Сателити

  • Креатор на темата Креатор на темата Downed
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 април 2010
Мислења
20
Поени од реакции
2
Случајно излегов на тераса вечерва, и забележав нешто светкаво на небото, што мислам дека не е ѕвезда ниту авион а искрено не сакам да верувам ни дека е НЛО :вонзем:, па го посматрав некое време, беше прилично статично само што светкаше цело време црвеникаво, бело, жолтеникаво итн. Беше на североисточниот дел од небото не многу високо. Па еве на Вас поумните одмене ви оставам да ја одгатнете мистеријава :).

Во случај да го утнав одделов, слободно преместете ја темава.
 
Ако не друго,еве начин како да натераш некој да излезе на тераса.
Признавам и мене. Сега пак се враќам да посматрам.
 
Едно мало надополнување од мене. Се туширав и се вратив и сега е малку повисоко и поисточно од претходно каде што беше. Изгледа сепак се движи. :cool:
 
То најчесто се авиони шо летет на голема надморска висина. Сателитите според мене се без светло за да может да си ја вршет својата рабта (шпиунска) без ние да знајме дека не посматрет.
 
То најчесто се авиони шо летет на голема надморска висина. Сателитите според мене се без светло за да может да си ја вршет својата рабта (шпиунска) без ние да знајме дека не посматрет.
А зошто еден сателит би требало да има светло?Која е користа од тоа?
Не зборете глупости...
 
Моја теорија, лично мислам дека светлината доаѓаше од соларните панели што ги рефлектираат сончевите зраци, сепак сигурно не е авион затоа што преспоро се движи, за споредба забележав неколку авиони, но ова беше поразлично, многу поразлично.
 
Случајно излегов на тераса вечерва, и забележав нешто светкаво на небото, што мислам дека не е ѕвезда ниту авион а искрено не сакам да верувам ни дека е НЛО :вонзем:, па го посматрав некое време, беше прилично статично само што светкаше цело време црвеникаво, бело, жолтеникаво итн. Беше на североисточниот дел од небото не многу високо. Па еве на Вас поумните одмене ви оставам да ја одгатнете мистеријава :).

Во случај да го утнав одделов, слободно преместете ја темава.


Истото и јас го забележав вчера. Североисточно како што опиша, најпрво мислев дека е авион, но во место стои.Менуваше повеќе бои а и сјајот на светлината варираше,па беше доста интересно.Обично ѕвездите светкаат црвенкасто,но ова варираше жолто,сино,црвено итн...
Вечерва не се ни потрудив да го видам, но штом друг го забележал,добро е ми функциониаат очите и умот сеуште добро:)
--- надополнето: 8 септември 2013 во 01:45 ---
То најчесто се авиони шо летет на голема надморска висина. Сателитите според мене се без светло за да может да си ја вршет својата рабта (шпиунска) без ние да знајме дека не посматрет.


Каков авион е тоа што изгледа статично и света во илјада бои како новогодишна елка:)? Ете членот рече вчера на една точка бил, денес нешто повисоко.Јас го забележав,проверете и видете.Ќе го препознаете што светка со разни бои и различен интензитет.
 
проверете има некои програми што ја даваат точната положна на меѓународната вселенска станица.таа е доста голема и вероватни има отсјај на панелите.мислам дека и гугл `рт ја има оваа опција.споредете кога била на кое место.можеби ќе се совпадне
 
Мали се шансите да го гледаш Јупитер, и највероватно се работи за Вега или Капела.
--- надополнето: 8 септември 2013 во 10:19 ---
Едно мало надополнување од мене. Се туширав и се вратив и сега е малку повисоко и поисточно од претходно каде што беше. Изгледа сепак се движи. :cool:

хехе, земјата орбитира околу сопствената оска.

Вселенската станица и сателитите се движат со огромни брзини што е забележливо со голо око. Ако направите споредба на нивната брзина, и објектите што се до нив, јасно ќе ви биде. Обично светат жолто-бело, и нивното светло е константно. Не трепкаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom