Сакам да знам!

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира дали може да ја добијам домашната адреса на некоја личност, преку нејзиниот домашен број? И како може?

пс. Не станува збор за ништо манијачки, спремам изненадување на некого, а немам адреса...
Јави се на 188 и слушај ги инструкциите.

Децава никогаш бе не ѕвонеле на информации за да бараат нечиј број на нечиј симпатија.:icon_lol:

И не туку ми отварајте теми за се и свашта. Имате тема САКАМ ДА ЗНАМ! Таму се поставуваат вакви прашања. А и мислењево е преместено таму/тука.
 
Во ред, фала. Ја сум од тие старомодните, затоа :)
 
Ako mislish na sportsdirekt DA original se. Jas redovno kupuvam nekolku godini.
Мислам за спортсдирект и знам дек се оргинал;), но муабетов е за друга страница. Впрочем пости некој/некоја социјална страница на ФБ со име Спорт Дирекшн која продава патики и тренерки, па за неа прашуваше, недоразбирање.
Ако си чул за неа можиш да му одговориш.
 
незнам дали е најсоодветно тука да го поставам прашање но како и дае..
имам еден проблем...чекам писмо од Бугарија веќе две недели дали знае некој или е упатен како може да се дознае дали влегло во државава писмо наменето за мене? некој совет препорака?
фала однапред
 
Ме интересира дали може да ја добијам домашната адреса на некоја личност, преку нејзиниот домашен број? И како може?

пс. Не станува збор за ништо манијачки, спремам изненадување на некого, а немам адреса...
Можеби каснам но во секој случај ќе се најде некогаш линков http://imenik.telekom.mk/ . Може да се пребарува по телефонски број за да ги дознаеш податоците освен ако нема забрана за давање на податоци.
 
другари и другарки,
која е процедурата што треба да ја направам по изгубена лична карта?
Каде треба да ја одјавам?
Колку се плаќа?
Треба ли да лажам дека не ми е изгубена во случај да ме опрчат некаква казна...
:(
 
ШТО АКО ЈА ЗАГУБАМ ЛИЧНАТА КАРТА?

  • Ќе пријавите дека сте ја загубиле, во органот на Министерството за внатрешни работи кој Ви ја издал личната карта.
  • Ќе пополните изјава.
  • Ќе поднесете барање за издавање нова лична карта до органот на Министерството за внатрешни работи кој Ви ја издал загубената лична карта.
  • Ќе ја огласите за неважечка во „Службен весник на РМ„ на свој трошок.
ЗАПОМНЕТЕ:

Ако ја пронајдете загубената лична карта, веднаш мора да му ја предадете на органот на Министерството за внатрешни работи кој ја издал.

ПОД КОИ ОКОЛНОСТИЌЕ ПОДЛЕЖИТЕ НА ПЛАЌАЊЕ ПАРИЧНА ГЛОБА ?

ЌЕ ПЛАТИТЕ ГЛОБА ВО ИЗНОС ОД 20 до 80 ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ АКО :

  • имате повеќе од една лична карта;
  • сте наполниле 18 години, а немате лична карта;
  • поднесете лажен извод од матичната книга на родените;
  • се служите со лична карта чиј рок на важеење и истечен;
  • не поднесете барање за замена на личната карта 30 дена пред да и истече рокот на важење или пак во рок од 15 дена откако службеното лице на Министерството за внатрешни работи ве упатило да ја замените оштетената или дотраената лична карта;
  • не поднесете барање за замена на личната карта при промена на местото на живеење и при промена на личното име;
  • му ја дадете личната карта на друго лице да се послужи со неа како да е негова и ако се послужите со туѓа лична карта како да е Ваша.
  • нема да ја предадете старата лична карта на МВР заради поништување
ЌЕ ПЛАТИТЕ ГЛОБА ВО ВИСИНА ОД 30 ЕВРА ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ АКО:

  • Не ја носите личната карта со себе и ако одбиете да му ја покажете на службено лице на Министерството за внатрешни работи кое е овластено со закон да Ве легитимира (да побара да му покажете лична карта).
На сајтот на МВР ги имаш сите информации, не сум имал вакво искуство за да ти кажам дали се плаќа казна ама на сајтот нема никаква напомена дека губењето на Л.К. подложи на глоба.
 
На сајтот на МВР ги имаш сите информации, не сум имал вакво искуство за да ти кажам дали се плаќа казна ама на сајтот нема никаква напомена дека губењето на Л.К. подложи на глоба.
Фала ти ептен. Да си жив и здрав.
heart%2Bemoticon.png
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom