Scratch Free - го има купено некој, делува?

По некои гребаници некогаш можат да се прикријат со слични средства. За жал, трајно покривање на гребаниците на тој начин нема. После неколку миења, или пак после првото миење доколку ти го мијат возилото со детергент за безконтактно перење, покривното средство се измива и гребаницата е повторно видлива. Машинското полирање може да даде резултат, но и тоа е на определено време во зависност какво средство за полирање е употребено и како потоа ќе биде миено возилото.
Единствен лек за гребаниците е превентивата. Не го оставајте возилото на ризични места каде ви е далеку од очи и каде постои можност умоболни садисти да го гребат, а и предходно редовно полирајте го зашто слојот восок спречува лесно да биде изгребан лакот.
 
мене ми личи како во моментот да се гребе ама видеото наопачки го пуштиле... тоа пенкалцето гребе а не да покрива
 
Не бе, бел фломастер е... :)) Гледај ја фризурата на стариот како обратно „лета“ на ветерот :))
 
видов... вракани снимки наназад... креда ли е, фломастер ли е небитно.... како бе ебате сите до еден ја повторија цртата изгребана без да згрешат а?:vozbud:
 
Мижи асан да ти баам. Ако ова чисти гребаници, јас сум супермен.
Подобро купи си полир паста, исполирај ја, поубаво ќе изгледа, за мали пари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom