Да ви кажам право пред извесно време имаше една кампања на владата на РМ- Купувајте Македонски производи. Меѓу многуте лоши кампањи кои само ги птрошија парите на граѓаните, оваа ја сметам за корисна.
И навистина ме поттикна да купувам наши-македонски производи.
Редовно одам во некоја продавница да си купам наше МАкедонско млеко и најчесто тоа е Битолското.
Но всушност дали е?
Деновиве гледам дека всушност сум купувал Српско млеко со македонска амбалажа, затоа што Битолска млекара е купена од ИМЛЕК- Србија, и пакува српско млеко во македонската амбалажа под Македонски бренд.
Значи единствената корисна кампања пропадна во вода комплетно, затоа што не се контролира како се користат Македонските брендови. Браво за ИМЛЕК ги бива за бизнис.
Мене сега ме интересира има ли македонски млека на пазарот кои можат да се купат било каде, во било која продавница.
Дајте луѓе да размислеме дали Македонското-Битолско млеко е всушност од шталите на измачените наши сточари или сосема друго, кое се продава како наше!
Знаете сепак се сожалувам со нашите сточари, и ако ништо друго неможам да им помогнам, барем би сакал да купувам млеко откупено од нивните штали.