денес мислам дека некоја работа е лоша, утре ќе пробам да не ја направам:)
 
Или со други зборови...
Колку сме склони кон его-трипови?
Колку сме тврдоглави?
Колку сме џаџментл? (морaф дa речам џаџментл го користат во “секс и грaдот“ :pos:)
Колку сме доследни на своите ставови? :) :) :)

Јас се трудам да не донесувам ставови за области од кои немам познавање/тука сум воздржана, да не ги осудувам другите, да бидам опенмајндед (шо би се рекло)... Не би сакала да имам крут став во врска со билошто, бидејки верувам дека се менувам и не сакам да испаднам лицемерна кажувајки едно, а правејки нешто друго.
Исто верувам дека темата има врска со самокритичноста.
Имаше еден период кога ми недосасуваше, па верував дека се што правам е добро и оправдано. Сега малку повеќе се преиспитувам/се трудам да си ги согледувам грешките/да изградам критериуми по кои ке се водам...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
Дали вашите ставови во врска со се` се должат исклучиво на тоа како вие живеете и колку знаете да ги менувате?
Дали ако денес за некоја работа или постапка мислите дека е лоша, утре ако ја направите го менувате ставот и тврдите дека е добра или во најмала рака ја прифаќате како нормална?
Што значи таквата постапка за вас или за луѓето кои ја направиле?

Нормално дека живеам во склад со моите ставови, кои за мене се таман. Знам дека не се најдобри, ама живеам согласно моите вредности кои ги имам изградено и со кои се гордеам.
Не менувам ставови, не знам последен пат кога сум се предомислила во врска со некој мој став. Јас кога ќе зациментирам нешто како добро и како мој став, тогаш менување...тешко, речиси невозможно. Ми се случило еднаш да скршнам од мојот начин на однесување и ставови и до ден денес имам грижа на совест. Иако не е којзнае што, ситница е, ама ете јас морам да си ја тупам главата.
Сметам дека моите ставови се ок, за мојот живот. Така што ги употребувам во мојот живот, не им ги наметнувам на другите и си имам прилично мирен живот.
Ако нешто мислам дека е лошо и го направам тоа, нема да го сменам ставот туку ќе се каам што сум го направила тоа и нема да го прифатам како нормално, туку ќе си ја тупам главата.
Најпрост пример:Цигарите знам дека се лоши, штетни, а сепак пропушев. Ама младост - лудост (леле:pos:), пропушев, ама се уште ми е криво што почнав и тврдам дека се штетни и сл.

Дали потврдува дека не треба да се има конкретен став за нешто што не сме го пробале или што не ни се случило?
Не мора се да пробаш, за да имаш став дека никогаш не би направил нешто. Мислам преку глава ми е искрено од фразата никогаш не вели никогаш. Имам за неколку работи зацртано дека никогаш нема да ги пробам и дека никогаш нема да се однесувам на таков злобен начин и не ми е потребно да пробам или да се однесувам злобно за да знам дека е тоа лошо и дека имам цврст и негативен став кон тоа нешто. И си се држам подалеку од тие работи и од таквите однесувања.

Од друга страна па, дали ако ви се случило такво нешто чувствувате потреба да се оправдувате или извинувате за вашиот променет став, со кого можеби претходно некого сте навредиле?
Реков само еднаш си скршнав од моите ставови и не повредив никој, ниту не беше кој знае што страшно, ама ете се нервирам, тогаш не знам каде ми беше главата и сега си се осудувам самата.
А сите велат дека е ситница и дека е глупост што воопшто се замарам за тоа,ама ете..:toe:
Сепак сите прават грешки.
Моите постапки, ставови и однесување е прилагодено така да ми одговара и да ми е убаво на мене, а во истовреме никој да не биде повреден, несреќен или да му биде скратено од нешто.
 
Па горе - доле имам изградени ставови за некои работи кои тешко ги менувам. Можеби во зависност од ситуацијата или околината, би бил флексибилен и би ја поместил границата на тие ставови, меѓутоа ретко се случува да направам нешто тотално спротивно на работите зад кои стојам.
Ако веќе се случи да прекршам некој од моите ставови, тогаш признавам дека сум згрешил и дека секој има право на грешка. Сепак не гледам причина за да се правдам нешто посебно, бидејќи сепак мое право е да го сменам мислењето и нема зошто да поднесувам рапорт на некого за тоа.
 
1.Дали вашите ставови во врска со се` се должат исклучиво на тоа како вие живеете и колку знаете да ги менувате?


2. Дали ако денес за некоја работа или постапка мислите дека е лоша, утре ако ја направите го менувате ставот и тврдите дека е добра или во најмала рака ја прифаќате како нормална?

3.Што значи таквата постапка за вас или за луѓето кои ја направиле?

4,Дали потврдува дека не треба да се има конкретен став за нешто што не сме го пробале или што не ни се случило?

5.Од друга страна па, дали ако ви се случило такво нешто чувствувате потреба да се оправдувате или извинувате за вашиот променет став, со кого можеби претходно некого сте навредиле?

Итн итн итн ...:pipi:

1. ne go razbiram prasanjeto :smir:

2. se tece se se menuva

3. normalna pojava

4. dur ne probam ne tvrdam

5. Ne se izvinuvam niti opravduvam osven ako e nesto eptem drasticno pa sum zgresil
 
Prilicno sve sto sum sfatil deka e loso ostanalo deka e loso i obratno. No ako sum go nemal iskuseno i nekad sum go iskusil, se smenilo nivoto na toa kolku e toa loso i dali moze toa da se opravda ili ne.

Sve sto tvrdam jas si imam svoj dokazi ako nekoj moze da me demantira so poverodostojni dokazi mora da se prifati deka ne si u pravo i da se smeni mislenjeto. Ama nikogas nisto ne tvrdam bez argumenti.

Ne treba da bides tvrdoglav vo tvojot stav, zatoa sto za nesto da sfatis golema e i pojdovnata tocka(stav), ako gledas na nesto da mu najdes mana sekogas ke moze da mu najdes, namesto da se koncentriras na pozitivnoto. Ne e loso da imas svoj stav ama bidi objektiven kolku mozes povise :).
 
Дали вашите ставови во врска со се` се должат исклучиво на тоа како вие живеете и колку знаете да ги менувате?
Дали ако денес за некоја работа или постапка мислите дека е лоша, утре ако ја направите го менувате ставот и тврдите дека е добра или во најмала рака ја прифаќате како нормална?
Што значи таквата постапка за вас или за луѓето кои ја направиле?
Дали потврдува дека не треба да се има конкретен став за нешто што не сме го пробале или што не ни се случило?
Од друга страна па, дали ако ви се случило такво нешто чувствувате потреба да се оправдувате или извинувате за вашиот променет став, со кого можеби претходно некого сте навредиле?

Итн итн итн ...:pipi:

Абе нормално дека своето е секогаш најубаво,најдобро,најточно,само има моменти кога и не сме во право и кога треба да се признае грешката.
Ставовите најчесто ги градам врз мои искуства,меѓутоа знам да го направам тоа и врз туѓо искуство,знам да научам и од туѓа грешка,или ако ништо друго,барем да проценам одприлика како би реагирала во одредена ситуација.
Не мора да значи дека ставовите треба секогаш да се градат врз искуства,нема човек што е до толку искусен.

Моментално се наоѓам во ситуација за која ако некој друг ми раскажувал би го направила ненормален,и самата знам дека тоа што ќе го направам не е во ред,меѓутоа копнежот и желбата за оставрување се поголеми и не се откажувам од своето,иако сум свесна дека гадно ќе се изгорам.
Е сега,ставот за ваквата ситуација ми останува непроменет,сум против такви постапки,и нема да ги оправдувам и откако ќе ја направам глупоста,зошто нешто кога не е во ред-не е во ред.
Јас ќе ризикувам,ама тоа не мора да значи дека мора и други да го направат тоа,ниту дека јас го оправдувам тоа зошто ете јас сум го направила.

Ако за нешто променам став,увидам дека не сум во право,нормално дека си објаснувам зошто е тоа така и ја признавам грешката.
Признавам дека не е секогаш моето најдобро,иако пробувам со сите сили да го направам да биде.
 
Дали вашите ставови во врска со се` се должат исклучиво на тоа како вие живеете и колку знаете да ги менувате?
Дали ако денес за некоја работа или постапка мислите дека е лоша, утре ако ја направите го менувате ставот и тврдите дека е добра или во најмала рака ја прифаќате како нормална?
Што значи таквата постапка за вас или за луѓето кои ја направиле?
Дали потврдува дека не треба да се има конкретен став за нешто што не сме го пробале или што не ни се случило?
Од друга страна па, дали ако ви се случило такво нешто чувствувате потреба да се оправдувате или извинувате за вашиот променет став, со кого можеби претходно некого сте навредиле?

Итн итн итн ...:pipi:

Во принцип, се обидувам кога изнесувам став тоа да биде од искуство, кое можеби и не којзнае колку големо, но она што го имам ми ги има оформено скоро сите принципи со кои што денес живеам.
Така научив да разликувам добро и лошо.

Додека, кога мора да се заклучи став за нешто погледнато само од страна, тогаш би го видоизменувала и да би признала дека грешам, ако некој ми изнесе подобри факти.
Ми се случувало тоа и ќе ми се случува, секогаш е битно да се признаат сопствените грешки за да може нешто од нив да се научи.
 
Дали вашите ставови во врска со се` се должат исклучиво на тоа како вие живеете и колку знаете да ги менувате?

Не, ставовите што ги имам не се должат исклучиво на тоа како живеам.Некои да, но не сите.
Колку ги менувам, хмм...тешко некој став да променам ако претходно добро сум ги анализирала работите.

Дали ако денес за некоја работа или постапка мислите дека е лоша, утре ако ја направите го менувате ставот и тврдите дека е добра или во најмала рака ја прифаќате како нормална?

Не го менувам ставот.И понатаму си стојам на тоа дека е лоша.
Едноставно, ставовите што ги имам не зависат во целост од моето однесување.:pipi:

Што значи таквата постапка за вас или за луѓето кои ја направиле?

Дека понекогаш свесно правиме некои грешки.

Дали потврдува дека не треба да се има конкретен став за нешто што не сме го пробале или што не ни се случило?

Зависи како е формиран тој став.Ако до вчера цврсто сум мислела дека „тоа“ е лошо, сигурно сум имала и цврста причина така да мислам.А ако се предомислам за нешто, да-потврдува дека тоа нешто не ми било добро испробано.:)

Од друга страна па, дали ако ви се случило такво нешто чувствувате потреба да се оправдувате или извинувате за вашиот променет став, со кого можеби претходно некого сте навредиле?

Ако го променам ставот сигурно дека би го оправдала доколку има оправдување, :) ако не ќе признам дека не сум била во право и можеби ќе се извинам.:)
 
Луѓето се склони да се врзуваат за одредени ставови, да ги менуваат и сл., само за да докажат дека се во право. Некој помалку, некој повеќе но, во глобала, секој, ама секој од нас има потреба да верува дека е во право, и тоа свое уверување да и го наметне на околината. Иако делува како мана, сепак истото е само вродена човечка карактеристика од која тешко дека некој може целосно да побегне.

За луѓето е карактеристична потребата да се врзуваат за нешта и да ги штитат.Било личност, било предмет, било апстрактен поим. Така е и со ставовите. Тие обично не претставуваат само искажани реченици. Тие се слика, рефлексија на нашето јас, на се она што сме. Оттаму и потребата така упорно да се бранат. Кога ние браниме некој личен став, ние не браниме некоја таму теза. Не, ние се браниме самите себе и и докажуваме дека патот по кој чекориме е правилен. Дека, ние како индивидуи сме "правилни".

Како пример можат да послужат и дискусииве на форумов. Кога налетуваме на тема која, обично на потсвесен начин, ја допира нашата личност, ние се впуштаме во дикусија, емотивно се инволвираме и сме спремни до "изнемоштеност" да ги изнесуваме, аргументираме,менуваме итд. нашите ставови, само за да "покажеме" дека она нашето е вистинско, правилно.
 
Јас многу се нервирам пак некој кога ќе свати дека греши а пак ми тупи дека е така и зборува зборува троши милион зборови да ме убеди а и повеќе ни тој не верува во тоа што го зборува...Јесте да треба да си остануваш на твојот став ама се случува и да го смениш,луѓе сме грешиме,созреваме а со тоа се менуваат и некои наши ставови и мислења,и треба кога ќе ги смениме да го признаеме тоа а не да се уверуваме и самите дека е така кога знаеме дека не е..И исто така не сакам некои ептен лабилни личности кај што дува ветер таму да се и тие..И тие ми одат по нерви многу...Јас кога ќе променам некој став ако другите се во право ќе се извинам и ќе им кажам дека сум згрешила,ама пак да знам дека сум во право ништо не може да ме убеди во спротивното...
 
:helou:Имам свои ставови ,особено за лоши работи ретко ги менувам . Морам да признаам дека во младоста , се обидував да ги наметнам и на друг но полека сватив дека секој има свои ставови и секој мисли дека неговите се најправилни .Сега ми се случува и да го променам мислењето во зависност од околностите ,се обидувам да се менувам со времето ,не е лесно ама мислам дека доста ми успева а ставовите секој ги гради према својата личност ,влијанието на околината ,времето и друштвото .Убаво е да се има свои ставови но да се почитуваат и туѓите ,ако не излегуваат од рамките на етичките норми и правила на живеење.:smir:
 
Не наметнувам свои ставови, го кажувам своето мислење и гледање на работите, па твое е дали ќе прифатиш или не. Секој со свој памет, нели? Ако ти треба совет со радост ќе ти помогнам. Обично од своите грешки им кажувам на другите, ама знам дека џабе кажувам, додека сам на своја кожа не осетиш нема да поверуваш, така тоа иде. Обично одам со цврст став за било што, таква сум, ретко да го менувам, одам и по искуствата на моите најблиски, ама никогаш од незнам подалечни муабети. Не сметам дека моите размислувања се нај нај првилните и така мора да биде, едноставно сакам да ме почитуваат мене и моите ставови како јас на сите други.
 
Back
На врв Bottom