Се борите ли за своите соништа?

  • Креатор на темата Креатор на темата >>LadY<<
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Кога ќе ви се случи неправда без разлика за што и да станува збор, како реагирате? Дали се буните и влегувате во конфликти без размислување за да ја спречите неправдата и да докажете дека Вие сте во право, или сте пасивни и оставате нештата да течат како што почнале,не се заморувате околу тоа и мислите дека е доволно да се утешите со фактот дека се се враќа кога тогаш и вие не мора да превземете нешто околу тоа?
Се борите ли за остварување на своите соништа, желби, цели? Како го правите тоа? Колку често се јавува потреба да го правите тоа? Постои ли нешто важно во вашиот живот што немало да успеете да го постигнете доколку не сте покажале упорност и цврст став? Треба ли и за мали ситници да се бориме за да го добиеме она што го сакаме? Дали за нешто што си го имате поставено како цел ќе направите се што е можно па дури и по цена на нечие пријателство?

Јас сметам дека треба секогаш да се бориме за своите цели, какви и да се да ги направиме возможни, но само доколку не се во опасност некои рабои кои се најважни во животот како што се пријателствата.. Но, има такви луѓе кои за да ги остварат своите цели буквално рушат се пред себе, не гледаат ни роднини ни пријатели, и сето тоа за некоја мизерна работа што си ја поставиле како цел, без разлика дали станува збор за нешто материјано или некаков сопствен успех.. [FONT=&quot]:smir:
[/FONT]
 
Оф темава како да е создадена за мене:pipi:

Значи вака...кога ми се случува неправда а секогаш ми се случувало барам начин да го решам проблемот ма како и да било.Се обидувам да докажам дека сум во право и некогаш ми успевало некогаш не.Не можам да бидам пасивна и да чекам од небото да падне нешто и да го реши проблемот.Не се утешувам со фактот дека се се врака се се плака иако тркалото секогаш се врти:).
Инаку за моите соништа подобро е да не зборувам,невозможни се и затоа и не се обидувам да ги остварам зошто знам дека нема да успеам колку и да се трудам.
Друго,се борам сепак за некои ситници да бидат мои макар и да ми е последното нешто но не на сметка на нечие пријателство,зошто утре би можела да останам без саканото а и без пријателот.:toe:
Секоја личност е со различен карактер некој се бори некој чека од небото да му падне.Човекот треба да се бори за она што го сака,барем да се обиде ако не друго:)
 
Ако знам дека сум во право,најчесто одам до крај,ако сфатам дека другата страна стварно се инаети,не се разбира од збор.. оставам како шо е. Не планирам да губам нерви за некој/а инаетџија.

Моите соништа,желби,цели.
Соништата си остануваат недопрени.
Желбите ако можам ќе ги остварам.
Целите задолжителни се.
Инаку,секако дека постојат такви ситуации во кои шо сум се нашла,да морам да бидам упорна,во спротивно кој ме јебе.
Е во такви ситуации само се молам да не ме надвладеат емоциите и емо-моментите и да се откажам.
Дали за нешто што си го имате поставено како цел ќе направите се што е можно па дури и по цена на нечие пријателство?
Не, никогаш не би понижила пријател за јас да сум on the top.
Јес да некогаш треба dirty game,но би требало да се запрашаме дали е вредно тоа колку едно пријателство.
 
Се борам но тешко иде што да правам.:S
 
Se boram do granica....uporna sum ....ama koga ke vidam deka ponataka nema zoso da se boram krevam race :pipi:
 
Борба за своите соништа или борба против неправдата и докажување на спортивното т.е одбрана на својот став во врска со нешто?Или и двете?
 
Не се борам. Тие се остваруваат и така и така :)
 
Јас го живеам мојот сон, така да би рекол дека трудот е обостран.
 
Борба за своите соништа или борба против неправдата и докажување на спортивното т.е одбрана на својот став во врска со нешто?Или и двете?
Јас би рекла: борба против неправдата за да ги оствариш своите соништа(цели,желби).. :):smir:
 
Најчесто борбата за своите соништа е со самите себе (да се избориме за истрајност). Надворешните фактори доаѓаат на второ место. Ако немаме соништа, немаме ништо!
 
Која е поентата да се живее доколку не се бориме за остварување на своите соништа?

Тешко е, не викам не. Ама ако се ни биде сервирано, нема да биде интересно.
 
Кур ме боли за моите соништа.
Не се замарам со нишо више.
same here .
Шо сака нека биде ич не му ја мислам.Кога мислам и се замарам секогаш полошо ми оди.
Вака си оставам се со ред, шо е мое ќе си дојде. Порано се замарав со свашта па гледам има некоја добивка.Вака ми е 100 пати поубаво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom