Kazete mi dali ima mnogu od matetematika ?
Извини не бев во можност веднаш да одговорам па вака ќе се обидам сега, ако ти треба информацијата сеуште. Значи математика има само прва година, два семестри и за оние кои учеле математика велат лесно било, ништо страшно, за оние кои не учеле се што треба се едно 200 евра за дополнителни часови пред секој колоквиум и се е решено, јас веќе мислам и имам пишувано за математиката, ја положив од втора, не ми беше лесно бидејќи доаѓав од средно уметничко каде матеатика непара има, но положив битно, а тоа е многу големо олеснување бидејќи јас како најголем баук за математика положив, па што праиме со другите

Физика има, нацртна геометрија исто така, но се тоа е одлично објаснето од страна на професори и асистенти така да нема да имате мака.
Ви посакувам среќа на сите идни студенти на Архитектонски, знајте прва е најлесно, после доаѓа тешкото.
Оние кои се двоумат за продолжување, јас престанав после интермедијалниот и да ви кажам дури деновиве некако осеќам жал, кога наместо да спремам магистерска теза јас сремам проект на работа, уживајте си колку што можете повеќе на факултет, работата не ни бега, јас имав други причини поради кои го напуштив факултетот после 3та година, да се вратам сега би го направила истото, но по една година би се вратила, а сега речиси 3 години подоцна е поинаку, желбата згаснала и се бара поинаква опција, би рекла полесна некоја
