Салеп

  • Креатор на темата Креатор на темата Сабазиј
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.667
Деновиве пијам салеп. Иако го користам од здравствени причини, морам да кажам дека уживам во него. Салепот е зелјеста, повеќегодишна лековита билка од фамилијата орхидеи, кој станал популарен во средниот век со доаѓањето на Арапите во Европа. Содржи околу 50 % слуз, составена од шеќери маноза и гликоза до 30% скроб, 10% сахароза и до 10% вода. Главни својства му се: антитусивно, емолиентно, антикатарално и афродизијачко. Се приготвува со топло млеко или вода. Слузта ги обложува дишните патишта во вид на филм, ги заштитува и ублажува воспаленијата и ја отстранува кашлицата. Затоа е многу ефикасен при бронхит, фарингит, ларингит, трахеит, настинка и грип. Делува против воспаленија на слузницата од желудникот и цревата, при гастрит,чир на желудникот, дванаесетпалачно црево, дијареи, катар во цревата итн. Брзо и ефикасно лекува летни дијареи кај децата. Се препорачува како пријатен напиток кој може да се конзумира неограничено. Често се зачинува со ѓумбир или цимет. Опушта, релаксира и ја зголемува сексуалната моќ кај мажите и кај жените.

Дали сте пиеле салеп и што мислите за негo?
sahlep.jpg



 
кај можеме да ги најдеме сите потребни продукти за да си го правиме дома?
 
кај можеме да ги најдеме сите потребни продукти за да си го правиме дома?

Мислам дека го има во поголемите маркети. Јас го зедов од аптека. Сепак, најлесно се наоѓа на Бит-пазар и во чаршијата.
 
ај уште едно прашање (кој не знае ќе прашува):

како се приготвува?

нешто како кафе/чај, или?
 
Ехх салеп. Ми текнува на времето кога се договаравме среде лето да пиеме салеп :)

Последен пат пиев на работа, колешка од соседната канцеларија правеше.

Бај д веј, што ти требаше да спомнеш дека делува ко афродизијак, викендов ќе пробам дали има и такво дејство (ако не заборавам да купам од продавница).
 
Еднаш пробав, домашно правен ама не ми се допадна и не го допив. Знам доста луѓе на кои им се допаѓа, но сепак мене не ми прави мерак.

Од друга страна можеби е друго дома кога го правиш и да седнеш некаде во чаршија да пробаш, веројатно е подобар таму.
 
Каков црн Лезет, идете у чаршија и не се будалете :)
 
Многу убава работа, ама незнам зошто не пијам почесто највероватно дека кафето ми е навика.
 
Има на Бит-Пазар салеп (сосе млеко во прав и ванилин-шеќер внатре), се прави слично како пудинг. 2-3 лажички за 250 мл зовриено млеко или вода (со млеко е поубаво). Има и салеп на Алкалоид, чист салеп, една лажичка за 500 мл напиток, сам си зашеќеруваш. Ептен убава работа.
 
Фала за римајндерот одам да си напрам. :baeh:
 
Купив кога бев во Албанија, ептен гадно ми беше . Не е по мој вкус ама ич. Инаку велат дека било здраво и корисно за организмот, ама ете мене не ми се свиѓа.:toe:
 
Во последно време често пијам салеп...ми се допаѓа вкусот...супер е !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom