Се да се собере, што ќе остане?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Сеуште сум во 30 и некоја минута од првото полувреме... резултатот е нерешен, со тенденција на крајот победата да биде со висок резултат... сепак со неколку жолти картони и навивање на судијата кон поразувачите, ќе биде тешко да се извојува победа со висок резултат, но и минимална разлика ме води во финалето...
 
Не треба ништо

Не мора ништо

Најбитно да си го живееш животот полносвесно и на начин автентичен за тебе - тогаш сигурно е ПОБЕДА
 
А зошто па пораз како термин кога немаш битка?!?!

Значи имаш успех и неуспех конкретно кога имаш некоја цел-ако си ја исполнил ОК ако не налет(велат не гради висока кула од сништа за кога ќе се сруши штетата да биде помала).

И на крај краеви треба да имаме предвид дека некои луѓе се приклештени од системот на раб на егзистенција-значи ова дека системот е успешен??

Па сиот живот е битка.
Се бориш да те примат во средно,на факс,на работа.Се бориш да заработиш,да платиш сметки,да бидеш она што сакаш.Се бориш со себеси,си велиш издржи а знаеш дека системот те унаказува.
Се бориш против својата волја,гледаш да преживееш и се работиш нешто што не сакаш.
Волјата умира под влијание на надежта.
И да,ако системот има за цел да ги приклешти луѓето,тогаш значи дека тој успешно функционира.




Јас...јас ги губам битките и живеам во вечно покајание за се што сум сторил.Да,пораз ќе остане бидејќи ова не е тоа што го сакав.
 
Па сиот живот е битка.
Се бориш да те примат во средно,на факс,на работа.Се бориш да заработиш,да платиш сметки,да бидеш она што сакаш.

Отпрвен не е,туку потоа во образовниот систем започнува лоботомијата,на факс и на улица уште по ќе се обесчовечиш натаму јасно...




Се бориш против својата волја,гледаш да преживееш и се работиш нешто што не сакаш.

А која е твојата волја??

Што сакаш да работиш??

Инаку човекот во принцип баш од традициите,религиите и системот се УЧИ(присилно) на некои правила и тоа е лошо..али џабе-еднаш поправав ПЦ на еден комшија,завршив работа пиевме кафе и насила ми дава пари а ниту барав,ниту пак ми требале уствари тоа е единствен случај кај ги земав тие 200 денари кога ми рече абе будала си...поентата ми е дека човекот откако ги прими тие правила и норми...нема враќање.

И да,ако системот има за цел да ги приклешти луѓето,тогаш значи дека тој успешно функционира.

Системот официјално ја нема таа цел но неговите полувистинити претпоставки водат кон приклештување т.е маргинализација на одреден процент на население било по кој основ..


Јас...јас ги губам битките и живеам во вечно покајание за се што сум сторил.Да,пораз ќе остане бидејќи ова не е тоа што го сакав.

Си градел кула од сништа т.е си барал невозможно или си направил погрешен избор-во секој случај губењето на битките не е и губење на војната:)
 
Отпрвен не е,туку потоа во образовниот систем започнува лоботомијата,на факс и на улица уште по ќе се обесчовечиш натаму јасно...

А која е твојата волја??

Што сакаш да работиш??

Системот официјално ја нема таа цел но неговите полувистинити претпоставки водат кон приклештување т.е маргинализација на одреден процент на население било по кој основ..



Си градел кула од сништа т.е си барал невозможно или си направил погрешен избор-во секој случај губењето на битките не е и губење на војната:)


Е не е по шија по врат е :)
Лоботомијата не почнува на една него на шест години...да тоа е једина слобода што човекот ја добива,тие 6 години :)

Moјата волја па богами и на голем број од луѓето се коси со денешниот начин на живот кој ни е наметнат.
Пример,поради фаци како Џастин Бибер добар рок бенд не може да успее на сцената.
Публиката нејќе да слуша текстови за парадокси(пр. Meshuggah,Catch 33) туку скршени срца и кафански срања :vozbud:

Поради тоа што едвај ќе крпам крај со крај со тоа ја не сум на ПМФ на Антропологија и Етнологија туку на електро програмер...што ми е на крај памета,али јебига се плаќа поише.:vozbud:

Али ајде,то е то.

А официјалната цел на системот...ехеее 100 чекори толку години ниеден не напраивме,ко држава под детска парализа да ни е:vozbud:
 
Кафанските срања народот не да ги сака,ама срање како срање оди задолжително со течност па полесно го голтаат:)

Па немаш пораз антропологија бајаги интересна наука е(и социологија)-трансфер и ете проблем солвед.

Или одбра електро ко бош подобро се плаќа-пази ти одбра така???

А нашиов систем е на вештачко дишење моментално...ако не успее електрошоковите на ред:)
 
Али понесигурен е патот,знаеш професор по историја(Антропологија на Митот и религијата ме интересира :vozbud:) ми е најсигурна професија...или кустос :pos:
Ковам планови,ќе го завршам и тој после електро,не се брзам :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom