Мистичен
Човек
Ебаго, владата им дала субвенции, не може бе и откуп по загарантирана цена да им гарантира. Па не е владата млекара Битола или Сведмилк.Не бе Мистик,не си ни ти во право за тоа,иако донекаде се согласувам со твоето мислење за 100тина литри млеко,ама верувај дека во тоа Скопјето се изгледа малку поинаку одколку во шталото со крави или во трлото со овци,разликата е евидентна.Проблемот лежи во ветувањата на нашата влада дека со стимулации ќе го реши статусот на земјоделците,без разлика дали тие преживуваат од 5 крави или купуваат БМВиња и јахти од 500 тини крави.Знаеш ли кој има повеќе од 100 крави во државава,нема ниту еден чесен земјоделец и работник по нивите,сето тоа се директори на пропаднати фирми,раскрчмени Тутунски комбинати кој зедоа неповратни Тајвански или слични кредити за кој земјоделците,ама оние вистинските,можеа само да сонуваат.Во предизборните ветувања на оваа влада тие го гледаа своето подобро утре,градеа подобра иднина во своите сништа и сега цаааап,наеднаш се им се руши во реалноста.Зарем тие се виновни што власта секојдневно им труби по медиуми дека ќе им даде половина милјарда евра во следниот период само доколку работат со стоката на нивите?Зарем селаните се виновни што со парите кој ги зеле како приход гледаат дека не можат на децата да им купат книги,обувки или кроасан од 20 денари туку само од 5 доколку најдат,иако буквално спијат со стоката?Верувај дека селјаците не се научени само да кукаат,понекогаш кукаат со причина,особено одкако ќе увидат дека некој ептен непоштено ги “обработил“.
Мене ако не ми одговара понудена цена за мој производ или услуга - не ги давам. Им викам шетај на потенцијалните клиенти. Ако не им чини на сељаците цената, нека прават и тие така, нека не продаваат млеко на млекопреработувачите. Зошто им го даваат по таа цена?