Се' или нешто

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Наследникот на Земи или остави што одеше на Алфа до пред две години со Игор Џамбазов.
Истата лиценца, само во малку изменета форма и со Лила како водителка.
Искрено ме изненади тоа како Сител го има сработено проектот, обично тие потфрлуваат во домашна продукција, ама овој пат навистина се подготвиле ОК.
Во првата емисија натпреварувачката беше истата онаа која во Земи или остави претходно ја имаше добиено најголемата освоена добивка (666.666 денари), а сега освои 200.000 денари.
Првата емисија според рејтинзите од AGB Nielsen добила 17,80% што ја прави убедливо најгледана домашна програма во текот на декември и победена само од турските Љубов и казна и Солзи на есента.
Се дава во недела во 22:00 на Сител.

Уште не можам да поверувам дека емисијата ја крстиле „Се или нешто“. Fking нешто!

Е де де и Бананамен се вика Ерик....ама ти го знаеш ко Кире Бананамен:) ....јбш ...коа ќе ти уфрлат нешто,после долго време се навикнуваш.
 
Е де де и Бананамен се вика Ерик....ама ти го знаеш ко Кире Бананамен:) ....јбш ...коа ќе ти уфрлат нешто,после долго време се навикнуваш.
Вистинскиот израз е „Се' или ништо“. Арно ама, ништо во овој случај не одговара, бидејќи натпреварувачите секогаш си одат со „нешто“, па макар и тоа биле 5 денари. Затоа „креативните“ луѓе во Сител го смислиле овој наслов и со тоа уште од старт заебале работа.
 
Исто така до денес сите Ерик Бананамен,го знаеме ко Кире Бананамен....или Патката Доналд ние ја знаеме ко Пајо Паторот и итн.:icon_lol:
 
Емисијава е лудило, порано ја гледав италијанската верзија и беше топ, оваа нашава е добра али за споредба со италијанската е ништо...Добра беше натпреварувачката им собра 200К :)
 
И мене не ми е јасно зошто го одбраа овој наслов, требаше да го остават оригиналниот „Земи или остави“, ама Сител направија се' за да испадне дека квизот првпат доаѓа во Македонија, како ние гледачите да имаме кратка меморија.
 
Многу интересна емисија,нешто ново и невидено,како само им текнало.Иновативно до даске.
Вакви работи во Америка се емитуваа пред 20 години,кај нас сега.
Али добро е,за тепање време,некад кога стварно ти е досадно и ништо нема на телевизија.
Плус Лила е добра за ковање,тоа е позитивната ствар.
 
На грчката Antena1 телевизија порано си следев ваков квиз Deal or No Deal.
Прекрасно шоу, сумите беа исти како нашиве, само во евра :), водителот неверојатен, плус музика во студио, плус интересни натпреварувачи...

Лила е истрошена роба, и спрема ова погоре, на Сител ми изгледа многу вештачки и многу досадно :oops:
 
Баш е интересно со Лила, баш ми е позитивна :)
 
1004536_10151820607060535_1495479305_n.jpg
 
Имаше на ТВ тој што го освои милионот? Знам дека кажаа летово дека некој го освоил но дали прикажале на ТВ незнам...
 
Имаше на ТВ тој што го освои милионот? Знам дека кажаа летово дека некој го освоил но дали прикажале на ТВ незнам...

Никој не освои милион.Најмногу до кај 300 и нешто земаа до 400
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom