За притисокот на САД за и околу името, наидов на еден гејски текст , па помислив дека би бил интересен за тука, за да ги видиме нивните гледишта на целава работа.
Како Џ. Буш ја зачини македонската салата со нафта.
Две нешта сакаше да направи администрацијата на Буш во последната година на својот мандат. За едното од нив во Грција се потроши многу мастило и продолжува да се пишува, оти тоа има врска со проблемот за името Македонија . За Вашингтон двете јасно поставени цели за оваа година се:
- инсталирање на антибалистички ракети во земјите од бившиот Варшавски договор, Полска и Чешка;
- и финализирање на процесот на проширување на НАТО со присоединувањето кон него на Грузија, Украина, Македонија, Албанија и Хрватска.
Може да се тврди, дека Буш успеа да се справи со поставувањето на противракетниот штит . Но, до проширувањето на НАТО, сигурно е, дека американците се принудени да си ги ревизираат плановите . Во крајна сметка “Грузија” го натера Вашингтон сериозно да се замисли над можностите на Москва.
Русија докажа, дека е во состојба да го чува под контрола својот “двор”. Во таа смисла американските планови за вклучувањето на Грузија и на Украина во НАТО засега се неостварливи..
Не случајно договорот меѓу Вашингтон и Варшава за постава на американски ракети во Полска беше подпишан во разгорот на кризата во Грузија. Со подпишувањето Вашингтон реално и’ го призна правото на Москва дека го има последниот збор по однос на Грузија.
Април во Букуреш , Владимир Путин не беше тој, којшто го спречи членството на Македонија, туку Костас Караманлис. Наложеното од него вето изродија два сериозни проблема за американската администрација: отвори сериозна “дупка” во натовските планови во регионот,зошто територијата на Македонија се смета за клучна по однос на трасата на нафтоводите, претставувајќи ги американските интереси на Балканите. Од друга страна грчкото вето ја натера администрацијата на Буш да се зафати активно во тешкорешавачкиот спор меѓу Атина и Скопје за името на Македонија. Искусни грчки дипломати сметаат, дека Вашингтон ќе го засили притисокот и ќе ја натера владата во Скопје да го прифати дефинираниот од грчката влада компромис по тој спор. А тоа имено, да се користи едно име за секаква употреба, и кое ќе го содржи зборот Македонија. Оптимизмот односно можностите за постигање компромис за името, при тоа до декември, сосема не е неоснован.
За Вашингтон членството на Македонија во НАТО е дел од американскиот план за контрола над нафтоводите на територијата на таа држава. Во исто време не бил никаков симптоматичен фактот, дека во разгарот на кризата во Грузија Москва изпрати за ратифицирање до грчкиот парламент договор за гасоводот “Јужен поток”.
Но дури и Вашингтон да процени, дека треба да изврши притисок врз власта во Македонија за компромис со Атина, се поставува прашањето зошто Никола Груевски да се согласи на таков компромис малку пред заминувањето од власт на сегашната американска администрација и да не си остави време, за да ги сондира намерите на новата управувачка екипа во Вашингтон? Уште повеќе, по се изгледа , дека и дури спорот за името да се реши, во најскоро време тој ќе донесе по себе си и други прашања.
Сигнали за тоа веќе беа изложени во писмата, испратени од раководството во Скопје до Атина и до меѓународните организации, во коишто јасно беше формулирано барањето за признавање на “македонското малцинство” на територијата на Грција. А тоа значи, дека дури проблемот за името да биде решен, на масата за преговори меѓу двете страни уште долго ќе останат и други спорови, коишто ќе течат на сметка на американско-рускиот натпревар за контрола над нафтените и гасоводни траси на Балканот.