S
Sheldon Cooper
Гостин
Ко што рекол Сократ „Спознај се самиот себе“, пробав да го послушам и да се спознаам. Арно ама некако тешко ми одеше затоа што сум многу комплициран. Тешко човек може вистински да се спознае. Не е доволна само сопствената слика за себе туку и тоа како другите те доживуваат. На некои сум им многу забавен и интересен, на други сум им антипатичен и досаден, трети ме сакаат, четврти ме мразат и така натака. Ако човекот го дефинираат личните карактеристики тогаш ова се моите: добар, искрен, љубоморен, емпатичен, мирен (со тенденција да експлодирам откако ќе ми се собере сѐ), не дискриминирам-според мене сите се исти и никој не е ниту повеќе ниту помалку од мене. Не верувам секому, лесно стекнувам пријателства но нивниот рок на траење зависи до самите нив. Не поднесувам лажење, манипулирање, политика, го мразам општествениов систем, сметам дека местото не ми е овде туку на друга планета кај што ќе живеам со луѓе со кои имаме исти интереси. Светов е хаос! Нема ништо позитивно а и она малку позитивно неможе да дојде до израз од негативното..Самоанализирајќи се нема да постигнам ништо туку само ќе си ги расчистам сомнежите дека луѓето се лоши и малку се тие што ти мислат добро. Секој гледа да те зезне, да те оштети и да ти напакости. Еден ден ќе соберам пари и ќе си земам едно островче на кое ќе живеам со најблиските и тие што ги сакам. Без интернет, без тв, мобилни и без лоши луѓе! Тоа ќе биде мојот рај (и за душа и за тело) 
