Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Епа ако сакаш да донираш можеш преку paypal. http://www.graphicartmarket.com/J/index.php/fund-us на странава ќе кликнеш на тој од лева страна и ќе ти се отвори paypal страната за донации. Мислам дека ова е тоа, а ако знаеш повеќе за тоа би те замолил да објаснишАко успеете да направите да може да ви се праќат донации од кредитни картички можеш да пишеш овде на темата
браво, само напред дечки, како шо имаш раскажано на кратко ме бендисва играта и баш ме заинтересира, ако излези ММО/ММОRPG ќе биди топ игрицаДечки баш ми е мило што овде ќе ја започнам дискусијата за оваа игра. Играта RUST е почната во изработка пред точно 1 недела. Знаете дека повеќето Indie игри започнуваат со работа без буџет, така и оваа игра. RUST не е обично во превод 'рѓа, туку тоа е кратенка R.U.S.T. што значи Rebel Underground Society of Tharsis во превод Бунтовничко Подземно Друштво на Тарсис. Тарсис е град на планетата Марс.
Всушност целата сторија започнува така што денешните научници веруваат дека 50 000 годинин наназад имало можност на Марс да постои живот. Така RUST се одвива во тоа време. Така кажано му се ближи крајот на животот на Марс. Атмосферата на Марс се повеќе и повеќе се згуснува од загадувачи од војна и индустријата. The Achumoch Империјата на Тарсис, кои веруваат дека се вистински владетели на Марс, го поробиле населението на Марс кое било принудено да копа скапоцена руда која се наоѓа длабого под вулканските региони на планетата. Работата е опасна, а жртвите се се почести. Рударската операција ја разгорува Империјата и го бута нејзиниот пораст, како и уништувањето на планетата.
Главниот лик(играч) ја започнува играта како дел од отпорот, група наречена R.U.S.T.(Rebel Underground Society of Tharsis). Како главен лик можете да изберете од 5 различни раси(петата раса е во изработка): The Achumoch, The Ra'ak, the Chryyk, and the Telepsyonians.
Целта на R.U.S.T. е да се спречи Achumoc империја од уништување на последните природни ресурси на Марс. Дали играчот ќе му помогне на Друштвото или на Achumoch империјата останува на него да одлучи...
Играчот има масивен отворен свет на животната средина да истражува со стотици локации. Следете ја главната приказна или издлаби го својот пат во Марсовиот пејзаж.
Тоа беше приказната за играта, но тоа не е се, ова е само почеток, така да, има уште многу работи кои ќе ги сретнете понатаму.
Жанрот на играта е главно RPG Sci-Fi(Научна Фантастика). Но можно е да биде мешавина на RPG-FPS.
Изработката на играта е започната пред точно една недела, па затоа чувстувајте се слободно да дадете добри и сугестивни коментари.
Ако сакате да дознавате се повеќе за играва, продолжете да не следите
Од играта толку имам да ви кажам, а сега ако ме прашате како јас работам на оваа игра, тоа е баш долга приказнаНо сепак се започна на deviantART. И така мојот сон беше да креирам игра, па еве ме
Се надевам дека ќе дојдам до некој степен со моето знаење...
Фактички јас работам како 3D Modeler, но од време на време правам и други работи, но сите знаете дека Indie Games Развивачите разменуваат знаење за се и сешто, нема некои големи правила, се едноставно, нема рок, до кога треба тоа и тоа да се направи. Секој си ја работи својата работи, си разменува свое мислење и се така убаво ќе си поминеНормално е тоа нели
Првото играта ќе биде како Single Player, а можно е поната да биде како - Single-Player-RPG sets the stage for an MMO (што мислите ?)
Во ред еве неколку линкови околу играта:
-Логото кое го направив за играта вчера:
v1: http://i.imgur.com/9200y.jpg
v2: http://i.imgur.com/bZmj6.jpg
v3 without MARS: http://i.imgur.com/JSvFO.jpg
-Линк од страната за играта (ќе има да одберете 2 опции дали да идете на страната или на форумот, идете на страната бидејки форумот не е достапен за обични корисници, само за развивачите):
http://www.graphicartmarket.com
Моето портфолио:
www.examplefx.deviantart.com
www.youtube.com/DeltaXchannel
www.executex.comyr.com
www.facebook.com/eXecutexx
Епа ако сакаш да донираш можеш преку paypal. http://www.graphicartmarket.com/J/index.php/fund-us на странава ќе кликнеш на тој од лева страна и ќе ти се отвори paypal страната за донации. Мислам дека ова е тоа, а ако знаеш повеќе за тоа би те замолил да објаснишФала однапред
![]()
Не знам ништо повеќе сигурно отколку што вие знаете, а во врска со ПејПел не бива затоа те прашав дали можете да најдете некој начин да може донации да се вршат и преку кредитни картички како Виза и мастеркард за да можам и јас и другите да донираат бидејки во Македонија нема ПејПел
Хаха, Уште не сме одлучиле...Ќе биде симулатор или онлајн? - Уште по важно што од бунарите на знаењето излегуваат македонци...
нешто новитети, како тера работата?
дај нешто кажи да се порадваме![]()
![]()
Мислам дека колку и да се “развиете“ да не го напуштате unreal енџинот. Пошто верувам дека колку и да сте јаки не сте unrealХехе, нема некои новости околу играва, јас бев на одмор една недела, тек пред 2 дена продолжив со работа... Башка денес ми е прв ден во школоСепак не ја оставам работава...
Околу новитетите.. Како што прочитавте, има 5 игриви раси. Сите тие 5 раси ќе може да бидат прилагодувани/customizable(тоа е нормално)
Секоја од расите ќе има посебна приказна. Главната приказна ќе биде поврзана со сегашноста(за ова незнам дали така ќе биде точно...)
Играта ќе биде изработувана во unreal engine.. Но со текот на времето (ако најдеме програмер) Ќе направиме свој engine...
Со текот на времето регистрирајте се на форумов - http://www.graphicartmarket.com/forums/index.php
Ако имате некои предлози и сл. постирајте на форумот...
Со текот на времето ќе пробам да ве известувам за некои работи... А исто така тие известувања ќе бидат поставени и на нашиот форум![]()
Се супер по ова шо прочитав ама ќе да имате проблем со сајтот а ?404 ми вади
Сајтот моментално е даун, али се надеваме дека ќе се среди у скоро време.