tosethebest напиша:
1.Јас лично фаќам околу 2000 канали, ама тоа е различно од колку можам да гледам или да ги свртам по компјутеров.
Тоа зависи дали антената ти е фиксирана или ти е моторизирана. Така да само на HotBird имаш некој си 1100 канали (за тие што незнаат тоа се повеќе сателити на иста позиција). Значи со моторче, поголемина антена односно квалитетна опрема ќе можеш да фатиш многу повеќе сателити, а со тоа и многу повеќе канали.
tosethebest напиша:
2.Многу од овие канали се кодирани а бидејќи според vardarce Sky Star2 e мрежна картичка тогаш не би препорачал компјутер испод 1Ghz и нешто околу 384MB Ram колку и јас всушност користам. Сепак се појавуваат некои мали проблеми ама со добро познавање во оваа област може се да се санира.
Бидејќи SkyStar 2 софтверски ги декодира каналите затоа и бара појак компјутер. Ама слободно би работел и би декодирал канали на машина од 800 MHz и 256 рам, но колку е појако толку е подобро се разбира. Да речеме за некој file grabber препорачливо е барем 2 GHz процесор затоа што таа операциja е доста захтевна и машината е нон-стоп оптоварена.
tosethebest напиша:
3.Да преминам на главното секој месец ти ги кодираат сите оние убави канали со добри филмови кој што се во тек а да не правам муабет од кога почна светското прв.. кодовите почна да се менуваат на секој 30минути така да мора да имаш интернет нонстоп за да ги симнуваш.
Пиратското гледање канали е скапо и досадно хоби.

Затоа што секогаш има нови стандарди/верзии на кодирање што со секое испаѓање ги подобруваат на пиратите им е се потешко да ги пробијат тие заштити. Значи со пиратско гледање или имаш или немаш ти е работата, денеска го гледаш утре више не така секогаш било и така секогаш ќе биде. Значи сигурност во тоа нема дека ќе гледаш пиратски канали без прекин цела година.
tosethebest напиша:
4.И јас до пред 9 или 10 месеци имав од тој интернет еднонасочен со кој можеш да симнуваш се она што сакаат да го симнеш администраторите од тој сателит. Јас бев на сателитот Astra 13* со кој можеше да се радуваш дека имаш сателитски интернет и да симнуваш некој половични филмчиња, програми, порки итн...
Програм што се користи е manna 0.28 v но има некои понови и постари верзии кои се доста корисни во зависност од конфигурацијата на компјутерот што го поседувате.
Програмот што можете да го најдете со гуглање на прв поглед ќе ви изгледа многу глупо каде што нема да можете да се снајдете.А стварно и не е баш некоја проста работа затоа што ако не го фаќаш баш најдобро сигналот испаѓаат доста големи проблеми.(Башка успут може да се наполните и со некои добри "корисни" вируси).
Пробај со SkyNET и кажи како ќе биде, подобар од тој file grabber нема. Исто така знаеш дека на повеќе сателити има различни интернет провајдери и ќе мора малце да експериментираш да тестираш од кој провајдер најдобро може да се фати, извлече. Некаде има добри песни, некаде добри порно клипчиња, некаде добри програмчиња, некаде ништо.
tosethebest напиша:
5.ЗА ПОФАЛБА Е DGRABBER-от каде што можеш да фаќаш радио канали или стримови од радио канали да ги снимаш и да ги претвориш во добро парче музика, но се ова е невозможно без PROGDVB.
Више нормална работа е да можеш да си снимаш музика од сателитските радио станици или пак да си снимаш филмови во ДВД квалитет.
tosethebest напиша:
6.За македонскиот интернет засега информаци и самите си знаете Делтаком и господ напомош од нашиов монопол со сите интернет провајдери низ Македонијава.
Тоа е више друга приказна за на други теми.
