blue ladybug
Фанг ловер
Јас оваа што си ја правам, е цезар на мој начин. Оригиналниот ако го сакаш, прогуглај го.Знае некој да ми каже рецепт за цезар салата ви благодарам однапред![]()
- Неколку листа марула, сецкани ситно
- 1-2 варени јајца, сецкани на коцки
- 1 помал патлиџан, сецкан на коцки
- 100 грама пченка, варена или од конзерва(може и без ова)
- 1 парче стек, сецкан, па запржен во малку масло
- Неколку маслинки
- Можеш и млад кромид да си ставиш
Сос за салатата
- Лажица мајонез, павлака и сенф
- Лимон
- Суви зачини, копар, оригано, босилок
- 2-3 Рендани кисели краставички(опционално)
- Сол и црн бибер
Во сосот можеш да варираш со количините на состојките, зависи како тебе ти е најслатко.
Ќе си ги ставиш сите состојки во еден сад, ќе ги промешаш. Врз нив ќе си го полиеш сосот. И на здравје да си јадиш.
