Screaming For Change

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Screaming For Change се млад хардкор бенд од Скопјe, постојат од Мај 2008 година, и за прв пат се појавуваат на последниот концерт на македонскиот легендарен состав FxPxOx. Беа дел од Hardcore Family Reunion фестивалот во Скопје и имаат настапувано неколку пати на локално ниво заедно со повеќе бендови од домашната сцена. Моментално го подготвуваат првиот деби-албум кој го работат заедно со Ненад Трифуновски - Трипе, кој е исполнет со енергичен хардкор, зачинет со опасен beatdown мош. Промоцијата на деби албумот е закажана за 12ти Март 2010 во клуб Кастро.

http://www.myspace.com/s4cmk
 
Како што би кажал еден мој другар, најциганскиот бенд во Македонија... Врескајќи за кусур :pos2: Иначе закон се типциве, имаат неколку јаки песни.
 
Ај да ве апдејтувам.
S4C го издадоа својот прв албум годинава во март месец. На албумот се наоѓаат 9 песни, меѓу кои: Out of pain, Your Mistake, One Shot -One Kill, Stay Strong, Lockdown, Војна, Кругот на довербата, For my family, Violence.
Текстовите им немаат везе, али ок, дерење си е дерење и онака никој не разбира (:
Поомилени песни: Кругот на довербата, One shot - one kill, For My Family.
Мене ми се ок, само текстовиве мораат да си ги средат.
 
бев на нивната промоцива на 12 Март, свиреа со тетовскиот хардкорд бенд Непокор. Иако не слушам хардкор воопште, ми се допадна гитаристот како свиреше на S4C. Се гледа дека слуша металика многу : ))
 
тиња ... не ги мерачам многу многу ...
 
Ги слушав на РокФест пролетта , имат од мене поддршка.
Барем нешто убаво на македонскава панк-рок сцена...
 
241014_10150182327476656_543831655_7080397_3656721_o.jpg21 Мај, Клуб "Havana". Hardfaced, Screaming for change, Hobson's Choise (Tuzla, BIH)
 
Кога се појавија ги слушав и интересни ми беа , сега некако еднолични ми делуваат . Многу и новиот и стариот материјал ми е ист.
 
Бендот ми е онака, повеќе за тинејџерчиња, но си живеам со Цаци пејачот, така да нема да ја должам многу :)
 
Некни ја имаа последната свирка со кое го завршија своето 7 годишно постоење. Беше некој да сподели некоја импресија?
 
Некни ја имаа последната свирка со кое го завршија своето 7 годишно постоење. Беше некој да сподели некоја импресија?
Еј...
Треба почесто да го читам форумов и подфорумиве :D
Бев. Со бендов сум од првата свирка, до концертов. Заврши и оваа приказна.
Почнаа да го менуваат звукот, да се менуваат они како луѓе, со тоа и музиката, ваљда логично. Сменија и некои членови.
Започнаа како деца кои ја обожаваа њујоршката сцена, двајца од нив деца од музичко, чуле секаква музика, запознале стилови, увидоа деkа секој од нив почна да се пронаоѓа во нешто друго. Горе-долу остануваат пристуни поединечно, вокалот, Цаци ги има Новиот Почеток и Cultre Development, Горан-Смат, Џигер-бубњарот некои џез проекти, Неврус-другиот гитарист Genreiss итн... Убаво беше додека траеше. Концертот одличен, иако кај нас го има често она дека "headliner-от" треба да е најгласен, што пак е нефер кон другите бендови..тоа е друга тема. Они си отсвирија супер, Џоле Смат и Баже како и претходно гостуваа, стејџдајвови и сиркл питови...
 
Им ги пратам и јас кариерите горе долу оти имам емисија за македонскава андерграунд сцена, па ги пуштам одвреме навреме. Скриминг ги зачекав во Апореа-Прилеп на времето, им беше една од првите свирки воопшто, така некако кажаа. Со Цаци тогаш комунициравме почесто, такви времињата беа. Уште им го чувам некаде низ дома цедето. Баш го надупчив да се потпиши, да го имам со посвета :D И вика не сум ѕвезда ебате, али ај.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom