Не планирав да постирам на темава,оти многу тешко ми оди да се опишам самата себе,ама вчера ми рекоа дека сум била многу комплицирана личност,па тоа ме натера да размислам-која сум всушност јас?
Понекогаш трчам,понекогаш се кријам,понекогаш се плашам од сите околу мене,од страв да не бидам повредена.Однадвор сум цврста и на моменти сурова,но всушност сум многу ранлива...тоа успеа да го открие само една личност која многу ми значи во животот.Брзо го менувам расположението,можам да се смеам до солзи,а веќе наредната минута тонам во некој мој свет,свет во кој нема да ме лажат в лице оние кои некогаш ми значеле...сум се разочарала во многу блиски,но не жалам за тоа што поминало,напротив,тоа ме направи посилна,и на некој начин им благодарам на нив.
Буквално,потписот под аватарот-I give love a bad name ме опишува каков однос имам јас со за мене сеуште непознатото чувство-љубовта.
И во тоа сум како некоја исплашена срна-давам да се доближат,но не преблиску-ако ја пречекорат границата,бегам и како што вели една моја другарка-оставаш пустош зад себе
Но не беше секогаш така...многу се променив во минатата година и пол.Веќе ни самата не се препознавам.Оној лик што го гледав,веќе не е ист.Ако сте го гледале филмот ГАВРАН ќе сфатите за што ви зборувам-како момчето кое изгубило многу во животот,но некоја одредена сила,силата на гавранот го враќа во живот,да го доврши тоа што го оставил зад себе-животот.